Грчки крст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грчки крст

Грчки крст е крст на кој сите четири краци се со еднаква должина. Една од најчестите христијански форми, во употреба е од 4 век. Додека латинскиот крст се служи со распетието, грчкиот крст обично се смета за знак на Бога. Тоа е знак на црквата и христијанското општество. Просторот помеѓу рацете е често исполнет со други знаци или кратенки, како со крстот од Ерусалим и грчката ознака со ICXC и NIKA. Од оваа основна форма се развиени повеќето крстови во хералдиката, кои во голема мерка ја проширија разновидноста на форми на крстот. Грчкиот крст е облик на осветувачкиот крст. Црвениот крст ја користи формата на запад (црвена полумесечина се користи во муслиманските земји). Грчкиот крст исто така се користи и на знамето на Грција.