Готфрид Федер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Готфрид Федер (27 јануари 1883 - 24 септември 1941) бил антикапиталистички и антисемитистички економист и еден од првите клучни членови на НСДАП. Тој бил економски теоретичар на партијата. Негова заслуга е што Хитлер се приклучил кон партијата во 1919.

До Првата светска војна и основањето на ДАП[уреди]

Федер е роден во Вирцбург, Германија, на 27 јануари 1883 како син на граѓанскиот службеник Ханс Федер и Матилда Федер. По посетувањето на хуманистички училишта во Ансбах и Минхен, студирал инженерство во Берлин и Цирих. По матурирањето, основал градежна компанија во 1908, којашто била делумно активна и во Бугарија каде што изградила неколку државни градби.

Од 1917 понатаму, Федер учел финансиска политика и економија. Кај него се развило непријателство спрема богатите банкари за време на Првата светска војна и го напишал манифестот против земјопоседниците „Brechung der Zinsknechtschaft“ во 1919. По ова следело создавањето на единица за тие цели којашто се борела за национализација на сите банки и укинување на интересот.

Истата година, Федер, заедно со Антон Дрекслер, Дитрих Екарт и Карл Харер, исто така бил вклучен во основањето на Германската работничка партија (Deutsche Arbeiterpartei, DAP; ДАП), којашто подоцна ќе го смени името во Националсоцијалистичка германска работничка партија (Nationalsozialistische Deutsche Arbeiterpartei, NSDAP; НСДАП; Нацистичка партија).

Адолф Хитлер се запознал со него во 1919 година, по што Федер станал негов советник за финансии и економија. Тој го инспирирал Хитлер за неговата одвратност спрема „еврејскиот финансиски капитализам“.

Во дваесеттите години[уреди]

Во февруари 1920, заедно со Адолф Хитлер и Антон Дрекслер, Федер ги претставил своите антикапиталистички погледи и ги внел во партиската програма. Кога програмата била претставена на 24 февруари 1920, повеќе од 2000 луѓе присуствувале на собирот.

Федер учествувал во неуспешниот државен удар од 1923 година. По апсењето на Хитлер, тој останал еден од водачите на партијата и бил избран во Рајхстагот во 1924, каде што останал до 1936 и барал укинување на интересот и одземање на имотот на Евреите. Тој останал еден од лидерите на антикапиталистичкото крило од НСДАП и издал неколку есеи, вклучувајќи го и „Националните и социјалните основи на Германската држава“ (1920), „Програмата на НСДАП и светските погледи на коишто се базира“ (Das Programm der NSDAP und seine weltanschaulichen Grundlagen, 1927) и „Што сака Адолф Хитлер?“ (Was will Adolf Hitler?, 1931).

Федер на некој начин управувал со официјалните погледи на НСДАП кон финансиската политика, но подоцна станал претседател на партиското економско советништво во 1931. Неговите антикапиталистички погледи довеле до огромен пад на финансиската поддршка од главните германски индустријалисти. По притисокот од страна на неколку членови, Хитлер одлучил да ја оттргне партијата од економските погледи на Федер. Кога Хитлер станал канцелар во 1933, го назначил Федер за потсекретар во министерството за економија во јули. Ова го разочарало Федер, кој се надевал на многу повисока позиција.

За време на Нацистичка Германија[уреди]

Федер продолжил со пишувањето, издавајќи го „Борбата против високите финансии“ (Kampf gegen die Hochfinanz, 1933) и антисемитистичкиот „Евреите“ (Die Juden, 1933); во 1934 станал царски комесар (Reichskommissar).

Во 1939 го напишал „Новиот град“ (Die Neue Stadt). Предложил создавање на земјоделски градови од по 20 000 луѓе поделени во девет автономни единици, опколени од земјоделски зони. Секој град требало да биде целосно автономен и самооддржувачки; постоеле и детални планови за секојдневно живеење и урбанистички удобности. За разлика од другите теоретичари во оваа област, тој верувал дека урбани средини можат да се оформат со поделба на постоечките средини во самооддржувачки населби. Идејата за создавање на вакви парцели била популаризирана од Узо Нишијама во Јапонија.

По „Ноќта на долгите ножеви“ во јуни 1934, кога водачите на СА Грегор Штрасер и Ернст Рем биле убиени, Федер почнал да се повлекува од владата, со тоа што на крај станал професор на Институтот за технологија (Technische Hochschule) во Берлин во декември 1936, каде што останал до неговата смрт во Мурнау на 24 септември 1941.

Надворешни врски[уреди]