Настани во октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија

1 октомври

331 п.н.е.  Александар Македонски го победил Дариј III во Битката кај Гавгамела.
1795  Белгија е освоена од Франција.
1827  Руската армија под водство на Иван Паскевич го освојува Ереван, завршувајќи го милениумот на муслиманска доминација во Ерменија.
1869  Австрија ги издава првите разгледници во светот.
1880  Првата фабрика за електрични светилки е отворена од Томас Едисон.
1891  Во САД, Калифорнија, се отвора Стенфорскиот универзитет.
1908  Форд го претставува „Модел Т“, првиот автомобил кој се произведувал на лента. Со цена од 825 долари, продадени се над 15 милиони возила во текот на 19-годишното производство.
1943  Околу 4.000 балисти, заедно со германски офицери и војници, на планината Буковиќ, Кичевско, извршија напад врз слободната територија на Западна Македонија.
1943  Петтата армија на САД го зазема Неапол (Италија).
1949  Водачот на Комунистичката партија Мао Це Тунг го прогласил создавањето на Народна Република Кина.
1989  Во Данска е озаконет истополовиот брак. Според данскиот закон, се вика „регистрирано партнерство“.


2 октомври

1187  Султанот Саладин го освојува Ерусалим по 88 годишно владеење на Крстоносците, што било повод за Третата крстоносна војна.
1535  Пловејќи низводно по Сент Лоренс, Жак Картие пристигнал до селото на Ирокезите Хошелага, денешен Монтреал во Канада.
1608  Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Липерсхеј го демонстрира првиот употреблив телескоп. Познатиот Галилеј првиот вков далекуглед го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутн го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката.
1935  Фашистичка Италија ја нападна Етиопија, една од ретките независни држави во Африка.
1944  Нацистите го задушуваат Варшавското востание.
1990  Киднапираниот кинески Боинг 737, слетувајќи на кантонскиот аеродром, се урива во два други авиона, убивајќи 132 лица
1991  Сите странски средства за информирање оценуваат дека „Белград почна нова воена офанзива“ (против Хрватска) и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна.
1992  Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија.


3 октомври

1873  Капетан Џек и другарите се обесени за нивното учество во војната Модок.
1918  Царот Борис III го презема бугарскиот престол
1929  Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е преименувано во Кралство Југославија, (Земја на Јужните Словени).
1932  Ирак добива независност од Британија.
1943  Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, одликите на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба.
1954  Во Лондон на конференцијата на девет западни земји е одлучено СР Германија да стане член на Северноатланскиот пакт.
1995  Врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот шофер Александар Спировски, а е повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски.
1995  Франција, наспроти меѓународниот притисок против јадрени тестирања, изврши нова јадрена проба во јужниот Тихи Океан.


4 октомври

1725  Формирање на Росарио во Аргентина.
1824  Мексиканскиот народ по долготрајна борба против шпанската колонијална војска се избори за независност и го прогласи Мексико за република со неофицијален назив „Соединети Мексикански Држави“.
1883  Првото патување на возот „Ориент Експрес“.
1940  Средба на Адолф Хитлер и Бенито Мусолини кај преминот Бренер со цел да го прослават „Челичниот пакт“.
1941  Во селото Чучер, скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија, За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски.
1957  Советскиот Сојуз го лансира во орбитата околу Земјата првиот вештачки сателит „Спутник 1“ со пречник од 58 сантиметри и со тежина од 83 килограми.
1993  Во Москва беше емитувана одлуката на претседателот Елцин за воведување вонредна состојба во главниот град на Русија. Со неа се забранува секакво собирање, односно забрането е одржување на митинзи и демонстрации. Руската влада го повика народот да не се вклучува во немирите.


