Филипини

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Република Филипини)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Република Филипини
Repúbliká ng̃ Pilipinas
Знаме Грб
Гесло„За Господ, Народот, Природата и Земјата“
ХимнаLupang Hinirang
Избрана земја

Главен градМанила
14°35′N 121°0′E / 14.583° СГШ; 121.000° ИГД / 14.583; 121.000
Најголем град Кезон
Службен јазик филипински и англиски
Признаени регионални јазици биколски, себуански, илокански, хилигајнонски, капампангански, пангасинански, тагалошки, варајски[1]
Демоним Филипинци, Пиној
Уредување Унитарна претседателска уставна република
 •  Претседател Родриго Дутерте
 •  Потпретседател Лени Ровредо
Независност од Шпанија
од САД 
 •  Основана 16 март 1521 
 •  Декларирана 12 јуни 1898 
 •  Самовладеење 24 март 1934 
 •  призната независност 4 јули 1946 
 •  Сегашен устав 2 февруари 1987 
Површина
 •  Вкупна 300,000 км2 Грешка во наводот: Погрешна ознака<ref>; погрешни имиња, т.е. ги има премногу.(72ра)
 •  Вода (%) 0,61%
Население
 •  проценка за 2000 г. 88,701 милиони (12та)
 •  Попис 2000 76.498.735 
 •  Густина 290 жит/км2 (320та)
БДП (ПКМ) проценка за 2006 г.
 •  Вкупен $466,632 милијарди (25та)
 •  По жител $5,365.287 (99та)
БДП (номинален) проценка за 2006 г.
 •  Вкупно $117,562 милијарди (47ма)
 •  По жител $1,351.718 (117та)
Џиниев коеф. (2009)positive decrease 43.0[2]
среден · 44та
ИЧР (2013) 0.660[3]
среден · 117та
Валута Пезо (Филипински: piso PhilippinePeso.svg) (PHP)
Часовен појас ФСТ (UTC+8)
НДД .ph
Повик. бр. 63
1. Шпански и Арапски се промовирани како доброволни.

Филипини, официјално Република Филипини, е островска нација во југоисточна Азија. Се состои од архипелаг со 7.641 остров на Висајските Острови[4] кој се состои од три дела: Лузон, Висај и Минданао. Главниот град е Манила, додека најголемиот град е Кезон; двата града заедно ја формираат метрополитенската област Манила.

На север од Филипините преку Лузонското Море е Тајван; Виетнам се наоѓа на западната страна од Јужнокинеското Море; кон југозападот Сулското Море ги одвојува Филипините од островот Борнео, а Целебеското Море одделува од други индонезиски острови; кон исток излегува на Филипинското Море. Со оглед на тоа што се наоѓа во Пацификот и во близина на екваторот, Филипините се изложени на земјотреси и тајфуни, но изобилуваат со големи природни ресурси, што ги става меѓу земјите со најразновидна флора и фауна. Со површина од околу 300.000 km², Филипините се 64. држава по големина во светот.

Филипините имаат 100 милиони жители,[5] што ги прави седми во Азија и на дванаесеттото место во светот. Филипинската дијаспора е една од најбројните и се проценува дека околу 12 милиони Филипинци живеат надвор од матичната држава. Постојат многу етнички групи кои живеат на филипините. Првите жители биле Негритите кои се населиле уште во праисторијата. По нив, австронезијските народи пристигнале во неколку наоди. Во текот на вековите тука се населиле припадници на различни народи и нации, и за тоа придонела трговијата со кинезите, малајците, индијците и со исламските земји.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Филипините беа именувани по шпанскиот крал Филип II. Шпанскиот истражувач Руј Лопез во 1542 година,островите Лејтер и Самар, ги нарекол Фелипинас по принцот од Австрија, така што терминот Лас Ислас Филипинас започнал да се користи за целиот архипелаг. Пред прифаќањето на ова име, архипелагот е исто така познат како Ислас дел Пориенте (островите на запад), а исто така е користено и името кое го дал Магелан, Сан Лазаро.[6] [7] [8] [9] [10]

Во текот на историјата овој архипелаг го променил своето име неколку пати. За време на Филипинската револуција, Конгресот на Малолос ја прогласил под името Република Филипини (шпански: República Filipina). Во првите децении на XX век, американските колонијални власти оваа држава ја нарекувале Острови Филипини (англиски: Philippine Islands), што е превод на шпанското име. Од крајот на Втората светска војна, официјалното име за оваа земја е Република Филипини.[11]

Старите доселеници ги нарекле Филипините Дајав, па така е донесен предлог колонијалното име да биде заменето со Република Дајав, [12] покрај другите предлози.

