Бијонсе Ноулс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бијонсе Ноулс
Beyoncé Knowles
I Am... Tour 37.jpg
Основни податоци
Родено име Бијонсе Жизел Ноулс
Роден(а) 4 септември 1981 (1981-09-04) (33 г.)[1]
Потекло Хјустон, Тексас, САД
Жанр(ови) R&B, поп
Занимање/ња пејач-текстописец, актерка
Инструмент(и) волак
Години активност 1997–сега
Прод. куќа/ќи Columbia Records
Сродни групи Destiny's Child
Веб-место BeyonceOnline.com Autograph Beyonce.jpg
потпис

Бијонсе Жизел Ноулс (англиски: Beyoncé Giselle Knowles), родена на 4 септември, 1981 година, најдобро позната само како Бијонсе, е американска Р&Б пејачка, текстописец, продуцент, актерка и моден дизајнер. Родена и израсната во Хјустон, Тексас, таа била зачленета во различни школи за сценски уметности и уште од мала била изложена на натпревари по пеење и танцување. Ноулс станува славна во доцните ‘90ти како главен вокал на женската група Дестинис Чајлд.

За време на паузата на Дестинис Чајлд, Ноулс го издаде својот прв соло албум, Dangerously in Love, во јуни 2003 година. Dangerously in Love ги создаде број-еден хитовите: „Crazy in Love“ и „Baby Boy“. Албумот стана еден од најуспешните албуми таа година. Тој ѝ донесе на Ноулс пет Греми награди во 2004 година и неговиот прием ја докажа нејзината изводливост како соло артист. Растурањето на Дестинис Чајлд во 2005 година го олеснија нејзиниот постојан успех: таа го издаде својот втор соло албум, B'Day, во 2006. Албумот се искачил на првото место на табелата Билборд 200 и од него произлегле сингловите „Irreplaceable“ и „Beautiful Liar“. Нејзиниот трет соло албум, I am… Sasha Fierce, беше издаден во ноември 2008 година и ги вклучува хитовите: „If I Were a Boy”, „Single Ladies (Put a Ring on It)“ и „Halo”. Албумот ѝ донел шест награди на 52рите Греми Награди, со што го срушила рекордот на најмногу освоени Греми Награди од женски артист за една ноќ.[2][3]

Успехот на нејзините соло албуми ја оформи Ноулс како еден од најпродаваните артисти во музичката индустрија. Таа ја започна својата актерска кариера во 2001 година, појавувајќи се во мјузиклот Кармен: Хип Хупера. Во 2006 година, ја играше главната улога во филмската адаптација на мјузиклот од Бродвеј, Dreamgirls, за кој заработила две номинации за Златен Глобус. Во 2004 година, Ноулс ја лансираше својата семејна модна линија, House of Deréon, и беше ангажирана да потпише брендови како Песпси, Томи Хилфигер, Армани и Лореал. Во јуни, 2010, Ноулс била рангирана на второто место на списокот на 100 Најмоќни и Највлијателни познати луѓе во светот од Форбс,[4][5] и на првото место на нивниот спусок на Намочни и Највлијателни музичари во светот.[6]

Ноулс има добиено многу награди и пофалби. Таа е една од најпочестените артисти на Греми Наградите и трета меѓу женските артисти,[7] со 16 Греми Награди[8] – 13 како соло артист и 3 како член на Дестинис Чајлд.[9] Ноулс била рангирана на четвртото место на декадата од 2000тите од Билборд[10] и била вклучена како една од најуспешните женски артисти на декадата, како и топ радио артист на декадата.[11] Американската Снимачка Индустриска Асоцијација (RIAA), исто така ја ранкирала Ноулс меѓу првите сертифицирани артисти на декадата.[12][13] Ноулс има продадено повеќе од 118 милиони плочи низ целиот свет, од кои 11.2 милиони албуми и 25 милиони синглови има продадено само во САД од мај, 2010. Од септември, 2009, таа продала 75 милиони албуми ширум светот, со што станала еден од најдобро продаваните музички артисти на сите времиња.[14]

Живот и кариера[уреди]

1981–1996: Ран живот и почетоците на кариерата[уреди]

Ноулс е родена во Хјустон, Тексас, ќерка на Метју Ноулс, успешен менаџер, и Тина Бијонсе, костимограф и стилист за коса. Таткото на Ноулс е Афро-Американец а мајката од креолско (афро-американско, американско и француско) потекло.[15] Бијонсе е крстена по моминското име на мајка ѝ како почит кон неа и за да не застари името, бидејќи само малку машки во семејството го носат тоа име.[15] Нејзините баба и дедо од мајчина страна, Лумиз Алберт Бијонсе и Агнез Дереон, се од Луизијана Креоле, каде францускиот е официјален јазик. Таа е постарата сестра на Соланж Ноулс, пејачка-текстописец и актерка.

Бијонсе се образувала во основното школо St.Mary во Тексас, каде била посетувала часови по танц, вклучувајќи балет и џез. Нејзиниот пејачки талент бил откриен кога нејзиниот инструктор по танцување почнал да мрмори некоја песна, и таа ја довршила, достигнувајќи ги високите тонови.[16] Иако срамежлива девојка, за каква што ја сметала нејзината мајка, интересот на Ноулс за музика и изведување почнал неочекувано по учествувањето во едно училишно шоу за таленти. Откако доживеала момент на сцената, таа го надминала својот срам и сакала да стане пејач и изведувач. На седумгодишна возраст, таа учествувала на своето прво шоу за таленти, пеејќи ја „Imagine” од Џон Ленон. Таа победила на натпреварот и била почестена со овации.[17][18] Уште на таа возраст, Ноулс почнала да добива внимание од медиумите и била спомената во локалниот весник Houston Chronicle како номирана за локалната награда за сценски уметности- The Sammy.[19]

Есента, 1990 година, Ноулс се запишува во училиштето Parker, привлечно музичко школо во Хјустон, каде што би изведувала на сцена со школскиот хор.[16] Таа исто така ја посетувала и Високата Школа за Сценски и Визуелни Уметности во Хјустон,[20] а подоцна во средното школо Alief Elsik.[15][21] Ноулс била солист во хорот на нејзината црква, во St. John’s United Methodist Church.[16] Но, во хорот издржала само две години, бидејќи била преокупирана со нејзината новооткриена кариера.[22]

На осумгодишна возраст, Ноулс се запознала со ЛаТавија Роберсон на аудиција за женска група.[23] Тие, заедно со другарката на Ноулс, Кели Роуланд, биле сместени во група којашто изведувала рап и танцување. Првично именувани каоо Girl’s Tyme,[16] со текот на времето се намалиле на шест членки. Со Ноулс и Роуланд, Girl’s Tyme привлекувале публика на државно ниво. Ритам и блуз продуцентот од западниот брег, Arne Frager, долетал до Хјустон, да ги види. Потоа ги однел во неговото студио- The Plant Recording Studios[16] – во Северна Каролина, ставајќи го во преден план вокалот на Бијонсе, бидејќи мислел дека таа има личност и моќ за пеење. Како дел од напорите за Girl’s Tyme да потпишат договор за голема продуцентска куќа, стратегијата на Фрагер вклучувала нивно дебитирање во Star Search, најголемото шоу за таленти на националната ТВ во тоа време.[16] Girl’s Tyme учествувале во натпреварот, но изгубиле, бидејќи, како што самата Ноулс признава, песната што ја пееле не била добра.[24][25] По овој пораз, Ноулс го доживува првиот „професионален неуспех”, но потоа повторно ја вратила самодовербата откако дознала дека и поп ѕвездите Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк го имале истото искуство.[16]