5 октомври

1502  На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка.
1582  Според предлозите на комисија од врвни астрономи, папата Григориј XIII извршил реформа на јулијанскиот календар поради разликата во траењето на календарската (јулијанска) и природната година. Поради тоа, во Италија, Полска, Португалија и Шпанија деновите од 5. до 14 октомври во 1582. година се прескокнати.
1864  Индискиот град Калкута е скоро целосно уништен од циклон; 60.000 жртви.
1910  Португалија ја отфрла монархијата и се прогласува за република.
1912  Потписничките на Балканскиот сојуз — Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција — ѝ предадоа ултимативна нота на Турција, по што почна Првата балканска војна.
1915  Бугарија влегува во Првата светска војна како една од Централните сили.
1962  Во Велика Британија е прикажан првиот филм со Џејмс Бонд — „Д-р Но“.
1991  Издадена е првата официјална верзија на Линуксово јадро, верзија 0.02.
1994  Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од бродот „Титаник“, што потона пред 82 години. Изложбата „Остатоците од Титаник“ поставена во Националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година.
1995  Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија.
1997  Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Македонски во срцето на средоземниот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е.
2007  На Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 25.000 посетители, македонската музичка суперѕвезда Тоше Проески го одржува својот последен концерт; концертот е од хуманитарен карактер и е наменет за обнова на основните училишта во земјата.


6 октомври

1582  Поради воведувањето на реформите во календарот, подоцна наречени грегоријански календар според папата Грегор XIII, во Италија, Полска, Португалија и Шпанија овој ден во 1582. година е прескокнат.
1600  Во Фиренца, во Италија во палатата Пити, за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри VI со Марија Медичи, е одржана премиерната изведба на операта „Евридика“, прва опера во историјата што ја создаде италијанскиот композитор Јакопо Пери.
1889  Томас Едисон го покажува неговиот прв филм (слики во движење).
1908  Австрија ги анексира Босна и Херцеговина.
1943  Балистите запалија поваќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови беа ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други.
1981  Во текот на воена парада, убиен е претседателот на Египет Анвар ал-Садат од исламски радикали во војската.


7 октомври

1492  Кристофер Колумбо ја одминува Флорида при промена на курсот.
1506  Папата Јулиј II и Франција ја окупираат Болоња.
1769  Англискиот истражувач Џејмс Кук го открива Нов Зеланд.
1840  Вилем II станува крал на Холандија.
1886  Шпанија го укинува ропството во Куба.
1931  Направена првата инфрацрвена фотографија во Рочестер, Њујорк.
1943  Кај кумановското селото Драгоманце кумановскиот партизански одред води битка против четниците. Загинале 9 четници, а 5 преминале во партизани.
1991  Европската Заедница ѝ става ултиматум на Југославија за 24 часа да ги прекине воените дејствија на ЈНА, заканувајќи се со економски санкции.
1993  Основана Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.


8 октомври

451  Во Калцедонија започнал Четвртиот вселенски собор.
1600  Сан Марино го усвоил привиот пишан устав во историјата со што станал првата уставна република.
1793  Во Париз за јавноста бил отворен музејот „Лувр“ кој дотогаш бил кралски дворец.
1893  Вилхелм Конрад Рентген ги открил таканаречените рендгенски зраци.
1942  Втора светска војна: Почнало големото истоварување на сојузничките трупи во Африка. Главен командант на операцијата бил генералот Двајт Ајзенхауер.
1944  На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на село Орман - село Бразда, кои се обидуваа да ја заземат комуникацијата Скопје - Качаник и да го овозможат сообраќајот на германските сили.
1967  Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во Кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки.
1979  Основана Галеријата на икони во Прилеп — една од најзначајните збирки на духовна уметност во Македонија.
1991  Собранието на Хрватска донело одлука за раскинување на државно-правните врски со СФРЈ со која Хрватска станала независна држава. Ден на независноста на Хрватска.
1995  Руската воена врховна команда најави дека ќе ги насочи своите јадрени ракети кон Полска и Чешката Република доколку овие две земји му се приклучат на НАТО.
2005  Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјално загинале 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000.


