Топкапи Сарај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Топкапи Сарај
Topkapı Sarayı
طوپقاپو سرايى
Topkapi Palace Seen From Harem.JPG
Поглед на Топкапи Сарај од Босфорот
Општи податоци
Тип палата (1453–1853)
сместување на службеници (1853–1924)
музеј (1924–денес)
Стил османлиска , барок
Местоположба Истанбул, Турција
Координати 41°00′46.8″ СГШ 28°59′02.4″ ИГД / 
Почната 15 век
Нарачател османлиски султани
Сопственик Република Турција
Технички податоци
Структурен систем разни ниски згради опколени со дворови, павилјони и градини
Големина 592.600 - 700.000 m2 (6.379.000 - 7.535.000 sq ft)
Проектирање и изградба
Архитект Мехмед II, Алаудин, Давуд Ага, Мимар Синан, Саркис Балјан[1]

Топкапи Сарај (турски:Topkapı Sarayı[2]; отомански: طوپقاپو سرايى) е музеј кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој објект бил главното седиште на администрацијата на Османлиската империја во периодот помеѓу 1456 до 1853 година[3]. Бил изграден во времето на султан Мехмед II. Оваа резиденција се наоѓа помеѓу Златниот Рог и Мраморно море, блиску црквата Света Софија. Во 1853 година, султанот Абдул Меџит I ја преместил својата резиденција во Долмабахче.

Палатата претставувала истовремено седиште односно резиденција на султанот, центар на империјата и место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот. Во времето кога империјата била во своите најдобри години, во палатата живееле над 4,000 луѓе[3]Изградбата започнала во 1459 година, по наредба на султанот Мехмед II по зазимањето на Константинопол. Првично палатата била позната како Јени сарај или Нова палата, за да се разлилува од Екси сарај или Старата палата. Името Топкапи (топовска порта[4]), палатата го добила според павилјонот кој се наоѓал на брегот. Целиот комплекс бил прошируван постојано со текот на годините, а како најголеми биле по земјотресот од 1509 година и по пожарот од 1665 година.

Во текот на 17 век, Топкапи Сарај постепено започнал да ја губи својата важност поради тоа што султаните преферирале да го поминуваат времето во нивните нови палати на Босфорот. Во 1856 година, султанот Абдул Меџит решил резиденцијата да ја префрли во Долмабахче, како прва палата изградена според европски стил. Но, некои административни дела, како на пример на султанскиот трезор и библиотеката останале во Топкапи. Во 1923 година Топкапи сарај бил претворен во музеј. Денеска објектот претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Денеска, Топкапи Сарај претставува едно од најголемите туристички атракции на градот.

Во 1985 година, палатата од страна на УНЕСКО била вклучена во спосокот на светско и културно наследство на Турција, како најдобар пример од комплекси некогаш изграден во времето на Османлиите[5].

Историја[уреди | уреди извор]

Константинопол[уреди | уреди извор]

Византиски остатоци во Вториот двор

Палатата Топкапи се наоѓа на еден висок рид многу блиску до морето, кој гледа кон Златниот Рог и Босфорот. За време на Античка Грција и Византија на ова место се наоѓал Акрополот, кој вклучувал цистерна, која се наоѓа во вториот двор на Топкапи, како и остатоци од мала црква која се викала Палата Базилика. Камените и столбовите кој останале од византиската палата биле искористени за изградба на дел од Топкапи. Денеска сеуште се чува и е под заштита системот кој користел за снабдување на вода во дворецот. Во еден од дворовите се наоѓа и кадата односно местото каде биле крштевани дел од византиското царско семејство. Надвор од античкиот Акропол денеска е зачувана црквата Света Ирина, која денеска се наоѓа во предниот двор на Топкапи сарај.

Изградба[уреди | уреди извор]

Мехмед II наредил изградба на палатата во 1460-те години

По падот на Константинопол во 1453 година, султанот Мехмед II ја нашол Големата императорска палата во рушевини[6]. Како центар на освениот град од Османлиите станал Стариот дворец или Ески сарај кој денеска се наоѓа во дворот на Истанбулскиот универзитет.

Макета на палатата
Карта на четирите дворови

Султанот сакал да пронајде подобро место за новиот дворец и како место го избрал Акрополот. Така, на највисокиот дел од ридот била изградена неговата резиденција додека подолу од ридот во насока кон Босфорот биле изградени останатите градби[7]. Целиот комплекс бил заобиколен со високи ѕидови, а некои од нив се истите кои го заобиколувале античкиот акропол. Според изворите, султанот имал намера да ги собере најдобрите мајстори и материјали од сите делови на земјата за да го изгради својот дворец. Палатата не била изградена врз основа на еден архитектонски план. Во текот на историјата, планот на палатата биле дополнуван со нови објекти и елементи но главниот распоред од времето на Мехмед II останал ист[8]. Најголеми промени палатата доживеала во времето на Сулејман I кој владеел во периодот од 1520 до 1560 година. Со брзиот подем на империјата, тој сакал својата сила да ја прикаже и преку изградба на дворецот. Како главен архитект во тоа време бил избран персиецот Аладин[9], кој исто така бил одговорен за проширувањето на харемот.

