Александрос Зајмис
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Александрос Зајмис Alexandros Zaimis |
|
|---|---|
|
Четврти Претседател на Втора Грчка Република
|
|
| Во служба 1929 – 1935 |
|
| Претходник | Павлос Кундуриотис |
| Наследник | Георгиос Зоитакис |
|
|
|
| Во служба 4 декември 1926 – 4 јули 1928 |
|
| Претходник | Георгиос Кондилис |
| Наследник | Елевтериос Венизелос |
|
|
|
| Во служба 5 февруари 1917 – 27 јуни 1917 |
|
| Претходник | Спиридон Ламброс |
| Наследник | Елевтериос Венизелос |
|
|
|
| Роден(а) | 9 ноември 1855 |
| Починал(а) | 15 септември 1936 (на возраст од 80 г.) Виена, Австрија |
Александрос Зајмис (грчки: Αλέξανδρος Ζαΐμης) (9 ноември 1855 Атина - 15 септември 1936 бил грчки политичар, премиер на Грција (1897–1899, 1901–1902, 1904–1906) и претседател на Грција (1929–1935). Како син на Трасивулос Зајмис, кој исто така бил премиер на Грција, во политиката влегол на многу млади години. Во 1906 година бил назначен за Висок комесар на Крит. Под притисок на Антантата, тој поднесе оставка во 1917 година од функцијата премиер на Грција.
Тој во 1929 година станал четвртиот и последен претседател на Втората Грчка Република, каде на истата функција се задржал до 1935 година, кога била обновена монархијата во земјата. Починал во 1936 година во Виена, Австрија.