Димитар Талев
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Димитар Талев | |
| Македонски и бугарски писател | |
| Роден | 1 септември 1898 Прилеп, Отоманска Империја (Денес во Република Македонија) |
|---|---|
| Починал | 20 октомври 1966 Софија, Бугарија |
Димитар Талев (бугарски: Димитър Талев) бил бугарски писател со потекло од Македонија. По доаѓањето на комунистите на власт во Бугарија, тој е затворен под обвинение дека ширел великобугарски шовинизам. Ослободен во 1948 година тој продолжува да живее и работи во Бугарија. Умира на 20 октомври 1966 год. во Софија. Признаен е за еден од класичните бугарски автори од 20 век[1], а во 2009 година неговиот роман „Железниот светилник“ е избран на 4 место од 12 наjсакани книги од бугарските читачи.[2]
Димитар Талев беше славен од УНЕСКО во 1998 за придонес кон светската култура.
Содржина |
[уреди] Творештво
[уреди] Романи
- „Железниот светилник“ (бугарски: „Железният светилник“) 1952)
- „Илинден“ (бугарски: „Илинден“) (1953)
- „Преспанските камбани“ (бугарски: „Преспанските камбани“) (1954)
- „Самоил“ (бугарски: „Самуил“) (1958)
- „Хилендарскиот монах“ (бугарски: „Хилендарският монах“)
- „Гласовите ви ги слушам“ (бугарски: „Гласовете ви чувам“) (1966)
[уреди] Извори
- ↑ "Речник по нова българска литература", Българска академия на науките, Институт за литература, София, 1994, стр. 367-370. (бугарски)
- ↑ Страница на Бугарската национална телевизиjа, проект Големото читање. (бугарски)
[уреди] Надворешни врски
- Младен Србиновски Тангентални доближувања до Димитар Талев (македонски)
- Железниот светилник, Преспанските камбани, Илинден, Гласовите ви ги слушам (бугарски)
- Celebration of anniversaries with which UNESCO was associated since 1996 (англиски)
- Виктор Цветаноски, "Македонците крем на бугарското општество" (6), "Димитар Талев се крепеше од љубовта спрема Македонија", "Утрински весник", број 2862, понеделник, 15 декември 2008.