Претседателот на САД, Џон Кенеди нареди морнарицата и воздухопловството на САД да ја блокираат Куба, бидејќи сметаше дека во таа земја се поставени советски лансирни рампи. Така, светот се најде во најдраматичниот период по Втората светска војна, кога лесно можеше да избувне нуклеарна пресметка меѓу двете супер сили (САД и СССР). Директната размена на пораки меѓу Кенеди и Хрушчов доведе најнапред до смирување на ситуацијата, а потоа до отстранување на советските ракети во замена за ветувањето на САД, дека нема да ја нападнат Куба.
Најстарата македонска православна црква во Австралија, „Свети Ѓорѓи“, во Фицрој, осветена во 1960 година, е продадена за 810.000 австралиски долари на некоја градежна фирма.