Пожарот од 1574 година ги уништило кујните во палатата. Султанот Селим II задачата за реновирање на комплексот му ја доверил на Мимар Синан. Така под негова контрола биле обновени опожарените делови на палатата но исто така бил проширен и самиот комплекс и биле реновирани хремот, бањите, личната одаја на султанот и неколку киосци во дворот[9]. Палатата својот денешен изглед го добила кон крајот на 16 век. Поголемиот број од зградите во комплексот се расфрлани, има многу галерии и пасуси, мал број од зградите се на два ката, и скоро секоја од нив е опкружена со градина, дрвја, фонтани. Вратите и прозорците на зградите гледаат кон внатрешните дворови. На тој начин се создавал отворен простор и атмосфера со цел да се обезбеди ладен воздух во текот на топлите лета. Султанскиот дел од палатата бил изграден на начин кој му обезбедил на султанот максимално спокојство и недостапност. Палатата погледната од високо приликува на неправилен правоаголник, разделен на четири одновни дворови и харем. Првиот двор е најдостапното место во комплексот, додека во четвртиот се наоѓале личните покои на султанот и непристапниот харем. Петтиот двор бил во реалноста најоддалеченото место на палатата кој се граничил со морето. Пристапот до секој двор е ограничен со изградените високи ѕидини и контролните порти. Освен четирите основни дворови, во комплексот има множество на мали внатрешни дворови кои се затворени помеѓу секоја зграда. Целата плоштина на комплексот изнесува помеѓу 592.600[10] и 700.000 квадратни метри во зависност од тоа кои делови се бројат[11].

Јужниот дел (првиот двор) и северниот дел (зад султанските покои) граничат со голем парк, денес познат како Ѓулхан. Околу палатата на јужната и источната страна се наоѓа Мраморно Море. Во дворецот се наоѓаат разни поврзани помеѓу себе објекти, киосци и павилјони. Во минатото комплексот бил поголем од тоа што претставува денес. Дел од објектите биле разрушени поради изградба на брегот од морето железничка пруга во текот на 19 век. Последниот објект кој е зачуван во морскиот дел од комплексот е Баскетмакерс киоск кој бил изграден во 1592 година во времето на Мурат III.

Функционалност[уреди | уреди извор]

Палатата претставувала главна резиденција на османлискиот султан и неговата администрација. Пристапот во палатата бил строго регулиран и комплексот делувал како самостоен субјект однодно град во град и се она што би било потребно за еден живот на човекот. Палатата имала сопствени канали за водоснабдување преку подземни цистерни, како што била Цистерна базилика која се наоѓала во близина на Аја Софија. Палатата располагала со големи кујни во кои била приготвувана храната илјадниците жители, библиотека, градини, училишта, џамии. Овде работеле и неколку занаетчии и мајстори кои ги произведувале некои од најдобрите дела во целата империја.

Животот во палатата бил строго контролиран а самиот султан заедно со неговото семејство имал голема изолација од остатокот од светот[12]. Една од најголемата карактеристика на палатата била големата тишина во внатрешните дворови. Овиој принцип на изолација со текот на времето се одразил и во градежните работи[13]. Архитектите при изградба морале дополнително да се осигуруваат, за султснот и неговата амилија да уживаат максимално во нивната приватнос и дискреција[14].

Главна порта[уреди | уреди извор]

Султанска порта (Bâb-ı Hümâyûn)

Портата претставува главен влез во Првиот двор на палатата. Главната улица што води кон палатата во времето на Византија била улицата Месе, денеска Диван Јолу или улицата на советот. Улицата Месе била користена за царските поворки во времето на византиската и османлиската ера. Улицата започнувала од Аја Софија и завршувала до палатата пред фонтаната на Ахмед III. Султанот во палатата влегувал преку Султанската порта (турски: Bâb-ı Hümâyûn или латински: Porta Augusta), во јужниот дел од палатата[15]. Портата била изградена во 1478 година а мермерот со која е покриена датирта од 19 век. Основата на портата е правоаголна, на два ката и арка помеѓу внатрешниот и надворешниот дел. Горниот дел од портата се користел од страна на султанот за набљудување на различни свечености. Позлатената отоманска калиграфија го краси врвот од структурата на арката, со стихови од Куранот и тугри на султаните[16].