За да управува со групата, таткото на Ноулс (кој во тоа време бил продавач на медицинска опрема), во 1995 година, дава отказ од својата работа.[26] Тој го посветил своето време и воспоставил „логор” за нивно обучување.[27] Овој потег ги намалил приходите на семејството Ноулс на половина и поради големиот притисок нејзините родители се разделиле.[15] Кратко по вклучувањето на Роуланд, Метју го намалил првичниот состав на четири, со доаѓањето на ЛеТоја Лукет во 1993 година.[23] Вежбајќи во салонот на мајката на Ноулс -Tina’s Headliners Salon, групата продолжила да настапува како предгрупа на многу веќе докажани ритам и блуз групи во тоа време; Тина придонесла во процесот со дизајнирање на нивните костими, што продолжила да го прави низ целиот Дестинис Чајлд период. Со постојаната поддршка на Метју, тие оделе на аудиции во продуцентски куќи, пред конечно да потпишат за Elektra Records, за на крај да бидат отфрлени само неколку месеци пред да можат да издадат албум. Ова ја разделило нејзината фамилија и нејзините родители биле накратко разделени кога таа имала 14 гофини. Во 1996 нејзината фамилија повторно се вратила заедно и девојките потпишале договор со Columbia Records.[17]

1997–2001: Периодот на Дестинис Чајлд и депресијата[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Destiny's Child.
Ѕвезда на Destiny's Child на Hollywood Walk of Fame.

Земајќи инспирација од извадок од Книгата пророк Исаија, во 1993 год., групата го менува името во Дестинис Чајлд (Destiny’s Child). Заедно тие настапуваат на локални случувања, и по четири години на пат, во 1997 год. потпишуваат за Columbie Records. Истата година, Дестинис Чајлд го снимија својот поголем деби сингл “Killing Time” за саундтракот на филмот Men in Black.

Наредната година, групата го издаде својот истоименуван деби албум, кој им го донесе нивниот прв поголем хит “No, No, No”. Со овој албум групата се докажа како способен изведувач во музичката индустрија, кој остварува умерени продажби и има освоено три награди Soul Train Lady of Soul за најдобар р&б/соул сингл за “No, No, No”, најдобар албум на годината, и најдобар нов р&б/соул или рап изведувач. Сепак, групата постигна вистинска слава откако во 1999 год. го издаде мултиплатинестиот албум “The Writing’s on the Wall”. Албумот влучува неколку од најпознатите песни на групата како “Bills, Bills, Bills”, првиот број еден сингл на групата, “Jumpin’, Jumpin’” и “Say My Name”, која стана нивната најуспешна песна во тоа време, и остана една од нивните клучни песни. Со “Say My Name” ја освоија наградата за Најдобра Р&Б Изведба од Дуо или Група со Вокали, и Најдобра Р&Б Песна на Греми Наградите во 2001 год. Албумот The Writing’s on the Wall се продаде во повеќе од седум милиони копии, албум со кој направија најголем пробив.

Заедно со нивните комерцијални успеси, групата стана заплеткана и во многу публицистички превирања вклучувајќи ги судските парници на Luckett и Roberson за прекршување на договорот. Проблемот се зголеми откако Michelle Williams и Farrah Franklin се појавија на спотот за Say My Name навестувајќи дека Luckett и Roberson се веќе заменети. Најпосле, Luckett и Roberson ја напуштија групата. По пет месеци, Franklin постепено почна да се губи од групата, како што беше очигледно по нејзините отсуства на промотивни појавувања и концерти. Нејзиното заминување таа го препиша на негативните вибрации во групата кои биле резултат на неслогата.

Откако се одлучи за конечниот состав, триото ја сними “Independent Woman Part 1”, која се појави на саундтракот на филмот од 2000 год., Charlie’s Angels. Овој сингл стана најдобар на листите, задржувајќи го врвот на официјалната американска листа- official U.S. singles chart, непрекинато цели единаесет недели. Успехот го зацврсти овој состав и го лансираше директно кон славата. Подоцна истата година, Luckett и Roberson го повлекоа случајот против новоформираниот бенд, но го остави оној против Mathew, чиј епилог беше двете страни да престанат јавно да се омаловажуваат. Третиот албум на Дестинис Чајлд, Survivor, го канализираше превирањето низ коешто поминаа, создавајќи го истоимениот главен сингл, кој беше одговор на искуството. Темите од “Survivor”, сепак, беа причина за Luckett и Roberson повторно да поднесат тужба, верувајќи дека песните биле насочени кон нив. Како и да е, судските постапки беа подмирени во јуни 2002 год. Во меѓувреме, албумот беше издаден во мај 2001 год., дебитирајќи на првото место на U.S. Billboard 200, со продадени 663,000 примероци. До денес, Survivor e продаден во преку десет милиони примероци низ целиот свет, од кои преку 40% беа продадени само во USA. Албумот создаде и други број еден хитови, како “Bootylicious”, и насловната песна “Survivor” која на групата и донесе Греми Награда за најдобра р&б изведба од дуо или група со вокали. По издавањето на нивниот празничен албум, 8 Days of Christmas, групата објави пауза за да продолжат со соло проекти.

2002–04: Развивање на кариерата и филмови[уреди]

Во 2000 год., Бијонсе потпиша договор со Columbia Records за три албуми. Додека Ноулс беше со Дестинис Чајлд имаше и соло појавувања. Таа направи дует со Марк Нелсон со песната “After All Is Said and Done” за саундтракот на филмот The Best Man од 1999 год., и синглот “I Got That” од 2000 год. со раперот Амил. На почетокот на 2001 год., додека Дестинис Чајлд го довршуваа Survivor, Ноулс остварува голема улога во филмот за MTV Carmen: A Hip Hoopera, покрај актерот Mekhi Phifer. Поставен во Филаделфија, филмот е модерна изведба на операта Кармен од 19ти век, на францускиот композитор Жорж Бизе.

Во 2002 год., играше споредна улога во комедијата Austin Powers in Goldmember, играјќи ја Foxxy Cleopatra покрај Mike Myers. Филмот го достигна врвот на “бокс офисот”, заработувајќи 73,1 милион долари само за првиот викенд. Ноулс го издаде својот прв соло сингл, “Work It Out”, за саундтракот на овој филм. Наредната година, Ноулс играше наспроти Куба Гудинг Џуниор во романтичната комедија The Fighting Temptation, и за неговиот саундтрак ја сними песната “Fighting Temptation” заедно со раперите Missy Elliott, MC Lyte и Free.