9 октомври

1000  Лејф Ериксон го основа Винланд и станува првиот Европеец во Северна Америка.
1595  Шпанската армија го зазема Камбраи.
1604  Супернова 1604, најскорешната супернова забележана во Млечниот Пат.
1876  Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувонемите Александар Греам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ.
1967  Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ.
1975  На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите „бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот“, се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда.
1995  Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција.


10 октомври

1582  Поради воведувањето на грегоријанскиот календар во оваа година, овој ден не постоел во Италија, Полска, Португалија и Шпанија.
1631  Саконската војска ја зазема Прага.
1889  Формиран колеџот Бернард.
1944  Во селото Жегљане, Кумановско, е формирана Кумановската дивизија, во чиј состав влегле XVI, XVII и XVIII македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци.
1946  Во Скопје, во црквата „Св. Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија.
1967  Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
1991  Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп.
1993  Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција.


11 октомври

1941  Во Прилеп борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад на бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Овој напад се смета за почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор, а со цел конечно ослободување на земјата.
1954  Во Скопје се пренесени моштите на Гоце Делчев.
1963  Директно од студиото на ТВ Скопје во Нерези, во 16 часот е емитувана првата емисија, документарниот филм „Востанати“ работена по повод 60-годишнината од Илинденското востание.
1964  Виет Мин ја презема контролата над Северен Виетнам.
1994  Во Анталија, Турција, на Петтата меѓународна конференција за безбедност и соработка, на која учествуваа високи официјални личности од земјите-членки на НАТО и КЕБС, македонската делегација ја истакнала заинтересираноста на Република Македонија за интегрирање во НАТО.

12 октомври


539 п.н.е.  Персискиот цар Кир од Ахеменидската династија го освоил Вавилон.
1492  Прочуениот Италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка. Колумбо на овој пат тргнал со три брода : „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“. Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања.
1822  Бразил се стекнува со независност. Дотогаш оваа земја била португалска колонија.
1941  Во Прилеп, бугарската полиција уапсила 900 граѓани како репресија поради нападот на Прилепскиот партизански одред на бугарската полициска станица, на затворот и на телеграфско-телефонската мрежа, претходниот ден. По малтретирањето биле издвоени членовите на КПЈ и на СКОЈ и префрлени во Битола, а потоа изведени пред суд.
1941  На денешен и утрешен ден, германските нацисти стрелале 11.000 Евреи во Днепропетровск, Украина.
1964  СССР го лансирал вселенскиот брод „Восход-1“ со пилотот Владимир Комаров, научникот Константин Феоктисов и лекарот Борис Егоров.
1969  СССР го лансирал вселенскиот брод „Сојуз-7“ со екипаж од три члена, кои во вселената се сретнале со двајцата членови на екипажот на претходно лансираниот брод „Сојуз-6“.
1994  Во селото Гиновци, во близина на Крива Паланка започнала изградбата на железничката пруга Куманово - Бељаковци - Деве Баир. Започнат како брзо решение против блокадата кон Србија и Грција, проектот не е завршен ни по 14 години.
1995  На состанокот на Постојаниот комитет на ОБСЕ во Виена, Република Македонија била премина во редовно членство.
1999  На овој ден е прогласено раѓањето на 6-милијардитиот жител на планетата Земја.


13 октомври

1307  Стотици витези Темплари биле уапсени во Франција по наредба на Филип Добриот и подоцна измачувани за да признаат дека се кривоверци.
1792  Поставен е камен-темелникот на Белата куќа во Вашингтон.
1884  Меридијанот што поминува низ Гринич (предградие на Лондон) е усвоен како универзален (нулти) меридијан, од кој се сметаат географските должини на точките и времето на Земјата.
1943  Под притисок на сојузничките водачи, италијанскиот крал Виктор Емануел III и неговиот премиер Бадољо ѝ објавиле војна на Германија, на тој начин Италија, барем оној дел кој бил под сојузничка контрола, се придружила на антихитлеровската коалиција. До објавувањето на војната дошло дури по паѓањето на фашистичката влада на Бенито Мусолини и по капитулацијата на Италија.
1952  Во издание на Државното книгоиздателство излезе од печат „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од Блаже Конески.
1972  Над Андите се урнал авионот во кој се наоѓала репрезентацијата на Уругвај во рагби.
2016  По смртта на татка си, Маха Вачиралонгкорн е прогласен за крал на Тајланд (со владетелско име Рама X).


