Карл Харер
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Карл Харер (8 октомври 1890 - 5 септември 1926) бил германски новинар и политичар, еден од основачите на Германската работничка партија (Deutsche Arbeiterpartei, DAP; ДАП) во 1919, којашто подоцна била преименувана во Национал-социјалистичка германска работничка партија (Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei, NSDAP; НСДАП).
Харер бил член на десничарската организација т.н. Thule-Gesellschaft. Добил наредба да основа „Политички работнички округ“ (Politischer Arbeiterzirkel), што го направил заедно со Антон Дрекслер во октомври 1918. На 5 јануари 1919, ова довело до основањето на Германската работничка партија, во што биле вклучени и Готфрид Федер и Дитрих Екарт, покрај Харер и Дрекслер.
Харер станал првиот претседател на партијата. Неговите планови да ја одржува партијата како тајно друштво се судриле со оние на Адолф Хитлер, кој неодамна се приклучил на партијата. Кон крајот на 1919, нивното ривалство станало повеќе од очигледно. Харер го обвинил Хитлер за мегаломанија и на крај се откажал од партијата и ја напуштил на 5 јануари 1920, под притисок на Хитлер. Претседателството го добил Дрекслер, а подоцна претседател станал Хитлер.
[уреди] Види исто така
| Претходник нема |
Претседател на ДАП 1919 |
Наследник Антон Дрекслер |