Географија[уреди | уреди извор]

Положба[уреди | уреди извор]

Филипините се архипелаг кој опфаќа 7.107 острови со површина од околу 300.000 km². [13] Единаесетте најголеми острови заземаат 94% од површината на Филипините. Двата најголеми острова се Лузон, кој опфаќа 105.000 км² и Минданао, со површина од 95.000 km². Должината на брегот е 36.289 км, што ги прави Филипините петти во светот. [14] Филипинскиот архипелаг се наоѓа помеѓу 116 ° 40 ', и 126 ° 34' ИГД и 4 ° 40 'и 21 ° 10' ТСВ. Кон исток, се граничи со Филипинското, кон запад со Јужнокинеското и на југ со Целебеското море . Островот Борнео се наоѓа на само неколку стотици километри југозападно, додека Тајван се наоѓа северно од Филипинскиот архипелаг. Молучка и на островите Сулавеси се наоѓаат јужни и југозападно, додека Палау се наоѓа источно од Филипините. [1]

Геологија и релјеф[уреди | уреди извор]

Островите на Филипинскиот архипелаг имаат вулканско потекло и главно се ридски. Во нив доминираат тропските дождовни шуми. Највисоката планина е планината Апо, со висина од 2954 метри, на островот Минданао. Најдолгата река е Кагајан, на север од островот Лузон, додека Лагуна де Бај е најголемото езеро на островот. Поголеми заливи на Филипинскиот архипелаг се Субик, Давао и Моро .

Земјиште на стрмните планини на северот на Филипините

Клима[уреди | уреди извор]

Тајфунот Меги(исто така познат како Хуан ) над Филипините

Филипините имаат умерена тропска клима која се карактеризира со голема влажност и топлина. Филипинскиот архипелаг има три сезони: таг-init или таг-арав ,оваа сезона е сува и многу пријатна сезона која трае од март до мај; дождовната сезона е од јуни до ноември; и таг-lamig, ладно и суво време и трае од декември до февруари. Од мај до октомври, југозападниот дел на архипелагот е изложен на монсун познат како Хабагат, додека монсунот Амихан е присутен на североисток од ноември до април. [15] Температурата најчесто се движи од 21 до 32   ° C, иако може да биде значително повисока или пониска во зависност од сезоната. Најстуден месец е јануари, додека најтопол месец е мај. [16]

Просечната годишна температура е 26,6   ° C. [15] Без оглед на географската широчината и должината температурните варијации на нивото на морето се минимални, додека со промената на надморската висина ова не е случај. Просечната годишна температура во Баги, на надморска височина од 1500 метри, изнесува 18,3   ° C.

Политика[уреди | уреди извор]

Филипините се демократска република со претседателски систем на власт. [17] Тие се унитарна држава, со исклучок на Автономниот регион во муслиманскиот Минданао, кој во голема мера е исклучен од надлежноста на републиканската влада. Од владеењето на Рамос, имало обиди за промена на организацијата на владата, со тоа што државата станала федерализирана. [18] [19]

Население, религија и јазик[уреди | уреди извор]

Во земјата живеат 88,5 милиони жители,по податоците од 2007та година.Тие се делат на 50 етнички групи меѓу кои најбројни се Тагали околу 30%,Илокано,Моро...Од доселеници најбројни се кинезите со околу 1,5 милиони.Со доаѓањето на Шпанците на овие простори придонело до ширење на христијанството,па така денес околу 95% од Фиилипинците се христијанска вера.Најповеќе се каотолици со околу 85%,6% се припадници на филипинската црква,4% се протестанти,додека во останатиот мал дел се со исламска вероисповед. Како официјални јазици се англискиот и филипинскиот(стандардизиран јазик базиран на јазикот тагалог).Овие два јазика често се комбинираат во јавниот живот и медиумите.