14 октомври

1933  Германија се повлекува од Друштвото на Народите.
1944  Германскиот окупатор изврши масовни убиства во 9 села во Штипско и Кочанско. Најмногу настрадале штипските села Крупиште, каде биле убиени 49 лица, и Горни Балван со убиени 26 лица, како и кочанското село Уларци со убиени 25 лица.
1944  Ослободена е Атина од страна на британската војска.
1981  Потпретседателот Хосни Мубарак е избран за претседател на Египет, една недела по убиството на претседателот Анвар Садат.
1993  Во Њујорк е потпишано заедничко соопштение за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, на ниво на амбасадори. Потпишувањето е извршено под уставното име.
1994  По Ирската републиканска армија и лојалистичките паравоени единици, објавија општ прекин на воените дејства, со што се создадени основните предуслови за почеток на крајот на крвавата Северноирска граѓанска војна.


15 октомври

1582  Почнува да се користи грегоријанскиот календар. Во Италија, Полска, Португалија и Шпанија календарот прешол од 4 октомври на 15 октомври, т.е. биле прескокнати 10 дена.
1878  Претпријатието на Едисон за електрични светилки, денешен „Џенерал Електрик“, започнала со работа.
1894  Алфред Драјфус бил уапсен за шпионирање — започнала аферата „Драјфус“ која кулминирала со написот Обвинувам! од Емил Зола во весникот „Аврора“.
1928  Цепелинот „Граф Цепелин“ го завршил првото патување преку Атлантикот и слетал во Лејкхерст, Њу Џерси, САД.
1945  Втора светска војна: Смртната казна со стрелање била извршена над поранешниот претседател на Вишиевска Франција Пјер Лавал за предавство.
1946  Нирнбершки процес: Херман Геринг се самоубил со труење ноќта пред извршувањето на смртната казна.
1971  Иран ја прославил 2500-годишнината од основањето на Персија.
1984  Во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“.
1992  Во Скопје е регистрирана Демократска партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Едроган Сарач.
1995  По 20 месеци грчко ембарго, отворена е македонско-грчката граница.
2016  Керсти Калјулајд станува првата жена на функцијата Претседател на Естонија.


16 октомври

1689  Армијата на Хабсбуршката монархија го ослободува градот Видин од турска власт.
1813  Кај Лајпциг почнала т.н. „Битка на народите“, во која Наполеоновите сили се нашле под ударите на здружените сојузници: Русија, Прусија и Австрија. Француската армија била победена, а на 19 октомври, сојузниците го зазеле Лајпциг. Наполеон се повлекол преку Рајна и неколку месеци подоцна бил принуден да абдицира.
1925  Во Локарно, Швајцарија, бил потпишан гарантен пакет меѓу Германија, Белгија и Франција за меѓусебно почитување на постојните граници. Договорот од Локарно создадал ера на мир и просперитет во Западна Европа, но покажал дека германските граници кон Полска и Чехословачка не се толку „свети“ како западните граници.
1945  Во Квебек, Канада, е основана Организацијата на обединетите нации за исхрана и земјоделство (ФАО), со задача да ги проучува проблемите на исхраната и на земјоделството во светот и да препорачува национални и меѓународни мерки за унапредување на исхраната на населението. Овој датум во 1979 година е установен како Светски ден на храната, а се прославува од 1982 година.
1949  Николаос Захаријадис, водачот на Комунистичката партија на Грција, објавил „привремен прекин на огнот“, со што всушност завршила Граѓанската војна во Грција.
1964  Владата на НР Кина соопшти дека во оваа земја е извршена прва експериментална експлозија на атомска бомба. Така Кина како петта земја во светот, стапи во редот на атомските сили.
1994  Во Македонија се одржа првиот круг од парламентарните, а по првпат и од општи претседателски избори. Киро Глигоров е реизбран за претседател во првиот круг со освоени 52,4% од гласовите. ВМРО ДПМНЕ и останатата опозиција ги отфрли резултатите и го бојкотираше вториот круг на изборите.
2012  Откриена планетата Алфа Кентаур Bb — најблиска вонсончева планета до Земјата.


