Букришки Вис (Букри)
Букришки Вис — археолошко наоѓалиште во битолското историско село Букри. Претставува некропола од железно време. Се наоѓа на околу 2 км источно од селото, на источната падина на Букрички Вис — каде во 1917 година, во времето на Првата светска војна, бил откопан гроб со конструкција од камени плочи - тип циста, со богати прилози (накит од бронза и еден керамички сад). Наодите се чуваат во Народниот музеј во Софија.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Висок Рид — населба од бакарно, бронзено и раноантичко време;
- Прогон — некропола од железно време;
- Букри;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |