1 октомври (настани)
Изглед
| 331 п.н.е. | Александар Македонски го победил Дариј III во Битката кај Гавгамела. |
| 1795 | Белгија е освоена од Франција. |
| 1827 | Руската армија под водство на Иван Паскевич го освојува Ереван, завршувајќи го милениумот на муслиманска доминација во Ерменија. |
| 1869 | Австрија ги издава првите разгледници во светот. |
| 1880 | Првата фабрика за електрични светилки е отворена од Томас Едисон. |
| 1891 | Во Калифорнија се отвора Стенфорскиот универзитет. |
| 1908 | Форд го претставува „Модел Т“, првиот автомобил кој се произведувал на лента. Со цена од 825 долари, продадени се над 15 милиони возила во текот на 19-годишното производство. |
| 1943 | Околу 4.000 балисти, заедно со германски офицери и војници, на планината Буковиќ, Кичевско, извршија напад врз слободната територија на Западна Македонија. |
| 1943 | Петтата армија на САД го зазема Неапол (Италија). |
| 1949 | Водачот на Комунистичката партија Мао Це Тунг го прогласил создавањето на Народна Република Кина. |
| 1989 | Во Данска е озаконет истополовиот брак. Според данскиот закон, се вика „регистрирано партнерство“. |