Истата година, Бијонсе пееше во хит-синглот “03 Bonnie & Clyde” на нејзиното момче Jay-Z. Таа исто така сними и верзија на песната на 50 Cent, “In Da Club”, и ја издаде во март 2003 год. Лутер Вандрос и Ноулс го препејаа дуетот “The Closer I Get to You” кој беше испеан во оригинал од Роберта Флек и Дони Хедевеј во 1977 год. Оваа верзија наредната година доби награда Греми за најдобра р&б изведба од дуо или група со вокали, а Вандрос, со “Dance With My Father” каде исто така се појавува Ноулс, доби Греми за најдобра машка р&б вокална изведба.

2002–04: Dangerously in Love[уреди]

Откако Вилијамс и Роуланд ги издадоа своите соло трудови, Ноулс го издаде својот деби соло албум, Dangerously In Love, во јуни 2003 год. Албумот, во кој се појауваат многу музички соработници, содржи комбинација на брзи и бавни песни. Албумот дебитираше на Billboard 200 на првото место, продавајќи се во 317,000 копии во првата недела. Потврден од страна на Recording Industry Association of America како четворократен платинест албум во 2004 год., тој е продаден до денес во 4.2 милиони копии во USA.

Албумот произведе два број еден синглови. “Crazy In Love” во кој се појавува рап ѕвездата Jay-Z, беше издаден како носечки сингл на албумот и се задржа на Billboard Hot 100 цели осум недели и се искачи на многу топ списоци низ целиот свет. Ноулс исто така успешно доминираше во Велика Британија, каде исто времено го достигнуваше врвот на албумските и сингловските топ листи. Вториот сингл од албумот, “Baby Boy”, во кој се појавува Шон Пол, исто така стана еден од најголемите хитови во 2003 год., доминирајќи во радио етерот во Америка и задржувајќи се девет недели на првото место на Billboard Hot 100, една недела повеќе од “Crazy In Love”. За разлика од Crazy In Love, последните три синглови постигнаа моментален комерцијален успех, издигнувајќи го албумот на врвот на листите, движејќи се кон тоа тој да стане мулти-платинест.

Ноулс освои пет награди Греми во 2004 год. за нејзиниот соло успех, кои вклучуваат Најдобра Женска Р&Б Вокална Изведба за “Dangerously In Love”, Најдобра Р&Б Песна за “Crazy In Love” и Најдобар Современ Р&Б Албум. Оваа особеност таа ја дели со четири други женски артисти: Лорин Хил (1999 год.), Алиша Кис (2002 год.), Нора Џоунс (2003 год.) и Ејми Вајнхаус (2008 год.). Во 2004 год., таа освои награда Брит за Интернационален Женски Соло Артист.

Destiny Fulfilled и растурање на групата (2004-2005)[уреди]

Во 2004 год., Ноулс планираше да издаде следбеник на Dangerously In Love, кој би содржел некои останати снимки од минатото. Сепак, нејзините музички аспирации беа ставени на пауза, за време на конфликтните распореди, вклучувајќи го нејзиното снимање со Дестинис Чајлд за тоа што ќе биде нивниот последен албум. На почетокот на таа година, Ноулс настапуваше со националната химна на Super Bowl XXXVIII на Reliant Stadium во Хјустон што призна дека и било остварување на сонот од детството.

По тригодишен пат кој вклучуваше концентрирање на индивидуални соло проекти, Ноулс им се придружи на Роуланд и Вилијамс за Destiny Fulfilled, издаден во ноември 2004 год. Албумот го достигна второто место на Billboard 200, и создаде неколку топ четириесет хитови, вклучувајќи ги “Lose My Breath”, “Soldier”. Како поткрепа на албумот, во 2005 год. групата отпочна светска турнеја насловена како Destiny Fulfilled…And Lovin’ It, која започна во април и траеше до септември. На посетата на Барселона, Шпанија, групата го најави своето растурање по завршувањето на Северно-Американскиот дел од турнејата. Во октомври 2005 год., групата издаде компилациски албум насловен како #1’s, вклучувајќи ги сите број еден хитови на Дестинис Чајлд и повеќето од нивните добро познати песни. Колекцијата на најдобри хитови исто така вклучуваше три нови песни, како “Stand Up For Love”. Дестинис Чајлд беа почестени со ѕвезда на Холивудската Патека на Славните. Тие исто така беа признати како најдобро продаваната женска група на сите времиња.

Продолжувајќи ја нејзината филмска кариера, Ноулс играше во филмот The Pink Panther, играјќи ја улогата на Xania, меѓународна поп ѕвезда, покрај Стив Мартин, кој го играше Инспекторот Клузо. Филмот излезе во фебруари 2006 год., и дебитираше на првото место на бокс офисот, заработувајќи 21,7 милиони долари во првата недела. Ноулс ја сними “Check On It” за саундтракот на овој филм, во која се појавува Slim Thug, и со неа го достигна врвот на Billboard Hot 100.

На крајот на 2005 год., Ноулс повторно го одложи нејзиниот втор албум, откако ја изигра улогата во Dreamgirls, филмската адаптација на Бродвејскиот хит-мјузикл од 1981 год., во кој се работи за женска пејачка група од ‘60тите год. Во филмот, таа го портретира карактерот на Дина Џоунс, кој е базиран на Дајана Рос. За магазинот Billboard Ноулс изјави: “Нема да пишувам за албумот сè додека не го завршам филмот”. Издаден во декември 2006 год., Dreamgirls вклучува ѕвезди како Џејми Фокс, Еди Марфи и Џенифер Хадсон. Ноулс сними неколку песни за санудтракот на овој филм, вклучувајќи ја насловната песна “Listen”. На 14ти декември, 2006 год., Ноулс беше номинирана за две награди Златен Глобус за овој филм: Најдобра Актерка во Мјузикл или Комедија и Најдобра Насловна Песна за “Listen”.

B’Day (2006-2007)[уреди]

Cover shows a woman singing on stage, wearing a silver gown with straps falling over one arm and long, curly, wild hair.
Ноулс ја пее „Listen“, песна која била инспирирана од нејзината улога во филмот, Dreamgirls (2006)

Инспирирана од нејзината улога во Dreamgirls, Ноулс работеше на својот втор албум без некој посебен план; за MTV изјави: “Кога заврши снимањето на филмот, имав толку многу потиснати работи, толку многу емоции, толку многу идеи”. Ноулс работеше со претходните музички соработници, како Rich Harrison, Rodney Jerkins и Sean Garett, во студиото на Sony Music во Њујорк Сити. Таа исто така ги напиша и ги продуцираше скоро сите песни вклучени во овој албум, кој беше завршен за три недели.

B’Day беше издаден низ целиот свет на 4ти септември 2006 год., и на 5ти септември 2006 год., за да коинцидира со славењето на нејзиниот 25ти роденден. Албумот дебитираше на првото место на Billboard 200, продавајќи се во повеќе од 541,000 копии во првата недела, нејзината најголема продажба за една недела како соло артист. Албумот три пати беше признат за платинест во Соединетите Американски Држави од страна на Recording Industry Association of America. Албумот го донесе број еден синглот во Велика Британија, “Déja Vu”, насловниот сингл на албумот, во кој се појави и Jay-Z. Синглот “Irreplaceable” беше издаден во октомври 2006 год., како втор сингл низ целиот свет и трет во USA. “Irreplaceable” се задржа на врвот на Billboard Hot 100 цели десет недели, и со тоа стана нејзин сингл кој до денес најдолго се задржал на топ листите. Иако стануваше збор за комерцијален успех, неговата продукција која беше завршена за релативно краток временски период, беше изложена на внимателно критикување.