17 октомври

1878  Започнало Кресненското востание на македонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна држава. Околу 400 востаници, предводени од Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Стојан Карастоилов, го нападнале селото Кресна, каде што се наоѓаla османлиска касарна. Притоа ја зазеле касарната и ослободиле неколку места каде што била создадена народна власт. Востанието било задушено дури во јуни идната година.
1907  Воспоставена е првата радиотелеграфска врска меѓу Европа и Северна Америка. Радиоврската меѓу двата континента се покажала многу попрактична од телефонската врска, за која биле потребни скапи подводни кабли.
1912  Почнала Првата балканска војна. Војната завршила со примирје на 3 декември истата година. На конференцијата во Лондон, на 30 мај 1913 г. Турција морала да се откаже од територите на Европскиот континент, освен од Одрин, кое сојузниците не успеале да го заземат. Македонскиот народ зел активно учество во војната, очекувајќи дека ќе се избори за слобода и независност. Но, наместо тоа, сојузниците ја поделиле Македонија, што пак било причина за почетокот на Втората балканска војна.


18 октомври

1842  Свечено отворен споменикот „Валхала“ — сала на истакнатите дејци и владетели во историјата на германските народи сместен во околината на Регенсбург, Баварија.
1867  Владата на САД го купила од Русија, полуостровот Алјаска за 7,2 милиони тогашни долари.
1912  Во Лозана, Турција и Италија потпишале Лозанскиот договор, со што завршила Италијанско-турската војна (1911-1912).
1943  Во Москва почна конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите сојузнички во борбата против силите на Оската.
1962  После неколку дневните поројни дождови, реката Вардар се излеала во градот Скопје. Бидејќи на било регулирано коритото на реката, поплавата го зафатила целиот град, сè до насипот во населбата Пролет. Поплавата траела три дена, но без човечки жртви. Предизвикана е голема материјална штета.
1967  Како прва во историјата на космонаутиката, советската атомска меѓупланетарна станица „Венера-4“, спуштила научна лабораторија на површината на планетата Венера. Со автоматските апарати успешно се испитани атмосферата и површината на планетата.
1972  Потпишана е спогодба со која СССР се обврзува на САД да им ги врати 722 милиони долари, добиени во Втората светска војна врз основа на договорот за заем и наемнина.
1994  Британската кралица Елизабета II за првпат во петвековната соработка допатува во тридневна посета на Русија. Рускиот претседател Борис Елцин изјави дека посетата е признание за руската демократија.


19 октомври

202 п.н.е.  Во Битката кај Зама, Римјаните предводени од Скипион Африканецот извојувале конечна победа против Картагинците и Ханибал во Втората пунска војна.
1453  Французите го освоиле Бордо со што завршила Стогодишната војна. Под англиска власт на француска земја останал само градот Кале на Ламанш.
1469  Фердинанд II од Арагон се оженил со Изабела I Кастиљска што било почеток на обединувањето на Арагон и Кастиља во една земја — Шпанија.
1512  Мартин Лутер станал доктор по теологија (лат. Doctor in Biblia).
1812  Наполеон почнал да се повлекува од Москва.
1935  Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија.
1944  Втора светска војна: трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на војната, на 4 јули 1946 г. е прогласена независна Република Филипини.
1994  Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднел писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје.
2002  Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски од страна на албански паравоени банди.
2003  Папата Јован Павле II со свечената процесија што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица.


