Разлика помеѓу преработките на „Отоманско Царство“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
[[Податотека:SiegeOfViennaByOttomanForces.jpg|thumb|left|[[Опсада на Виена (1529)|Опсада на Виена]] од 1529 година]]
[[Податотека:Battle of Lepanto 1571.jpg|thumb|[[Битка кај Лепанто (1571)|Битката кај Лепанто во 1571 година]]]]
Една од најнеуспешните војни и битки на Сулејман I била [[Опсада на Виена (1529)|опсадата на Виена]] во [[1529]] година. Опсадата претставува крајна точка на [[Османлиски војни во Европа|османлиската инвазија во Европа]], бидејќи по битката бил ставен крај на османлиското проширување во [[Европа]], иако во [[1683]] година имал уште [[Опсада на Виена (1683)|еден обид]] за зазимање на градот.
 
По смртта на Сулејман I, негов наследник станал неговиот син [[Селим II]]. Во текот на неговото владеење, тој успеал да ги зазеде [[Јемен]] и [[Крит]]. Во [[1570]] година султанот Селим II започнал воен поход, чија цел била да освои островот [[Кипар]] и крајбрежните делови од денешните држави [[Италија]] и [[Шпанија]]. Војната продолжила од [[1570]] до [[1573]] година. Во текот на [[1570]] и [[1571]] година биле заземани градовите [[Никозија]] и [[Фамагуста]]. Тој доживеал голем пораз во [[Битка кај Лепанто (1571)|битката кај Лепанто]] во [[1571]] година. Самиот Селим II се оддал на харемовиот живот. Во практика неговата империја била управувана од страна на [[Мехмед паша Соколовиќ]]. Тој починал во [[1574]] година од [[алкохол]].
 
По смртта на Селим, неговите следни два наследника [[Мурат III]] и [[Мехмед III]] продолжиле со борбата за превласт во [[харемХарем-и Хумајун|харемот]]от. Нивното време се одбележува со голема [[корупција]]. Од овие два султани се очекувало премногу, но сепак тие живееле типичен сарајски живот. границите на империјата повеќе не можеле да бидат проширувани бидејќи самиот султан не размислувал за тоа.
 
[[Ахмед I]] на престолот застанал во [[1603]] година, на свои 14 години. Во [[1617]] година бил потпишан мир со [[Персија]] и [[Молдавија]]. Тој бил првиот султан којшто не извршил братоубиство. Својот брат [[Мустафа I]] го прогласил за негов наследник бидејќи синот му Осман бил премногу млад. [[Мустафа I]] по само три месеци бил сменет од страна на [[Осман II]]. Осман II ја обезбедил источната граница со потпипшшување на мировен договор со Сафавидски Иран. Тој ја предводел инвазијата над [[Полска]]. По [[Битка кај КотинХотин (1621)|битката кај КотинХотин]], Отоманците биле поразени и Осман бил принуден да се врати во престолнината во срам, обвинувајќи ги јаничарите за поразот.
 
[[Мурат IV]] на престолот дошол во [[1623]] година. Тој е познат по тоа што го вратил авторитетот на земјата преку бруталноста на неговите мерки. Често пати знаел да заповеда да дојде некој паша кај него и едноставно да го погуби. Тој водел победоносна војна со [[Персија]], освојувајќи го [[Азербејџан]], [[Табриз]] и [[Хамадан]]. Во [[1638]] година го зазел и [[БагдатБагдад]]. [[Мехмед IV]] имал само 7 години кога бил прогласен за [[султан]]. Државната власт била управувана од страна на [[Валиде султан]] и самите јаничари. Во [[1664]] година неговите сили доживеале пораз кај [[Битка кај Сентготард (1664)|Сентготард]]. Големиот везир [[Кара Мустафа Паша]] залудно се свртел кон [[Виена]] во [[1683]] година и ја [[Опсада на Виена (1683)|ставил под опсада]]. По неговата неуспешна опсада, [[Кара Мустафа Паша]] бил погубен.
 
=== Периодот од 1683 до 1827 година ===

Прегледник