21 октомври (настани)
Изглед
1805 | Во Битката кај Трафалгар британската флота предводена од адмиралот Хорацио Нелсон ја победила здружената Француска и Шпанска флота. Оваа победа претставувала почеток на светската доминација на британската морнарица во следните 130 години. |
1824 | Џозеф Аспдин, ѕидар од Лидс, Англија, го патентирал портландскиот цемент. |
1941 | Втора светска војна: Поради загубите што ги претрпеа фашистичките единици во судирите со партизаните, Германците, како акт на одмазда, извршија масовно злосторство во Крагуевац, во Србија - од 21 до 23 октомври стрелаа околу 7.000 граѓани, меѓу кои имаше многу ученици и деца. |
1967 | Над 100.000 демонстранти протестирале против Виетнамската војна во Вашингтон, САД. 683 лица биле уапсени поради судири со полицијата. |
1995 | По одземањето на парламентарниот имунитет, генералниот секретар на НАТО, Вили Клас поднесе оставка. |
1997 | Мило Ѓукановиќ е избран за претседател на Црна Гора. |
2010 | Усвоено новото знаме на Мјанмар (Бурма). |