Алфредо Краус

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Алфредо Краус (шпански: Alfredo Kraus) (Лас Палмас, 24 ноември 1927 - 10 септември 1999 Мадрид) е шпански тенор, еден од најголемите лирски тенори на сите времиња. Неговиот исклучително благороден глас, перфектната техника, стилот, шармот и страственоста во интерпретацијата на улогите, како и исклучителниот интелект, култура и наобразованост, го вбројуваат во најмаркантните појави на оперската сцена на минатиот век. Ќе остане запаметен по леснотијата во пеењето во високиот регистар, неверојатниот метал и звучноста на гласот, кои ќе му овозможат да стане ненадминат интерпретатор на екстремно тешките партии на Артуро во „Пуританци“, Ернесто во „Дон Пасквале“, Едгардо во „Лучија ди Ламермур“, Војводата од Мантова од „Риголето“ и Вертер од истоимената опера.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици