Хедер Локлир
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Хедер Локлир | |
Локлир на Еми наградите во 1993 |
|
| Роден(а) | Хедер Дин Локлир септември 25 1961 Вествуд, Калифорнија |
|---|---|
| Сопруг(а/и) | Ричи Самбора (1994-2007) (разведени) 1 дете Томи Ли (1986-1993) |
Хедер Локлир е американска актерка родена на 25 септември 1961.
Кратка биографија [уреди]
Хедер Локлир има четири постари сестри, а татко ѝ бил декан на универзитетот UCLA во Лос Анџелес.
Започнала да студира психологија на UCLA но, уште како „бруцош“ ја убедиле да посетува часови за глума и по неколку снимени ТВ спота решила да ги напушти студиите и да почне да глуми.
Првиот значаен момент во нејзината актерска кариера се случува во 1982 година, кога ја добива улогата на Семи Џо (Саманта Џонсон), во тогаш многу популарната серија „Династија“ (Dynasty).
Согледувајќи го нејзиниот телевизиски потенцијал, продуцентот Арон Спелинг и понудил улога во серијата „Мелроуз плејс“ (Melrose Place), во период кога серијата го губела рејтингот. Нејзиното појавување многукратно ја зголемува гледаноста и и го враќа на серијата стариот рејтинг.
За нејзината улога во оваа серија, четирипати била номинирана за наградата Најдобра ТВ глумица.
По завршувањето на снимањето на „Мелроуз плејс“, добива покана да настапува во „Лудиот град“ (Spin City), каде уште еднаш покажува дека е вистинска ТВ ѕвезда.
Била мажена за рокерот Томи Ли, од кого се развела во 1992 година.
Во 1994 се омажила за рок-гитаристот Ричи Самбора, од пратечката група на Џон Бон Џови. Со Ричи Самбора ја имаат ќерката Ава Елизабет, која е родена во 1997 година.
Надворешни врски [уреди]
- Heather Locklear на Интернет Филмската база на податоци (англиски)
- Heather Locklear on upcoming series of movies on Lifetime based on best-selling books by Nora Roberts.
- Хедер Локлир на People.com (англиски)