Прејди на содржината

Тумба (Канино)

Координати: 40°57′59″N 21°21′0″E / 40.96639° СГШ; 21.35000° ИГД / 40.96639; 21.35000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тумба

Карта

Местоположба 40°57′59″N 21°21′0″E / 40.96639° СГШ; 21.35000° ИГД / 40.96639; 21.35000
Основни податоци
Место Канино
Општина Битола
Тип

 населба


Период бронзено време
Портал „Археологија“

Тумбаархеолошко наоѓалиште во битолското село Канино. Претставува населба од бронзено време. Се наоѓа на околу 2,5 км источно од селото и на околу 500 м од патот Битола-Породин-Драгош во нивите северно од Породин. Претставува височинка издолжена во основата, со димензии од 200 × 160 м и височина од 0,50 во западниот до 3,00 м во источниот дел. Со обработувањето на земјата горните слоеви се оштетени. Во 1972 година Заводот и музеј од Битола извршил заштитно ископување. Во културниот слој дебел 3 м се утврдени неколку фази на живеење од средното бронзено време, проследени со многубројни керамички садови и други археолошки предмети. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. 2,0 2,1 Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678