Економија[уреди | уреди извор]

Филипинската економија е една од најразвиените земји во АСЕАН, но на светско ниво се смета за земја во развој. Голем процентот на работоспособното население, кое работи во текстилната индустрија и во производството на облека и обувки. Од земјоделските производи најмногу се извезуваат ориз, чај, рум, кафе, банани, какао и ананас.Исто така се извезуваат и пластика, играчки, месо, риба, особено туна, чили и пиперки, компир, кокос и така натаму. Земјата има значителни количини на руда и нафта.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Општи информации“. Влада на Филипините. конс. 1 октомври 2007. 
     „Официјално веб-место“. Влада на Филипините. конс. 2007-10-01.  Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „About“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  2. „Gini Index“. World Bank. конс. 2 март 2011. 
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. конс. 27 јули 2014. 
  4. „More islands, more fun in PH“. 20. 2. 2016. конс. 20 јуни 2018. 
  5. Philippines joyous as baby Chonalyn's arrival means population hits 100m | World news | The GuardianШаблон:Ботовски наслов
  6. Scott 1994.
  7. Spate 1979.
  8. Friis 1967.
  9. Galang 1957.
  10. Tarling 1999.
  11. "The Philippines are or is?" „The Philippines are or is?“. Manuel Quezon III. конс. 7. 9. 2014.. 
  12. http://lifestyle.inquirer.net/74538/dayaw-festival-celebrates-indigenous-peoples-cultures/
  13. „General Profile of the Philippines : Geography“. Philippine Information Agency. 
  14. Central Intelligence Agency. (2009). "Field Listing :: Coastline". Washington, D.C.: Author. Приступљено 2009-11-07.
  15. 15,0 15,1 „Climate“. Philippines: A Country Study. U.S. Library of Congress. конс. 17. 12. 2014.. 
  16. „Weather“. lonelyplanet.com. конс. 17. 12. 2014.. 
  17. „Country description“. US State Department Website. US State Department Website. January 2012. Архивирано од изворникот на 3. 1. 2012. конс. 24. 1. 2012.. 
  18. Robles, Alan C. (July–August 2008 г). Civil service reform: Whose service?. „D+C“ (Internationale Weiterbildung und Entwicklung [InWEnt]) том  49: 285-289. http://www.inwent.org/ez/articles/077943/index.en.shtml. посет. 26. 11. 2014. г. 
  19. Bigornia, Amante.. „The 'consultations' on Charter change“, „The Manila Standard“, 17. 9. 1997..
Flag of the Philippines.svg Филипини
Главен град Манила | Метро Манила
Покраини Абра · Северен Агусан · Јужен Агусан · Аклан · Албај · Антике · Апајао · Аурора · Басилан · Батаан · Батангас · Батанес · Бенгет · Билиран · Бохол · Букиднон · Булакан · Гимарас · И. Давао · Ј. Давао · С. Давао · Динагат · Замбалес · Ј. Замбоанга · С. Замбоанга · Замбоанга Сибугај · Изабела · Илоило · Ј. Илокос · С. Илокос · Ифугао · Кавите · Кагајан · Калинга · Ј. Камаринес · С. Камаринес · Камигин · Капиз · Катандуанес · Себу · Кезон · Кирино · Долина Компостела · Ј. Котабато · Котабато · Ла Унион · Лагуна · С, Ланао · Ј. Ланао · Ј. Лејте · Лејте · Магинданао · Мариндуке · Масбате · З. Мисамис · И. Мисамис · З. Миндоро · И. Миндоро · З. Негрос · И. Негрос · Нова Есиха · Нова Вискаја · Палаван · Пампанга · Пангасинан · Планинска покраина · Ризал · Ромблон · И. Самар · С. Самар · Самар · Сарангани · Сикихор · Сорсогон · Султан Кударат · Сулу · Ј. Суригао · С. Суригао · Тави-Тави · Тарлак · Шариф Кабунсуан
Други видови
на поделба
Островски групи | Региони | Градови | Барангај | Законодавни окрузи
Спорни
тeритории
Сабах | Скарборски Гребен | Спретли