Ре-изданието на B’Day на 3ти април, 2007 год., како делукс издание, вклучуваше пет нови песни, како и шпанска верзија на “Irreplaceable” и “Listen”. Истовремено, The B’Day Anthology издаде 10 музички видео спотови. Како поткрепа на албумот, Ноулс започна концертна турнеја насловена како The Beyoncé experience, посетувајќи преку 90 места низ целиот свет, и сето тоа беше ставено на концертното ДВД – The Beyoncé Experience Live!. На Греми Наградите во 2007 год., Ноулс со B’Day ја доби наградата за Најдобар Современ Р&Б Албум. Бијонсе влезе во историјата на 35та годишнина на Американските Музички Награди, како првата жена што ја добила наградата за Интернационален Артист.

I am…Sasha Fierce (2008-2009)[уреди]

Ноулс ја изведува „Single Ladies (Put a Ring on It)” за време на нејзината турнеја, I Am... Tour во 2009.

Ноулс го издаде својот трет студиски албум, I am…Sasha Fierce на 18ми ноември, 2008 год. Таа вели дека името Sasha Fierce е името на личноста која станува таа кога настапува на сцена. “Имам некој друг кој ме презема кога доаѓа време да работам и кога сум на сцена, некое алтер его што сум го создала коешто ме штити на некој начин мене и она што навистина сум”. Во едно интервју со продуцентот Rodney Jerkins, тој вели дека стилот на албумот постојано се менувал и бил инспириран од музичкиот филм Cadillac Record, во кој на Ноулс и беше доделено да ја игра познатата блуз пејачка Etta James. Нејзината изведба во филмот доби многу пофалби од критичарите. Ноулс исто така глумеше покрај Ali Larter и Idris Elba во трилерот наречен Obsessed, кој беше во продукција од мај 2008 год. Филмот доби слаби критики и имаше ранг од 19% на Rotten Tomatoes. Сепак, досега филмот се покажа дека е комерцијален успех и беше издаден во USA 24ти април, 2009 год. Филмот заработи 11,1 милиони долари на првиот ден од продажбата и ја заврши првата недела на место број еден, со заработувачка од 28,6 милиони долари.

Првиот и вториот сингл од I am…Sasha Fierce, “If I Were a Boy” и “Single Ladies (Put a Ring On It)”, беа пуштени на радио на 8ми октомври 2008 год., претходејќи на издавањето на албумот на 18ти ноември, 2008 год. Додека “If I Were a Boy” го достигна врвот на многу списоци низ целиот свет, главно во Европа, “Single Ladies (Put a Ring On it)” се качи на врвот на Billboard Hot 100, и издржа четири недели, и со тоа Ноулс го доби својот петти број еден сингл во USA. Нејзиниот четврти сингл од овој албум, “Halo”, го достигна 5тото место и со тоа стана 12тата топ 10 песна на Ноулс на Hot 100 како соло артист. Тоа ја направи Ноулс женски артист со најмногу топ десет синглови на Hot 100 во оваа деценија. Ноулс ја започна нејзината третска светска турнеја, I am… Tour, која почна пролетта 2009 год., посетувајќи места низ целиот свет, од Америка, Африка, Азија, Европа и Океанија.

Ноулс ја освои наградата Истакнат Женски Артист на NAACP Image Awards во 2009 год. Таа настапуваше на 18ти јануари на свеченоста Lincoln Memorial Festivities во чест на инаугурацијата на Барак Обама, 44-от Претседател на Соединетите Американски Држави. Таа исто така отпеа и нејзина верзија на р&б класиката “At Last”, претходно популарно отпеана од Etta James, додека Претседателот Обама и неговата жена Мишел го имаа првиот танц како Претседател и Првата Дама на Америка, на 20ти јануари, 2009 год. на Neighborhood Inaugural Ball.

2010–сега: 4[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „4 (албум на Бијонсе Ноулс).

Во јануари, 2010, Ноулс имала интервју со USA Today и изјавила дека планира да се одмори од музиката во 2010. Таа изјавила, „дефинитивно е време да се одморам, да ги наполнам батериите. ... Сакам да не одам шест месеци во студиото. Само ми треба да го живеам животот, да бидам иниспирирана од некои работи повторно.“[28] За ова време сегмент од 60 Minutes открил дека Ноулс како дете била образувана дома и се молела пред секој настап.[29] Во февруари, 2010, таа ја пеела песната, „Telephone“ заедно со Лејди Гага. Песната се искачила на првите места на табелите за поп песни, станувајќи шестиот број-еден сингл на Ноулс и Гага. Со ова, тие се изедначиле со Мараја Кери со најмногу број еден синглови откако табелата Nielsen BDS-based Топ 40 започнала во 1992.[30] „Telephone“ добила Греми номинација за најдобра поп соработка со вокали на 53тите Греми Награди.[31]

Во ноември, 2010, Ноулс открила дека почнала да работи на нејзиниот четврт студиски албум, 4 и пишувала и продуцирала нов материјал.[32] Таа објаснила дека користела музика во живо за да креира сопствен музички жанр. Подоцна рекла, „Добро, јас не би рекла дека измислувам нов жанр... Го мешам секој тип на жанр кој го сакам и сум инспирирана од секој жанр... Не е Р&Б. Не е типичен поп. Не е рок. Тоа е само сè што сакам помешано заедно.“[33] Ноул открила дека албумот бил инспириран од неколку музичари, вклучувајќи ги Фела Кути, The Stylistics, Лорин Хил, Стиви Вондер и Мајкл Џексон.[33] Продуцентите и текстописеците на албумот биле Џим Џонсин,[34] Не-Јо,[35] Син Гарет,[36] The Dream, Symbolyc One,[37] Diplo, Switch, Дерек Милер[38] и Френк Оушн.[39] 4 ќе биде издаден на 28 јуни, 2011.[40] Водечкиот сингл, „Run the World (Girls)“ бил издаден на 21 април, 2011[41] а вториот сингл, „Best Thing I Never Had“, бил издаден на 1 јуни, 2011.

