Масовни убиства во Штипско, Кочанско и Повардарието
Масовни убиства во Штипско, Кочанско и Повардарието — случиле во периодот од 6 октомври до 7 ноември 1944 година. Тие биле извршени од страна на германскиот окупатор кој веќе ја губел контролата над територијата на Вардарска Македонија и чија Армиска група Е се повлекувала од Грција. Масовните убиства во овој период вклучуваат стрелања кои биле извршени во 16 села во Штипско, Кочанско и Повардарието, како и во градот Кочани, при што биле убиени вкупно 267 лица. Повеќе од половината од овие убиства, вкупно 137, биле извршени на 14 октомври 1944 година во 9 села во Штипско и Кочанско. Најмногу настрадале штипското село Крупиште, каде биле убиени 49 лица, демиркапиското село Бесвица со убиени 43 лица, штипското село Горни Балван со убиени 26 лица и кочанското село Уларци со убиени 25 лица.
Хронологија на масовните убиства
[уреди | уреди извор]Во периодот од 6 октомври до 7 ноември 1944 година се случиле следните масовни убиства:[1][2][3]
- 6 октомври во демирхисарските села Бесвица (43 убиени) и Прждево (21 убиен), како и во месноста Прждевски Лаки (8 убиени)
- 10 октомври во кочанското село Оризари (3 убиени)
- 14 октомври во штипските села Крупиште (49 убиени), Горни Балван (26 убиени) и Долни Балван (14 убиени), како и во кочанските села Уларци (25 убиени), Облешево (8 убиени), Тркање (7 убиени), Чешиново (4 убиени), Долни Подлог (3 убиени) и Соколарци (1 убиен)
- 16 октомври во Кочани (18 убиени)
- 17 и 18 октомври во Кочани (13 убиени)
- 21 октомври во кочанското село Лепопелци (13 убиени)
- 3 ноември во штипското село Аргулица (8 убиени)
- 4 ноември во штипското село Судик (2 убиени)
- 7 ноември во штипското село Врсаково (1 убиен)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Душко Цацков и др. (ур.) „Во пламенот за среќна иднина“, Штип, 1975, 61-62 стр.
- ↑ Павле Ананиев и др. (ур.) „Загинаа за да живеат 1941-1945“, Кочани, 1981, 97-104 стр.
- ↑ „Неготино во виорот на војната: зборник на паднатите борци во Народноослободителната војна и Револуцијата и жртвите на фашистичкиот терор во Неготинско“, Неготино, 1974, 179-181 стр.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Масакр во Радолишта, Струшко, извршен во истиот период, на 28 октомври 1944 г.
|