Сузан Валадон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сузан Валадон
НационалностФранцузинка
Познат(а) поСликарка

Сузан Валадон (23 септември 18657 април 1938) била француска сликарка. Во 1894 Валадон станала прва жена сликар која била примена во Националното Друштво на Уметниците.

Нејзиниот живот[уреди | уреди извор]

Пијачка - Портрет на Сузан Валадон од Анри де Тулуз-Лотрек.

Родена како Мари-Клементин Валадон во Бесин-сир-Гартемп, Горна Вјена, Франција, како ќерка на немажена перачка, Сузан Валадон станала циркуски акробат на возраст од 15 години, но една година подоцна, паднала од трапез што значело и крај на нејзината циркуска кариера.

На Монмартр во Париз почнала да се интересира за уметноста, прво работејќи како модел на познатите сликари кои биле привлечени од нејзината појава и убавина. На тој начин била во можност внимателно да ги гледа и да ги набљудува сликарските техники. Потоа и самата почнала да работи како сликар.

Таа им била модел на познати сликари како Анри де Тулуз-Лотрек (којшто и давал и часови по сликање), Реноар, и Пјер Пувис де Шаван, и се знае дека на последните двајца им била љубовница. Едгар Дега бил импресиониран од нејзиното цртање и ја поттикнувал во нејзината работа како сликар.

Нејзиното дело[уреди | уреди извор]

Сузан Валадон сликала мртва природа, букети и пејзажи со извонредна силина на композиција и треперливи бои. Таа исто така е позната и по своите акти. Првите изложби во почетокот на деведесеттите години од 19 -от век содржеле главно портрети меѓу кои и оној на Ерик Сати со кој била во љубовна врска во 1893. Во 1894, Сузан Валадон била првата жена примена во Друштвото на уметниците. Како перфекционист, таа повеќе години работела на своите дела пред да ги изложи.

При крајот на животот, Сузан Валадон била пријателски поврзана со сликарот Татарот Гази.

Умрела на 7 април 1938, во друштво на нејзините пријатели сликари Андре Дерен, Пабло Пикасо и Жорж Брак.

Денес нејзините дела се изложени во центарот Жорж Помпиду и во Музејот на Уметноста Метрополитен во Њујорк.

Портрети и слики со Сузан Валадон[уреди | уреди извор]