Покрај музиката, Ноулс ќе се враќа на глумата, глумејќи во Ѕвезда е Родена, филм режиран и продуциран од Клинт Иствуд за Warner Bros. Римејкот ќе биде на четвртото кажување на приказната Ѕвездата е Родена, највпечатливото во последните неколку години по верзијата од 1976 со Барбра Страјсенд и Крис Кристоферсон.[42] Во февраути, 2011, било потврдено дека Ноулс ќе биде главен акт на Гластонбури Фестивалот од 2011, изведувајќи 90-минутен настап последниот ден од фестивалот, 26 јуни, 2011.[43] Таа исто така ќе изведува на Оксиџен Фестивалот во Ирска, и фестивалот T in the Park во Шкотска за време на јули, 2011.[44] Ноулс се најде под огнот на музичките индустриски директори по документи кои откриле дека таа добила колку што е 1 милион евра за изведба пред членовите на семејството на либискиот диктатор Муамер Гадафи.[45] Сепак портпарол изјавил дека Ноулс донирала пари за Клинтон Буш Хаити Фондот, направен со цел за да се помогне на жртвите од Земјотрес на Хаити од 2010 година.[46] На 28 март, 2011, било изјавено дека Ноулс повеќе нема да биде менаџирана од нејзиниот татко Метју Ноулс, кој бил нејзин менаџер од Destiny's Child.[47]

Стил и имиџ[уреди]

Музика и глас[уреди]

Ноулс, која е мецо-сопран, отсекогаш била идентификувана како централниот член во Дестинис Чајлд. Jon Pareles од New York Times изјави дека таа го има гласот кој ја дефинира групата, пишувајќи дека нејзиниот глас е “нежен но сепак остар, со упорен трепет и задава соул удари”. James Anthony од The Guardian го нарече нејзиниот глас карактеристичен и брз, со вокална техника на речиси икање. Другите критичари го фалат нејзиниот опсег и моќ. Во анализирањето на нејзиниот втор албум, B’Day, Jody Rosen од Entertainment Weekly, пишува дека “Бијонсе Ноулс е систем на бура маскиран во пејачка. Во нејзиниот втор соло албум, B’Day, песните доаѓаат во големи налети на ритам и емоции, со гласот на Бијонсе кој се разбранува над тропотните ритми; би морале да барате далеку и нашироко-можеби во салата на Metropolitan Opera-за да најдете вокалист со почиста јачина...Никој-ни R.Kelly, ни Usher, ни некоја од нејзините ривалки поп диви, може да се мери со нејзината надареност да ги развлекува нејзините вокални линии покрај хип хоп ритам.” Andrew Leahey од Allmusic го нарече нејзиниот глас –глас на сирените, додека The Sidney Morning Herald напиша дека таа има “зарипнат” и “јужњачко-акцентиран” глас. Списанието Cove ја рангираше како седма на листата на 100те Најистакнати Поп Вокалисти, давајќи и 48 од 50 поени базирани на повеќе критериуми, од нејзината вокална способност до хармонијата.

Музиката на Ноулс претежно се смета за современ ритам и блуз, но исто така вклучува жанрови од денс-поп, фанк, поп и соул. Додека таа издава скоро исклучително англиски песни, сепак има снимено и неколку шпански верзии за ре-изданието на B’Day. Дестинис Чајлд веќе имаа снимено шпанска песна и добија позитивни критики од нивните латино-американски фанови. Ноулс учела шпански на школо додека била помлада, но сега знае само неколку зборови од овој јазик. За снимањето на шпанските наслови за ре-изданието на B’Day, таа имаше фонетички инструктор, американскиот продуцент, Rudy Perez.

Компонирање и продуцирање[уреди]

Од Дестинис Чајлд, Бијонсе беше уметнички вклучена во нејзината кариера. Таа ги ко-компонираше повеќето од песните што ги сними групата, како и нејзините соло трудови. Позната по пишување на лично инспирирани и композиции на тема за женската еманципација, таа има изјавено дека имајќи го Jay-Z во нејзиниот живот смениле неколку од нејзините ставови за тоа како мажите и жените се поврзуваат меѓу себе. Некои од нејзините песни се автобиографски, за кои таа има признато дека се инспирирани од лични искуства, или искуства на нејзините пријатели.

Ноулс ги има ко-продуцирано повеќето од снимките во кои била вклучена, посебно за време на нејзините соло обиди. Иако таа сама не ги создава ритмите, таа смислува типични мелодии и идеи за време на продукцијата, споделувајќи ги о продуцентите. Ноулс беше призната како композитор за време на Дестинис Чајлд периодот, во ‘90тите и почетокот на 21-от век. Таа ја освои наградата Композитор на Годината во 2001 год., на манифестацијата American Society of Composers, Authors and Publishers Pop Music Awards, и со тоа стана првата афро-американка и општо, втората жена на сите времиња што го постигнала тоа уметничко остварување. Во една година, Ноулс доби три признанија за компонирање, за ко-компонирање на “Irreplaceable”, “Grillz” и “Check On It”, едиствената жена по Carole King во 1971 год. и Mariah Carey во 1991 год. Во смисла на признанија, таа е изедначена со Diane Warren на третото место со девет број еден синглови.

Покрај нејзините признанија за компонирање од Дестинис Чајлд, нејзината вклученост беше предмет на медиумски надзор. Во едно издание на списанието Vanity Fair, на чија насловна страна случајно се најде Бијонсе, вклучуваше статии што се однесуваа на нејзините признанија како композитор. Во списанието, таа вели: “Имам напишано...седум, осум по ред број еден синлгови со Дестинис Чајлд”. Roger Fredman од FOX News, се сомневаше во веродостојноста на нејзината изјава. Еден негов аргумент се однесуваше за нејзиното признание за песната “Crazy In Love”. Тој истакна дека песната била напишана од Eugene Record од The Chi-Lites, и била земена само како пример од страна на Rich Harrison, кој ја продуцирал песната. Во извештајот од 2004 год. во вестите на MTV, беше изјавено: “…Harrison пријде и го напишта текстот и приказната, оставајќи го другиот дел на Бијонсе”. Friedman исто така наведе песни од Дестинис Чајлд и нејзините соло снимки во неговите аргументи. Друг проблем кој се рашири врз името на Бијонсе, беше дискредитирањето на нејзината номинација за “Listen” на Оскарите во 2007 год. Управувањето на Академијата објасни дека само тројца големи придонесувачи можат да бидат признати за време на процесот на наградување, а Ноулс е најмалку меѓу првите четири.

Во 2008 год., Ноулс се појави на шоуто X Factor, во финалната сезона, изведувајќи дует со евентуалната победничка Alexandra Burke. Ноулс изјави дека би сакала Александра да оди на турнеја со неа и дека моментално е во преговори да напише и сними дует за Burke за нејзиниот деби албум.

Сцена[уреди]

Во една статија, насловена како “Born to Entertain” (Родена да Изведува), Ноулс, покрај класичните и современите забавувачи, беше пофалена за нејзините сценски изведби. Нејзината изведба на гробот на поранешниот претседател на USA, Ulysses S.Grant на 4ти јули, 2003 год., беше наведена како похотно кореографирана; присутните потомци на Грант имаа мешани реакции.

Во 2006 год., Ноулс го претстави нејзиниот целосно женски бенд за турнеи, Sugamama. Неколку месеци пред издавањето на B’Day, таа правеше аудиции низ цела Америка за женски музичари, кои завршија во јуни. Изведувачкиот ансамбл вклучува басисти, тапанари, гитаристи, свирачи на рог, клавијатуристи и свирачи на ударни инструменти. Тие дебитираа во јавноста во 2006 год. на BET Awards и повторно се појавија во видео спотот за “Irreplaceable” и “Green Light”. Бендот ја поддржуваше Ноулс за време на нејзината светска турнеја во 2007 год., The Beyoncé Experience, и покрај тоа, се појавија и во помали шоуа каде што настапуваше Ноулс.