20 октомври

1728  Во Копенхаген избувнал голем пожар, опожарувајќи го поголемиот дел од градот.
1803  Сенатот на САД го ратификувал договорот со Франција за купување на големата територија околу сливот на реката Мисисипи наречена Луизијана. Со овој договор, САД речиси ја удвоиле својата дотогашна територија.
1865  Отава станала новата престолнина на Канада.
1941  Втора светска војна: Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт.
1944  Втора светска војна: Ослободен градот Белград
1945  Жените во Франција добиле право на глас
1949  Југославија била избрана за постојанен член на Советот за безбедност при ООН
1973  Англиската кралица Елизабета II свечено ја отворила Сиднејската опера
1994  Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. „Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“, изјави Елцин.
2001  Протести низ француските градови против зависноста од јадрена енергија.


21 октомври

1805  Во Битката кај Трафалгар британската флота предводена од адмиралот Хорацио Нелсон ја победила здружената Француска и Шпанска флота. Оваа победа претставувала почеток на светската доминација на британската морнарица во следните 130 години.
1824  Џозеф Аспдин, ѕидар од Лидс, Англија, го патентирал портландскиот цемент.
1941  Втора светска војна: Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца.
1967  Над 100.000 демонстранти протестирале против Виетнамската војна во Вашингтон, САД. 683 лица биле уапсени поради судири со полицијата.
1995  По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка.
1997  Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора.
2010  Усвоено новото знаме на Мјанмар (Бурма).


22 октомври

1962  Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и воздухопловството на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можеше да избувне јадрена пресметка меѓу двете велесили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба.
1991  На општите избори во Турција, победи Партијата на вистинскиот пат на Сулејман Демирел.
1997  Најстарата македонска православна црква во Австралија, „Св. Ѓорѓи“, во Фицрој, Мелбурн, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на некоја градежна фирма.


23 октомври

1893  Во Солун, е основана Македонска револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет.
1917  Кај местото Линевил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна.
1942  Втора светска војна: Кај гратчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка.
1944  Втора светска војна: Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби.
1944  Втора светска војна: Сојузничките држави ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол.
1954  САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија.
1956  Започува Унгарската револуција против советската доминација во Унгарија.
1973  Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се спогодиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток.
1992  По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.


24 октомври

1795  Русија, Австрија и Прусија ја поделиле територијата на Полска.
1797  Лима, главниот град на Перу, е разурнат од силен земјотрес, при што загинале околу 5.000 луѓе.
1857  Во Шефилд, Англија формиран е ФК Шефилд, најстариот фудбалски клуб во светот.
1918  Сфаќајќи дека со распаѓањето на Австроунгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојузниците продолжија со операцијата и ги натераа Австроунгарија и Германија на безусловна капитулација.
1945  Стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се одбележува како „Ден на ООН“.
1992  Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.
1997  На 5 км под површината на Индискиот Океан, нуркачите го американскиот брод кој носел 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испратил на Сталин во 1944 г. Рузвелт сакал да им помогне на Русите во борбата против Хитлер, но планот пропаднал кога германскате подморници го потопиле. Во бродот имало сребро во вредност од најмалку 330 милиони долари.


25 октомври

1689  Австрискиот генерал Енеја Силвио Пиколомини (како дел од контраофанзивата против Отоманското Царство по кампањата на Турците во 1683 година) го запалил Скопје. Во тој период во градот бил зафатен со епидемија на колера. Пиколомини наредил градот да се запали за да се сопре епидемијата. Градот горел два дена. До темел изгореле голем број куќи и дуќани, но епидемијата не сопрела. Дури и самиот генерал Пиколомини се заразил од колера и набрзо починал.
1936  Нацистичка Германија и фашистичка Италија ја формираа Оската Рим - Берлин, со што е зацврстен сојузот на водечките фашистички држави во Европа. „Оската“ подоцна со вклучувањето на Јапонија за кусо време стана првокласна меѓународна воена и политичка групација и извор на империјалистички амбиции и на агресивни планови.
1971  НР Кина е примена во членството на ООН.
1993  Мелина Меркури, артистката во филмот „Никогаш в недела“, која ја доби функцијата министер за култура во Атина, вети дека ќе се бори за враќање на мермерните украси од Британскиот музеј, антички орнаменти кои го краселе Партенон. „Никогаш не почнувам борба без да ја продолжам и без да ја завршам“, изјави Меркури. Сите британски влади одбија да ги вратат мермерите, бидејќи тоа ќе значи преседан, со кој музеите низ светот ќе ги загубат своите богатства.
1994  Седум слики на шпанскиот сликар Пабло Пикасо се украдени од една уметничка галерија во Цирих, соопшти полицијата. Вредноста на сликите е проценета на 250 милиони швајцарски франци, односно 208 милиони долари.


