Хугенотски крст
Изглед
Хугенотски крст — протестантски симбол со потекло од југот на Франција, има облик на малтешки крст со врвови украсени со бисери. Лилјани или срца се вметнати меѓу краците на крстот на кои виси гулаб на Светиот Дух или ампула во форма на крушка или солза наречена „трису“. Хугенотскиот крст се носи околу вратот, обесен на ланче.
Бил создаден околу 1688 година, по укинувањето на Едиктот од Нант, од златар од Ним, Местр.