Крст на Свети Ѓорѓи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Крстот на Свети Ѓорѓи

Крстот на Свети Ѓорѓи — црвен крст на бела позадина, кој од доцниот среден век се поврзува со Свети Ѓорѓи, воен светец, кој честопати бил прикажан како крстоносец.

Поврзуван со Крстоносните војни, црвено-белиот крст има потеклото во 10 век. Се користел од страна на Република Џенова можеби уште во текот на 10 век. Симболот бил усвоен од Швапскиот сојуз во пред-реформското Свето Римско Царство. Црвено-белиот крст бил широко користен користен низ Северна Италија како симбол на Болоња, Падова, Реџо Емилија, Мантуа, Верчели, Алесандрија, и наместо името Свети Ѓорѓи, се користело името „Крст на Свети Амброзије“, усвоен од Комуната на Милано во 1045 година[1].

Свети Ѓорѓи е „заштитник на Англија“ по Англиската реформација. Од раниот модерен период, неговото знаме се идентификува како национално знаме на Англија. Свети Ѓорѓи е покровител на Каталонија, Шпанија, како и на Грузија. Националното знаме на Грузија (2004) претставува комбинација од крстот Свети Ѓорѓи и Ерусалимскиот крст.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Official site of Commune of Milan. Historical background. The chronicles say it was chosen as a combination of the ancient white flag of Milanese plebs, attested in 1038 during Conrad II's siege of Milan, and the red cross pattée that was an ancient symbol of Lombard nobility. It is also attested, in this older version, in a diplomatic letter dated 1155. See also: Evolution of Milan's flag.