Прејди на содржината

Миланско Војводство

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Миланско војводство)
Миланско војводство
Ducato di Milano
Ducatus Mediolani
1395–1797
Flag of Милано
Flag
Статусвазал
Главен градМилано
Говорени јазициInsubric - италијански
Вероисповед
Римокатоличка црква
УредувањеКнежевство
Duke 
• 1395–1402
Џан Галеацо Висконти
• 1792–1797
Франц II
Историски периодEarly Modern
11 мај 1395
1447–1450
1450-1499, 1512-1515, 1521-1535
• француска управа
1499–1512, 1515-1521
• шпанско владеење
1535–1706
• австриско владеење
1706–1797
17 октомври 1797
Валуталира, солдо, денаро
Претходници
Наследници
Династија Висконти
Транспаданска република

Миланско Војводство (италијански: Ducato di Milano) — историска држава која се наоѓала на територијата на денешна Италија. Војводството било создадено во 1395 година како вазална држава на Светото Римско Царство а престанало да постои во 1797 година кога Наполеон Бонапарт извршил инвазија во денешна Италија.

Војводството било создадено на 1 мај 1395 година од Џан Галеацо Висконти [1], лорд на Милано и прв милански војвода. Кога династијата Висконти изумрела во 1447 година, Милано се прогласил за република а на чело на земјата застанал Франческо Сфорца кога успеал да се ожени со ќерката на последниот милански војвода. Династија Сфорца со Милано владеела до 1535 година.

Во 1498 година, војводата од Орлеан станал крал на Франција под името Луј XII. Веднаш по застанувањето на престолот тој ја побарал круната во Милано бидејќи сметал дека го наследил од неговиот татко. По одбивањето од страна на Сфорца следувала инвазија во 1499 година во Северна Италија каде успеал да го симне од престолот на Лудовико Сфорца. Франција со Миланското Војводство владееле до 1512 година, кога со помош на Швајцарија на чело на земјата бил поставен Масимилијан Сфорца, син на Лудовико. Новиот француски крал Франсоа I во 1515 година повторно го нападнал војводството и го заробил на Масимилијан. Со Милано французите владееле до 1521 година кога Австријците на власт го поставиле Франческо Сфорца II, брат на Масимилијан.

По францускиот пораз во Битката кај Павија во 1525 година, Франческо Сфорца се придружил кон сојузот против царот заедно со Венецијанската Република, Фирентинската Република, папата и Франција. По неговата смрт во 1535 година престолот останал без наследник, па земјата повторно била воведена во војна помеѓу Светото Римско Царство и Франција. Во 1545 година било основано Војводство Парма, јужно од реката По. Карло V успеал да го завладее војводството по потпишувањето на мировниот договор.

Под власта на Шпанија, војводството останало до почетокот на Војната за шпанското наследство во 18 век, кога било освоено од страна на Австрија. Под австриска управа останало до почетокот на Наполеонбските војни кога во 1796 година престанало да постои. По поразот на Наполеон, според мировниот договор од 1815 година Миланското Војводство не било обновено туку било вклучено во составот на Кралство Ломбардија-Венеција кое пак престанало да постои во 1866 кога било припоено кон Кралство Италија.