На еден од натписите на портата пишува:

Со благодет на Бога и со Негово одобрување, темелите на оваа палата беа поставени, с неговите делови беа цврсто приклучени за да се зајакне мирот и спокојството. Оваа благословена палата, со цел да ја обезбеди безбедната подршка од Алах и во согласност на султанот Мехмед, син на Мурад, султан на земјата, владетел на морињата, сенката на Алах, Божјиот заменик на истокот и западот, освојувачот на Константинопол, султан Мехмед хан го направи за неговата вечна империја

На двете страни од портата се наоѓаат соби за обезбедувањето на портата. Портата била отворена во текот од утринската молитва до последната вечерна молитва. Според старите документи, до 19 век над портата се наоѓал дрвен апартман[17]. За прв пат како павилјон бил употребен од страна на султанот Мехмед II, а некое време овде се наоѓало и минисерството за финансии. Објектот исто така се користел и од дамите од харемот во специјални прилики[18].

Прв двор[уреди | уреди извор]

Црквата Света Ирина во Првиот двор
Монетен двор

Во првиот двор (I. Avlu или Alay Meydanı) се влегува преку Султанската порта. Дворот е опкружен со високи ѕидови[19]. Овој двор е најголемиот од сите останати во палатата и имал претежно објекти со секојдневни функции кои не биле наменети за свечености. Денеска поголемиот број од овие згради не се зачувани.[20], но можат да се видат Монетниот двор (Darphane-i Âmire) кој бил изграден во 1722 година, црквата Света Ирина и неколку фонтани. Византиската црква никогаш не била разрушена од Османлиите и се користела како магацин за оружје и касарна за јаничарскиот корпус[21].

Овој двор исто така е познат и како Дворот на јаничарите и Дворот на парадата. Во овој двор посетителите требало да се симнат од својот коњ и да продолжат пешки кон следниот двор. Исто така овој двор служел како чекална на странските амбасадори, јаничарите, службениците. Овој двор бил единствениот кој често бил отворен за јавноста. За влез во вториот двор, требало да се помине преку Портата на поздравот[22].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. director; Batur, editor Afife (2006). Historic peninsula. Istanbul: Chamber of Architects of Turkey Istanbul Metropolitan Branch. стр. 65-6. ISBN 9753958994. http://books.google.com/books?id=T70VAQAAIAAJ. 
  2. The word "Topkapı" is pronounced "Tope-kah-py" (with long "o").
  3. 3,0 3,1 Simons, Marlise. „Center of Ottoman Power“, „New York Times“, 22 август 1993 (конс. 4 јуни 2009).
  4. „Top Capou (i.e. Top Kapı), Constantinople, Turkey“. 1890–1900. http://www.wdl.org/en/item/8833/. конс. 20 октомври 2013. 
  5. ICOMOS (2006). „2006 Periodic Reporting“ (PDF). State of Conservation of World Heritage Properties in Europe SECTION II. UNESCO. http://whc.unesco.org/archive/periodicreporting/EUR/cycle01/section2/356-summary.pdf. конс. 17 септември 2008. 
  6. Necipoğlu, Gülru (1991). Architecture, ceremonial, and power: The Topkapı Palace in the fifteenth and sixteenth centuries. Cambridge, Massachusetts: The MIT Press. стр. 3. ISBN 0-262-14050-0. 
  7. Necipoğlu, pg. 6
  8. Bilkent University. „Historical Information on The Topkapi Palace Museum“. http://www.ee.bilkent.edu.tr/~history/intro.html. конс. 17 септември 2008. 
  9. 9,0 9,1 Necipoğlu, pg. 23
  10. Necipoğlu, pg. 4
  11. „1465“. The Encyclopedia of World History. 2001. http://www.bartleby.com/67/314.html. конс. 15 јуни 2008. 
  12. Necipoğlu, pg. 15
  13. Necipoğlu, pg. 16-17
  14. Necipoğlu, pg. 20
  15. Topkapı Palace Museum. „Bâb-ı Hümâyûn / Imperial Gate“. архивирано од оригиналот на 10 мај 2008. http://web.archive.org/web/20080510091629/http://www.topkapisarayi.gov.tr/eng/saltanatkapisi.html. конс. 17 септември 2008. 
  16. Necipoğlu, pg. 36
  17. Depiction from the 16th-century miniature Hünername
  18. Necipoğlu, pg. 38-39
  19. „I. Courtyard / Alay Meydanı“. Topkapı Palace Museum. архивирано од оригиналот на 7 март 2008. http://web.archive.org/web/20080307112552/http://www.topkapisarayi.gov.tr/eng/alaymeydani.html. конс. 16 август 2008. 
  20. Necipoğlu, pg. 46-50
  21. Necipoğlu, pg. 46
  22. Necipoğlu, pg. 44

Надворешни врски[уреди | уреди извор]






.


.