26 октомври

1689  По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини.
1863  Основан е Фудбалскиот сојуз на Англија.
1905  Шведска ја признала независноста на Норвешка.
1911  Прокламирана е Кинеската Република, но по 4 години повторно се вратила монархијата.
1912  Прва балканска војна: Грците го освоиле Солун, а Србите Скопје.
1955  Австрискиот Парламент го прифати Законот за постојана независност на земјата. Тој ден се прославува како национален празник на Република Австрија.
1992  Перуанскиот печат соопшти дека познатиот археолог Валтер Алва пронашол непозната група од 15 камени пирамиди, опкружени со населби чија старост се пронеценува на 35 векови. Новооткриениото археолошко наоѓалиште зафаќа површина од 3 км2 и се наоѓа на околу 60 километри од градот Чиклајо.
1993  Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал „РАИ 1“, призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. „Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив“, изјави Морети.
1993  Во Загреб е основано Хрватско-македонско друштво.
2002  Со упадот на специјалните сили во московскиот театар Дубровка, заврши заложничката криза во која од чеченски бунтовници два дена порано беа заробени над 900 гледачи. Загинаа 129 заложници и околу 40 бунтовници.
2017  Џасинда Ардерн станува премиер на Нов Зеланд.


27 октомври

710  Сарацените извршиле инвазија во Сардинија.
1275  Основан градот Амстердам.
1524  Италијански војни: Француските војски го опседнале градот Павија.
1644  Започнала Втората њуберска војна.
1787  Наполеон Бонапарт бил назначен за генерал на француската армија.
1806  По големата победа над Прусија, Наполеон Бонапарт влегува триумфално во Берлин.
1807  Потпишан договор помеѓу Наполеон Бонапарт и Карлос IV за поделба на Португалија.
1920  Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на 19.04.1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите, членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа сè до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на обединетите нации.
1922  Под притисок на фашистите на чело со Бенито Мусолини, владата на Италија поднела оставка.
1924  Создадена Узбечката ССР.
1947  Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните.
1969  Бања Лука била погодена од голем земјотрес.
1971  Демократска Република Конго била преименувана во Заир.
1979  Свети Винсент и Гренадините добиле независност од Обединетото Кралство.
1978  Египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин, добиле Нобелова награда за мир.
1991  Туркменистан ја објавил својата независност.
1991  Во Полска биле спроведени првите демократски избори.
1998  Герхард Шредер станал канцелар на Германија, по оставката на Хелмут Кол.
1999  Фустанот на Мерилин Монро која го носела додека ја пеела песната „Happy Birthay, Mr. President“ на претседателот на САД, Џон Кенеди, бил продаден за рекордни 1.267.500 долари, што претставува рекордна сума на пари потрошени во аукција при таква намена.


28 октомври


1492  На првото патување преку Атлантскиот Океан, во потрага по нов пат до Индија, Кристофер Колумбо ја откри Куба.
1947  Во Скопје, во киното „Култура“, филмските работници на Македонија го организираа првиот филмски преглед. Во него е прикажан секојдневниот живот во републиката, активностите на градежништвото, прославата на 9 септември во Пиринска Македонија и бербата на памукот во Струмичко. Сниматели беа Трајче Попов и Благоја Дрнков.
1992  Во Собранието на Република Македонија, пратениците го изгласаа Законот за државјанство. Услов за добивање на државјанство е 15-годишен престој.


