Герт Стегманс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Герт Стегманс

Стегманс на Четири дена Денкерк 2008
Лични податоци
Цело име Герт Стегманс
Прекар Стегелс
Роден 30 септември 1980 (1980-09-30) (33 г.)
Хаселт, Белгија
Висина 1,80 м
Маса 82 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Омега Парма-Квик Степ
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Аматерски клубови
2000
2001
2002
Мапеи-Латекско
Домо Фарм Фритес (стажант)
Домо-Латекско
Професионални клубови
2003–2006
2007–2008
2009
2010
2011–
Лото-Домо
Квик Степ-Инерџетик
Тим Катјуша
Тим РадиоШек
Квик Степ
Значајни победи
Тур де Франс, 2 етапи
Париз-Ница, 2 етапи
Последна промена
12 март 2014

Герт Стегманс (холандски: Gert Steegmans; р. 30 септември 1980 во Хаселт) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Омега Парма-Квик Степ.[1]

Кариера[уреди]

Иако Стегманс веќе бил познат во Белгија, стекнал поголема популарност надвор од Белгија како помошник на Роби Мекјуан на две етапи во текот на Тур де Франс 2006.

На втората етапа на Тур де Франс 2007, возач на Ликвигас паднал во последните три километри предизвикувајќи верижен пад. Околу 20 возачи го блокирале целиот пат, оставајќи само триесетина возачи да спринтаат за победа, која на крајот на остварил Стегманс во неговата родна земја пред неговиот сонародник и колега Том Бонен, која ја преземал зелената маичка, завршувајќи втор на етапата.

На 6 јули 2008 било објавено дека Стегманс потпишал двегодишен договор со Тинкоф Кредит Системс.[2] На Тур де Франс ја освоил престижната етапа на Шанзелизе. Подоцна, екипата Тинкоф се распаднала под тое име и управата и возачите се приклучиле на Тим Катјуша.

Стегманс ги полнел весниците со недели пред Тур де Франс 2009 поради одбивањето да го потпише договор за анти-допинг, кој Тим Катјуша го наметнала на сите возачи. Договорот предвидувал дека доколку возачот биде фатен на позитивен тест за допинг ќе треба да плати казна во висина од пет пати од неговата годишна плата. Стегманс опстојувал во неговото одбивање, дури и по дадениот ултиматум од екипата, поради што не бил избран во составот на Катјуша за Тур де Франс.[3] Катјуша и Стегманс го раскинале договорот на 5 август откако Стегманс продолжувал да одбива да го потпише договорот за анти-допинг.[4] Тим РадиоШек објавиле дека ќе биде нивен член во 2010[5] почнувајќи од Тур Даун Андер на крајот на јануари.[6]

На 7 март 2010 во текот на хронометарот на Париз-Ница, се повредил за време на вртушка, при што ја скршил клучната коска.[7]

Стегманс е оженет со поранешната манекенка и презентерка на Тур де Франс, Лаура Летурги,[8] и имаат едно дете, ќерката Мелја (р. 6 јуни 2011).

Достигнувања[уреди]

1996
1. MaillotBélgica.PNG Национални друмски првенства под 17 години
1998
1. MaillotBélgica.PNG Национални хронометарски првенства под 19 години
2000
4. ГП Вилереви
7. Хаселт-Спа-Хаселт
2002
1. MaillotBélgica.PNG Национални хронометарски првенства под 23 години
1. Зесбергенпрејс Харелбеке
8. Хаселт-Спа-Хаселт
2003
8. Трка околу Аеродромот Келн/Бон
2004
5. ГП Јеф Шеренс
2005
1. Национале Слуитингспрејс
1. Етапа 1 Тур де Пикарди
6. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
2006
1. Етапа 2 Тур де Пикарди
1. Етапа 3 Четири дена Денкерк
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 3
1. Етапа 4
3. Шелдепрејс
5. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 5
6. Доха ГП
6. Омлоп Хет Волк
6. Курне-Брисел-Курне
2007
1. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Тур де Рејке
1. Етапа 2 Тур де Франс
1. Етапа 1 Волта ао Алгарве
1. Етапа 3 Три дена Де Пане
1. Етапа 4 Четири дена Денкерк
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Катар
3. Шелдепрејс
5. Курне-Брисел-Курне
2008
Париз-Ница
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 21 Тур де Франс
1. Етапа 2 Четири дена Денкерк
1. Меморијал Рик ван Стенберген
1. Трофео Калвија
1. Профронде ван Фрисланд
1. Хале-Ингоигем
2. Париз-Брисел
3. Трофео Кала Милор
4. Трофео Мајорка
2009
1. Етапа 2 Вуелта а Андалусија
1. Трофео Мајорка
2010
3. Париз-Тур
4. Бинше-Турне-Бинше
8. Фландриско првенство
9. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
2011
1. Нокере Курсе
10. Краен пласман Трка околу Катар
2012
4. Краен пласман Трка околу Катар

Наводи[уреди]

  1. „Омега Парма-Квик-Степ Сајклинг Тим (OPQ) – БЕЛ“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=Mg&RefDate=08.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. конс. 8 јануари 2013. 
  2. AFP: Gert Steegmans to ditch Quick.Step for Tinkoff
  3. Стоукс, Шејн (22 јуни 2009). „Стегманс нема да го потпише анти-допинг договорот на Катјуша“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/news/steegmans-wont-sign-katushas-anti-doping-agreement. конс. 22 јуни 2009. 
  4. Cycling News (5 август 2009). „Стегманс и Катјуша го раскинаа договорот“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/news/steegmans-katusha-dissolve-contract. конс. 6 август 2009. 
  5. „RadioShack Cycling announcements continue“. http://www.bikeworldnews.com/index.php/2009/08/26/radio-shack-cycling-announcements-continue/. конс. 27 септември 2009. 
  6. Грегор Браун (14 ноември 2009). „Armstrong in Bruyneel's early Tour Down Under team selection“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/news/armstrong-in-bruyneels-early-tour-down-under-team-selection. конс. 14 ноември 2009. 
  7. Белгиски возач во несреќа на вртушка“, „BBC News“, 7 март 2010 (конс. 3 мај 2010).
  8. „Beauté du Tour: Laura Leturgie“. Le Blog de l'Ardoisier. 31 октомври 2009. http://21virages.free.fr/blog/index.php?post/2009/10/19/La-miss-de-la-semaine-%3A-Laura-Leturgie. конс. 2 јули 2012. 

Надворешни врски[уреди]