Имиџ[уреди]

Ноулс ја изведува песната „Ave Maria“ за време на нејзината турнеја I Am... Tour во 2009

Ноулс стана секс симбол, позната по своето тело со облини и поздравена е и за нејзиниот избор на облекување. Според неа, “Сакам да се облекувам секси и да се носам како дама”, но таа има изјавено дека начинот на којшто се облекува на сцена е “исклучиво само за на сцена”. Како некој што е склон кон модата, Ноулс ги комбинира уметничките елементи со нејзините музички видеа и изведби. Според италијанскиот моден дизајнер, Роберто Кавали, таа користи различни стилови и се обидува да ги хармонизира со музиката додека настапува. Антологијата B’Day покажа доста примери на снимки ориентирани кон модата, опишувајќи од класични до современи стилови на гардероба. Списанието People ја прогласи Ноулс за најдобро облечената славна личност во 2007 год. Во 2002 год., мајката на Ноулс, издаде книга насловена како “Destiny’s Style: Bootylicious Fashion, Beauty and Lifestyle Secrets From Destiny’s Child”, на сметка на тоа како модата имала влијание врз успехот на Дестинис Чајлд.

Како еден од медиумски најескпонираните артисти во USA, Ноулс често примала критики за кои некои веруваат дека се резултат на расизам и сексизам. Еден нејзин фан истакнува: “Ноулс се портретира себеси повеќе како секс симбол отколку како артист”. Еден новинар од списанието Rolling Stone изјави дека откако е издаден синглот Dangerously In Love, “Бијонсе премина во секс симбол “а ла” Хали Бери...” Нејзиното појавување во списанието Vanity Fair исто така провоцираше шпекулации дека нејзиниот тен е компјутерски променет.

Во 2007 год., Ноулс се појави на насловната на Sports Illustrated Swimsuit Issue, и со тоа стана првата жена која што не е модел или спортист што позирала за списанието, и втората афро-американски модел по Тајра Бенкс. Истата година, Ноулс се појавуваше на билборди и весници низ цела Америка, покажувајќи старомодна табакера. Преземена од задната корица на B’Day, оваа слика провоцираше реакции од анти-пушачки групи, изјавувајќи дека таа немала потреба да ја додаде табакерата “за да направи да изгледа пософистицирано”.

На 24ти април, 2009 год., Ноулс се појави на шоуто на Larry King, каде што за себеси даде пополитичка слика, зборувајќи за сè, од пеење до инаугурацијата на Претседателот Барак Обама на 20ти јануари, 2009 год., и до расизмот со којшто се соочувала бидејќи е афро-американка. Таа изјави дека Мишел Обама е “толку шик”, и дека нејзината изведба на “At Last” бил најважниот момент од нејзината кариера.

Други потфати[уреди]

House of Deréon[уреди]

Во 2005 год., Ноулс и нејзината мајка ја воведоа House of Deréon (Куќата на Дереон), современа конфекциска женска модна линија. Концептот е инспириран од трите генерации на жени во нивната фамилија, оддавајќи почит со името Deréon на бабата на Ноулс, Agnèz Deréon, која работела како шивачка. Според Тина Ноулс, целокупниот стил на линијата најдобро го рефлектира вкусот и стилот на Ноулс. Лансирани во 2006 год., производите на House of Deréon добија јавни изложби за време на многубројните шоуа и турнеи на групата за време на Destiny Fulfilled. Проданиците, кои се достапни низ цела Америка и Канада, продаваат спортска опрема, платно со крзно, горна облека и додатоци кои вклучуваат женски ташни и чевли. Тие исто така вклучуваат чевли за кои што Ноулс се здружи со House of Brands, локална компанија за чевли. Во 2004 год., Ноулс и нејзината мајка ја основаа семејната компанија, Beyond Productions, која обезбедува лиценцирање и бренд-менаџмент на House of Deréon. На почетокот на 2008 год., тие ја лансираа Beyoncé Fashion Diva, игра за мобилен телефон, со составен дел кој овозможува мрежно поврзување на интернет со House of Deréon.

Организацијата за правата на животните, PETA (People for the Ethical Treatment of Animals), ја критикуваше Ноулс за носењето и употребата на кожа во нејзината конфекциска линија. Организацијата праќаше писма до неа, замолувајќи ја да престане да употребува крзно во нејзината линија на облека. Во еден случај, PETA организираше вечера со неа и нејзините фанови, кои всушност беа премолчени од страна на организацијата. Ноулс беше соочена со претставници на PETA, со кои таа беше испратена надвор, откако влезе Тина Ноулс. Оваа случка предизвика измешани реакции; Ноулс не одговори на проблемите, иако нејзиниот татко остро се спротивставуваше.

Производи и рекламирање[уреди]

Во 2005 год., Ноулс потпиша рекламен договор со Пепси, кој вклучуваше појавување на ТВ реклами, како и радио и интернет реклами. Таа беше вклучена во компанијата како индосант за да помогне да се постигне пошироко демографско покривање. Во 2004 год., во ТВ рекламата на Пепси на темата “Гладијатори” се појавија Ноулс, како и пејачите Бритни Спирс, Пинк и Енрике Иглесиас, а наредната година со Џенифер Лопез и Дејвид Бекам како “Самураи”.

Подрачјето на рекламни договори на Ноулс исто така вклучува и производи за убавина и парфеми. Во 2003 год., таа потпиша со козметичката компанија L’Oréal, со помош на која заработи 1 милион долари. Во 2004 год., таа лансираше и сопствен мирис, наречен True Star, парфем на Tommy Hilfiger. Како дел од нејзините придонеси за производот, Ноулс испеа кавер-верзија на “Wishing On a Star” за рекламите на True Star, за кои заработи 250,000 долари. Во 2005 год., го лансираше True Star Gold на Hilfiger, а во 2007 год. – Diamonds на Emporio Armani. Списанието Forbes изјави дека Бијонсе заработила 80 милиони долари во периодот помеѓу јуни, 2007 год., и јуни, 2008 год., заедно со нејзиниот албум, турнеја, моден бизнис и рекламни договори. Тоа ја направи втората најплатена музичка личност во светот за овој временски период. Во периодот од јуни, 2008 год. до јуни, 2009 год., Бијонсе заработи 87 милиони долари според Форбс, сместувајќи ја на четвртото место на листата на Форбс - “Celebrity 100”.

Филантропија[уреди]

Ноулс на отварањето на нејзиниот Козметолошки Центар на 5 март, 2010

Ноулс била изложена на на излегувања од јавен карактер уште како дете, како што татко и ја носел понекогаш во заедницата, вклучувајќи го афро-американското општество. Ноулс и Роуланд, заедно со поранешното семејство, ја основале фондацијата “Survivor Foundation”, добротворен објект кој би обезбедил привремено сместување за жртвите од ураганот Катрина од 2005 год., и евакуираните од бурата во Хјустон, Тексас. Оваа фондација ја проширила филантропската мисија на Ноулс-Роуланд Центарот за Млади, повеќенаменска заедница во центарот на Хјустон. Ноулс донираше 100,000 долари за Gulf Coast како потпорен фонд, за доброто на жртвите од ураганот Ике во областа на Хјустон. Таа организира хуманитарно собирање на парични средства за ураганот преку Survivor Foundation.