29 октомври


1923  Турција е прогласена за републикаНационален ден на Турција.
1944  Во селото Горно Врановци, велешко, излезе првиот број на весникот „Нова Македонија“ на македонски јазик, орган на Народноослободителниот фронт на Македонија. Вториот број излезе во ослободениот град Битола, а од третиот број излегува во Скопје. Излегувањето на овој весник е од исклучително значење за развојот на современото македонско новинарство.
1994  По повод вториот круг на гласање за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија, почна со работа Прес центарот.
2013  Пуштен во употреба железничкиот тунел „Мармарај“ преку потокот Босфор што ги поврзува Европа и Азија.


30 октомври

1890  Охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик.
1905  За време на првата Руска револуција, рускиот цар Николај II воведува устав, кој предвидува законодавно собрание
1918  Со капитулацијата на Турција, која во Првата светска војна била на страната на Централните Сили, престанува да постои Отоманското Царство.
1938  Младиот режисер Орсон Велс ја објави во Њујоршкото радио Ен-Би-Ес радиодрамата „Војната на световите“, врз основа на текстот на Џ.Велс. Нападот на Марсовците на Земјата, режисерот го прикажа така што повеќе слушатели поверуваа во вистинитоста на настанот, што предизвика неверојатен хаос и тревога во тој дел на Америка. Орсон Велс преку ноќ стана еден вид национален херој.
1945  Индија стана член на Организацијата на Обединетите нации.
1967  За првпат во историјата на космонаутиката е извршено спојување и раздвојување на вештачки Земјини сателити. Ова го изведоа советските научници со леталата „Космос-186“ и „Космос-188“.
1973  Пуштен е во сообраќај мостот на Босфор, во Турција, кој ги поврзува Европа и Азија.
1974  Со нокаутот над Џорџ Форман, Мухамед Али се враќа во боксот како светски првак.
1975  Принцот Хуан Карлос станува претседател на Шпанија, заменувајќи го болниот генерал Франциско Франко.
1983  Во силниот земјотрес со силина од 6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Анадолија, во Турција, загинаа 1.300 луѓе.
1993  Министерството за односи со странство на Република Македонија, официјално е известено од генералниот секретар на Обединетите нации, дека е прифатена нотификацијата на Република Македонија, со која се пристапува кон Виенската конвенција за патниот сообраќај од 1968 година. Според тоа возилата регистрирани во Македонија ја користат ознаката „МК“.
1994  Втори повеќепартиски избори во Македонија. СДСМ оствари уверлива победа, а ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите и се откажа од учество во работата на Парламентот.
1995  Со тесен пораз, пропаѓа референдумот на Квебек за независност од Канада.


31 октомври

1517  На портата на црквата во Витенберг, Мартин Лутер ги објавил своите 95 тези. Со тоа започнала протестантската реформација во католичката црква. Овој ден се слави како „Ден на реформацијата“.
1876  Страотен циклон ја разурнал Индија во областа на сливот на реката Ганг, оставајќи зад себе над 100.000 загинати. Уште 100.000 загинале по невремето од болести.
1892  Артур Конан Дојл ги објавил Авантурите на Шерлок Холмс.
1924  Во Милано, Италија бил одржан Првиот меѓународен конгрес на штедилниците. Тој ден е прогласен за Светски ден на штедењето.
1956  Во Египет избувна Суецката војна. За да ја задржат контролата над Суецкиот Канал, Британските и француските авиони го бомбардираа Египет.
1984  Индира Ганди, премиерката на Индија, била убиена од двајца членови на обезбедувањето, етнички Сики. По убиството следеле немири во Њу Делхи во кои биле убиени скоро 2.000 невини Сики.
1994  Водачот на босанските Срби, Радован Караџиќ, објавил „воена состојба“ во Босна, наредувајќи сите резервисти да се јават кај своите команданти, за да се подготват за контра-офанзива во северозападниот дел на земјата.
1995  Република Македонија e вклучена во програмата ФАРЕ.