20 октомври (настани)
Изглед
1728 | Во Копенхаген избувнал голем пожар, опожарувајќи го поголемиот дел од градот. |
1803 | Сенатот на САД го ратификувал договорот со Франција за купување на големата територија околу сливот на реката Мисисипи наречена Луизијана. Со овој договор, САД речиси ја удвоиле својата дотогашна територија. |
1865 | Отава станала новата престолнина на Канада. |
1941 | Втора светска војна: Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласи опсадна состојба во Москва и мина во Кујбишев. Тоа беше најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дојде до пресврт. |
1944 | Втора светска војна: Ослободен градот Белград |
1945 | Жените во Франција добиле право на глас |
1949 | Југославија била избрана за постојанен член на Советот за безбедност при ООН |
1973 | Англиската кралица Елизабета II свечено ја отворила Сиднејската опера |
1994 | Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. „Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“, изјави Елцин. |
2001 | Протести низ француските градови против зависноста од јадрена енергија. |