Милан Бартош
| Милан Бартош Милан Бартош | ||
![]() | ||
| Роден | 10 ноември 1901
Белград | |
|---|---|---|
| Починал | 12 март 1974
Белград | |
| Националност | Србин | |
| Занимање | правник, универзитетски професор, академик | |
Милан Бартош (Белград, 10 ноември 1901 - (Белград, 12 март 1974 ) – правник, универзитетски професор по меѓународно право, редовен член на САНУ и член на МАНУ надвор од работниот состав (4 мај 1972).[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Бартош дипломирал право во Белград во 1924 година, а докторирал во Париз во 1927 година, по што бил професор на Белградскиот универзитет од 1928 година. Учествувал на низа заседанија на Генералното собрание на ООН (1945-1953), бил арбитар на Постојаниот меѓународен арбитражен суд во Хаг (1945), главен правен советник за надворешни работи во звањето амбасадор (1949-1963), претседател на Светското здружение за меѓународно право (1956-1958) и почесен доживотен претседател, шеф на југословенската делегација на Првата и на Втората женевска конференција за поморско право (1958 и 1960), генерален секретар (1961-1965) и потпретседател (1965-1971) на САНУ, претседател на Комисијата на ООН за меѓународно право (1965), претседател на Хашката академија за меѓународно право и др. Бил претседател на Матичната комисија за основањето на МАНУ (1967). Го уредувал списанието „Анали Правног факултета“ во Белград. Автор е на голем број книги, студии, статии и други прилози.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 133. ISBN 978-608-203-023-4.
|