Во 2005 год., музичкиот продуцент David Foster, неговата ќерка Amy Foster-Gillies, и Ноулс ја напишаа “Stand Up for Love”, која би служела како химна на Светскиот Ден на Детето, настан кој се случува секоја година на 20ти ноември низ целиот свет, за да ја подигне свеста и средствата за потребите на децата од целиот свет. Дестинис Чајлд ги позајмија своите гласови и поддршка како глобални амбасадори за програмата на Светскиот Ден на Детето во 2005 год. Во 2008 год., таа со повеќе артисти ја сними “Just Stand Up!”, хуманитарен сингл за добротворната организација Stand Up to Cancer. Меѓу другите, на Ноулс и се приклучија Мараја Кери, Лиона Луис, Ријана, Лиен Рајмс и Мери Џеј Блајџ.

Ноулс воведе автомобили со храна за време на турнејата The Beyoncé Experience во Хјустон на 14ти јули, Атланта на 20ти јули, Вашингтон Д.Ц. на 9ти август, Торонто на 15ти август, Чикаго на 18ти август и Лос Анџелес на 2ри септември 2006 год. На 4ти октомври, 2008 год., Ноулс присуствуваше на концертот Miami Children’s Hospital Diamond Ball & Private Concert, во салата American Airlines Arena во Мајами, каде што беше примена во Меѓународниот Педијатриски Дом на Славните. Ethan Bortnick, седумгодишната музичка сензација, ја изведе “Over the Rainbow” и ја посвети на Ноулс. Откако ја заврши работата во Cadillac Records, Ноулс ја донираше својата цела заработувачка на Phoenix House, организација за центри за рехабилитација низ целата земја. Ноулс го посети и местото кое ќе ја портретира пејачката Etta James, која била зависна од хероин.

Приватен живот[уреди]

За време на превирањата на Дестинис Чајлд во 2000 год., во декември 2006 год., Ноулс призна дека доживеала депресија од натрупување на напор: публицистичкиот расцеп на LeToya Lucket и LaTavia Roberson, јавното напаѓање од медиумите, критики за причинување на разделбата, како и тоа што ја оставило долгогодишното момче (со кое била од 12та до 19та годишна возраст).

Депресијата била толку сериозна што траела неколку години, додека таа не излегувала од спалната соба со денови и одбивала да јаде. Ноулс изјави дека одбивала да зборува за депресијата затоа што Дестинис Чајлд само што ја добија нивната прва Греми Награда, и таа се плашела дека никој нема да и поверува. Сите овие настани направиле таа да се запраша која е и кои се нејзините пријатели, опишувајќи ја ситуацијата, таа изјави: “Откако станав славна, се плашев дека никогаш повторно нема да најдам некој да ме сака за тоа што сум. Се плашев од создавање нови пријателства.” Таа се сеќава на нејзината мајка, Тина Ноулс, која за да ја извлече од депресијата и рекла: “Зошто мислиш дека некој не би те сакал? Дали знаеш колку си паметна и слатка и прекрасна?”.

Од 2002 год., Ноулс е во врска со раперот Џеј Зи, со кој има соработувано неколку пати. Гласините почнаа да кружат за нивната врска откако Ноулс се појави во “03 Bonnie&Clyde”. И покрај постојаните гласини за нивната врска, тие останаа дискретни во врска со неа. Во 2005 год., почнаа да се шират гласини за бракот на двојката. Ноулс ги прекина шпекулациите изјавувајќи дека таа и Џеј Зи не се ни верени. Кога повторно беа прашани за оваа тема во септември 2007 год., Џеј Зи изјави, “Некој ден набрзо-да оставиме на тоа”. Laura Schreffler, постар новинар за списанието “OK!”, изјави: “Тие се крајно приватни луѓе.”

На 4ти април, 2008 год., Ноулс и Џеј Зи се венчаа во Њу Јорк. Тоа стана тема достапна на јавноста на 22ри април, 2008 год., но Ноулс не го покажа јавно венчалниот прстен сè до концертот Fashion Rocks на 5ти септември, 2008 год., во Њу Јорк. Таа конечно јавно проговори за нејзиниот брак за време на промоцијата на монтажното видео за I am…Sasha Fierce во клубот Manhattan’s Sony Club.

Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Бијонсе Ноулс.

Филмографија[уреди]

Година Филм Улоги Други белешки
2001 Кармен, Хип Хупера Кармен главна улога, ТВ филм
2002 Austin Powers in Goldmember Foxxy Cleopatra главна улога
2003 The Fighting Temptations Лили главна улога
2004 Fade to Black Самата Документарен филм на Џеј Зи
2006 The Pink Panther Ксанија споредна улога
2006 Dreamgirls Дина Џоунс главна улога
2008 Cadillac Records Ета Џејмс споредна улога
2009 Obsessed Шарон Чарлс главна улога

Наводи[уреди]

