Италијански војни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Италијански војни

Битката за Павија од непознат фламански сликар (маслени бои на платно, 16 век).
Датум 1494–1559
Место јужна и западна Европа
Исход победа на Хабсбуршката династија, Шпанија станала водечка сила во Европа
Завојувани страни
Франција, Свето Римско Царство, италијанските градови-држави (од позначајните Венецијанска Република, Миланско војводство, Кралството Неапол, Папската Држава, Фиорентинска Република, и Војводството од Ферара), Англија, Шкотска, Шпанија, Отоманското Царство, Швајцарија, Саксонија и други.

Италијанските војни биле серија на воени конфликти од 1494 до 1559 година во кои се вмешале сите главни држави од западна Европа во тоа време (Франција, Шпанија, Светото Римско Царство, Англија, Шкотска, Венецијанска Република, папските држави и повеќето градови-држави на Италија) како и Отоманското Царство, сите во различни временски периоди.

Поради зголемувањето на династичките спорови помеѓу „Миланско војводство” и „Кралството Неапол”, војните станале претежно борба за моќ и територијална превласт. Одлика на сите учесници било постојаното менување на страната, создавање на многубројни сојузништва, против-сојузништва и постојани предавства. Текот на војната во италијанските битки бил комплициран и со чести пресврти. Во поголемиот период се случиле револуционерни настани и новоформирани држави. Биле употребени нови воени тактики, воените единици биле солидно опремени, а западна Европа го покажала сиот свој технолошки и научен напредок во однос на останатите политички фактори од тоа време.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Р. Ричи, Историски атлас на ренесансата, стр. 64