Прејди на содржината

Алфа Кентаур Bb

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алфа Кентаур Bb
Вонсончева планета Список на вонсончеви планети

Уметничка замисла за Алфа Кентаур Bb
Матична ѕвезда
Ѕвезда Алфа Кентаур B
Соѕвездие Кентаур
Рекстацензија (α) 14ч 39м &1000000000035080300000035,0803с
Деклинација (δ) −60° 50′ &1000000000001376100000013,761″
Привидна величина (mV) +1,33
Оддалеченост4,366 ± 0,007 сг
(1,339 ± 0,002 пс)
Спектрален тип K1 V
Орбитални елементи
Голема полуоска(a) 0,04 ае
Орбитален период(P)3,2357 ± 0,0008 д
Полузамав (K) 0,51 м/с
Физички особености
Минимална маса(m sin i)1,13 ± 0,09 M
Температура (T) >1500 K
Информации за откривањето
Време на откривање 16 октомври 2012
Откривач(и) Dumusque et al.
Метод на откривање Доплеров
Место на октривање Ла Сиља, Чиле
Статус на откривање соопштено
Во базите на податоци
Енциклопедија на вонсончеви планетиврска
SIMBADврска

Алфа Кентаур(и) Bbпланета која кружи околу ѕвездата Алфа Кентаур B, прибл. 4,37 светлосни години од Земјата, во јужното соѕвездие Кентаур.[1] Ова е најблиската езгопланета до Земјата, и најнемасивната што кружи околу ѕвезда слична на Сонцето.[2]

Особености

[уреди | уреди извор]

Планетата не се наоѓа во животопогодниот појас бидејќи кружи мошне блиску до матичната ѕвезда (оддалечена само 0,04 ае) и навршува еден круг на секои 3,236 дена.[1] Има маса барем 1,13 пати поголема од онаа на Земјата; моментално е позната само долната граница поради отсуството на сознанија за нејзиниот орбитален наклон.[1] Површината на планетата има температура од барем 1200 °C (~1500 K),[3][4] што е преврело за да има течна вода, но и над температурата на топење на многу силикатни магми. За споредба, површината на Венера (најврела планета во сончевиот Систем) има температура од 462 °C (735 K).

По испитувањата на астросеизимичките и хромосферските активности и ѕвезденото вртење на ѕвездите A и B, утврдено е дека системот α Cen веројатно е малку постар од Сончевиот Систем (4,5-7 милијарди години).[5]

Пронаоѓање

[уреди | уреди извор]

Во 2009, со сметачка симулација е востановено дека е можно присуството на планета на растојание од 1,1 ае (160 милиони км) од Алфа Кентаур B, и дека нејзината орбита ќе одржи стабилност уште барем 250 милиони години.[6]

Во 2009,[7] екипа од европски астрономи,[2][3] почнала да работи со пребарувачот на планети HARPS во опсерваторијата Ла Сиља (Чиле), користејќи се со Доплеровиот метод.[8] На 16 октомври 2012 г. научниците соопштиле дека пронашле планета со земска маса во обритата околу Алфа Кентаур B.[2] Гравитацијата на планетата предизвикува нишања кај ѕвездата со величина од 51 сантиметри во секунда; утврдувањето на присуството на планетата претставува најголемо достигнување во прецизноста добиено со овој метод.[2]

  1. 1,0 1,1 1,2 Dumusque, X.; Pepe, F.; Lovis, C.; Ségransan, D.; Sahlmann, J.; Benz, W.; Bouchy, F.; Mayor, M.; Queloz, D.; Santos, N.; Udry, S. (17 октомври 2012). „An Earth mass planet orbiting Alpha Centauri B“ (PDF). Nature. 490. doi:10.1038/nature11572. Посетено на 17 октомври 2012.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Planet Found in Nearest Star System to Earth“. European Southern Observatory. 16 октомври 2012. Посетено на 17 октомври 2012.
  3. 3,0 3,1 Overbye, Dennis (17 October 2012). „New Planet in Neighborhood, Astronomically Speaking“. New York Times. Посетено на 17 October 2012.
  4. Palmer, Jason (17 октомври 2012). „Exoplanet around Alpha Centauri is nearest-ever“. BBC. Посетено на 17 октомври 2012.
  5. E. E. Mamajek; L. A. Hillenbrand (2008). „Improved Age Estimation for Solar-Type Dwarfs Using Activity-Rotation Diagnostics“. Astrophysical Journal. 687 (2): 1264. arXiv:0807.1686. Bibcode:2008ApJ...687.1264M. doi:10.1086/591785.Age discussion on page 1284
  6. Thebault, P., Marzazi, F., Scholl, H. (2009). „Planet formation in the habitable zone of alpha centauri B“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 393: L21–L25. arXiv:0811.0673. Bibcode:2009MNRAS.393L..21T. doi:10.1111/j.1745-3933.2008.00590.x.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  7. Wall, Mike (16 октомври 2012). „Discovery! Earth-Size Alien Planet at Alpha Centauri Is Closest Ever Seen“. Space.Com web site. TechMediaNetwork. Посетено на 17 октомври 2012. Надворешна врска во |work= (help)
  8. Borenstein, Seth (17 октомври 2012). „Earth-Sized Planet Found Just Outside Solar System“. ABC News. Посетено на 17 октомври 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]