  1. Adams, Guy. „Beyoncé: Born to be a star“, „The Independent“, 6 февруари 2010 (конс. 9 јануари 2011).
  2. Ла Горс, Тами (31 јануари, 2010)."Beyoncé's Golden Record". Grammy.com. Retrieved 1 февруари, 2010.
  3. Сизаријо, Бен (1 февруари, 2010). "At Hot Contest, Cool Beyoncé Is a Dynamo but Never a Diva". The New York Times. Retrieved 2010-02-01.
  4. Dorothy Pomerantz and Lacey Rose. „The Celebrity 100: 2 Beyonce Knowles“, „Forbes“, 28 јуни 2010 (конс. 29 јуни 2010).
  5. Dorothy Pomerantz and Lacey Rose. „The World's Most Powerful Celebrities“, „Forbes“, 28 јуни 2010 (конс. 29 јуни 2010).
  6. Celebrity 100: Musicians“, „Forbes“, 29 јуни 2010 (конс. 29 јуни 2010).
  7. Shriver, Jerry (February 1, 2010). "One fierce night for Beyonce, Swift and Gaga at the Grammys". USA Today. Retrieved August 13, 2010
  8. — "Beyonce-- Grammy History". Grammy.com. Retrieved March 8, 2011
  9. Trust, Gary (May 28, 2010). "Ask Billboard: Beyonce Vs. Gaga Vs. Rihanna". Billboard. Retrieved August 13, 2010
  10. „Artists Of The Decade Music Chart“. „Billboard“. http://www.billboard.com/#/charts-decade-end/artists-of-the-decade?year=2009&begin=1&order=position. конс. 8 февруари 2011. 
  11. „Top 100 Music Hits, Top 100 Music Charts, Top 100 Songs & The Hot 100“. „Billboard“. 31 декември 2009. архивирано од оригиналот на 20 јули 2012. https://archive.is/ir0U. конс. 6 јуни 2010. 
  12. Pedersen, Erik (February 17, 2010). "Beyoncé Tops Decade's RIAA Sales". The Hollywood Reporter. Lori Burgess. Retrieved 2010-02-18.
  13. Lamy, Johnathan, Cara Duckworth and Liz Kennedy. (February 17, 2010). "RIAA Tallies the Decade's Top Gold and Platinum award Winners". Recording Industry Association of America. Retrieved 2010-02-18.
  14. The 50 people who matter today: 41–50“, „New Statesman“, 24 септември 2009 (конс. 7 февруари 2011).
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 Beyoncé Knowles' Biography“, Fox News, 15 април 2008 (конс. 5 јуни 2008).
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 16,6 „Beyoncé: All New“. 
  17. 17,0 17,1 „Biography Today“. Detroit, Michigan: Omnigraphics. 2010. стр. 10. ISBN 978-0-7808-1058-7. 
  18. „Beyoncé Knowles: Biography – Part 1“. „People. http://www.people.com/people/beyonce_knowles/biography. конс. 1 април 2008. 
  19. Gillings, Andrew. „Destiny's Child: Soul-Survivors“, „Essence“, 21 април 2001 (конс. 25 февруари 2009).
  20. Maughan, Jennifer. „Beyonce Knowles Childhood“. „Life123. http://www.life123.com/arts-culture/pop-stars/beyonce/beyonce-knowles-childhood.shtml. конс. 9 јануари 2011. 
  21. „Famous Alumni – Elsik High School“. ElsikAlumni.com. http://elsikalumni.com/FamousAlumni.asp. конс. 17 април 2008. 
  22. Cameo: Fat Joe Interviews Beyoncé and Mike Epps“, „MTV News“ (конс. 28 април 2008).
  23. 23,0 23,1 Kaufman, Gil. „Destiny's Child's Long Road To Fame (The Song Isn't Called "Survivor" For Nothing)“, „MTV News“, 13 јуни 2005 (конс. 1 април 2008).
  24. Farley, Christopher John. „Call Of The Child“, „TIME magazine“, 15 јануари 2001 (конс. 12 април 2008).
  25. Reynolds, J.R. (3 март 1998). „All Grown Up“. „Yahoo! Music. http://music.yahoo.com/read/interview/12027658. конс. 12 јануари 2007. 
  26. Tyrangiel, Josh. „Destiny's Adult“, „Time“, 13 јуни 2003 (конс. 12 април 2008).
  27. „Driven“. „VH1“. http://www.vh1.com/shows/dyn/driven/65240/episode_about.jhtml. конс. 16 април 2008. 
  28. Gardner, Elysa. „Beyonce is poised to take a well-deserved break in 2010“, „USA Today“, 28 јануари 2010 (конс. 16 јуни 2010).
  29. How Gradual Success Helped Beyoncé“, „CBS News“, 31 јануари 2010 (конс. 7 април 2010).
  30. Trust, Gary. „Lady Gaga, Beyoncé Match Mariah's Record“, „Billboard“, Nielsen Business Media, Inc, 15 март 2010 (конс. 18 март 2010).
  31. 2010 Grammy Award Nominations“, „USA Today“ (конс. 2 декември 2010).
  32. Weiner, David (18 ноември 2010). „ET Exclusive: Beyonce Strives to Create 'Own Genre of Music'“. „Entertainment Weekly“. CBS Studios Inc. http://www.etonline.com/music/102987_ET_Exclusive_Beyonce_Strives_to_Create_Own_Genre_of_Music/. конс. 9 јануари 2011. 
  33. 33,0 33,1 Vena, Jocelyn (23 ноември 2010). „Beyonce Inspired by Michael Jackson, Lauryn Hill for New Album“. „MTV News. http://www.mtv.com/news/articles/1652928/beyonce-inspired-by-michael-jackson-lauryn-hill-new-album.jhtml. конс. 24 ноември 2010. 
  34. „Beyonce Already Working on New Album?“. „Rap-Up“. 4 мај 2010. http://www.rap-up.com/2010/05/04/beyonce-already-working-on-new-album/. конс. 9 јануари 2011. 
  35. Vena, Jocelyn (22 септември 2010). „Beyonce Has An 'Agenda' For New Album, Ne-Yo Says“. „MTV News“. http://www.mtv.com/news/articles/1648430/beyonce-has-agenda-new-album-neyo.jhtml. конс. 9 јануари 2011. 
  36. James, Amber (17 септември 2010). „Beyonce Working on 'Biggest Album Ever'“. „Pop Eater“. http://www.popeater.com/2010/09/17/beyonce-album-sean-garrett/. конс. 9 јануари 2011. 
  37. Montgomery, James (12 јануари 2011). „Beyonce Working With Kanye West Producer S1“. „MTV News“. http://www.mtv.com/news/articles/1655794/beyonce-working-with-kanye-west-producer-s1.jhtml. конс. 13 јануари 2011. 
  38. „Beyonce Calls on M.I.A. Hitmaker Diplo for New album“. „Rap-Up“. 24 јануари 2011. http://www.rap-up.com/2011/01/24/beyonce-calls-on-mia-hitmaker-diplo-for-new-album/. конс. 25 јануари 2011. 
  39. „Beyonce Dives Into Studio with Frank Ocean“. „Rap-Up“. 12 март 2011. http://www.rap-up.com/2011/03/12/beyonce-dives-into-studio-with-frank-ocean/. конс. 13 март 2011. 
  40. Columbia Records (May 18, 2011). "Beyonce's New Album "4" To Be Released on Tuesday, June 28". Соопштение за печат.
  41. „Beyonce Drops Official Version Of 'Run The World (Girls)'“. MTV. 21 април 2011. http://www.mtv.com/news/articles/1662415/beyonce-run-the-world-girls-single.jhtml. конс. 21 април 2011. 
  42. Warner, Kara (20 јануари 2011). „Beyonce To Star In Clint Eastwood's 'A Star Is Born' Remake“. „MTV News“. http://www.mtv.com/news/articles/1656365/beyonce-star-clint-eastwoods-star-born-remake.jhtml. конс. 21 јануари 2011. 
  43. Beyonce to Headline Glastonbury Festival – NEW YORK, Feb. 10, 2011“, „PR Newswire“, PR Newswire Association LLC., 10 февруари 2011 (конс. 12 февруари 2011).
  44. BBC News - Beyonce to play Oxegen festival at Punchestown“, BBC News, 5 мај 2011 (конс. 5 мај 2011).
  45. Knopper, Steve (25 февруари 2011). „Industry Lashes out at Mariah Carey, Beyonce and Others Who Played For Qaddafis Fammily“. „Rolling Stones“. архивирано од оригиналот на 5 март 2011. http://www.webcitation.org/5wwRIStQE. конс. 5 март 2011. 
  46. Kaufman, Gil. „Beyonce Donated Gadhafi Money To Haiti Relief Last Year“, „MTV News“, 3 март 2011 (конс. 5 март 2011).
  47. „Beyonce Cuts Management Ties with Father“. Rap-Up. 28 март 2011. http://www.rap-up.com/2011/03/28/beyonce-cuts-management-ties-with-father/. конс. 29 март 2011. 

Нарворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: