Топкапи-сарај

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Топкапи сарај)
Топкапи-сарај
Topkapı Sarayı
طوپقاپو سرايى
Поглед на Топкапи-сарај од Босфорот
Карта
Општи податоци
Видпалата (1453–1853)
сместување на службеници (1853–1924)
музеј (1924–денес)
Стилосманлиски, барокен
МестоИстанбул, Турција
Координати41°0′46.8″N 28°59′2.4″E / 41.013000° СГШ; 28.984000° ИГД / 41.013000; 28.984000
Почната15 век
Нарачателосманлиски султани
СопственикРепублика Турција
Технички податоци
Структурен системразни ниски згради опколени со дворови, павилјони и градини
Големина592.600-700.000 м2
Проектирање и изградба
АрхитектМехмед II, Алаудин, Давуд-ага, Мимар Синан, Саркис Балјан[1]

Топкапи-сарај (турски: Topkapı Sarayı; отомански: طوپقاپو سرايى) — музеј во Истанбул, Турција. Овој објект бил главното седиште на администрацијата на Османлиското Царство во периодот помеѓу 1456 до 1853 година[2]. Бил изграден во времето на султан Мехмед II. Оваа резиденција се наоѓа помеѓу Златниот Рог и Мраморно Море, блиску црквата Света Софија. Во 1853 година, султанот Абдул Меџит I ја преместил својата резиденција во Долмабахче.

Палатата претставувала истовремено седиште односно резиденција на султанот, центар на царството и место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот. Во времето кога царството било во своите најдобри години, во палатата живееле над 4.000 луѓе[2]. Самиот комплекс е поделен на четири дела или четири дворови со голем број на помали објекти како на пример џамија, болница, пекарница и ковачница.[2] Изградбата започнала во 1459 година, по наредба на султанот Мехмед II по заземањето на Цариград. Првично палатата била позната како Јени сарај или Нова палата, за да се разликува од Екси сарај или Старата палата. Името Топкапи (топовска порта[3]), палатата го добила според павилјонот кој се наоѓал на брегот. Целиот комплекс бил прошируван постојано со текот на годините, а како најголеми биле по земјотресот од 1509 година и по пожарот од 1665 година.

Во текот на 17 век, Топкапи-сарај постепено започнал да ја губи својата важност поради тоа што султаните претпочитале да го поминуваат времето во нивните нови палати на Босфорот. Во 1856 година, султанот Абдул Меџит решил резиденцијата да ја префрли во Долмабахче, како прва палата изградена според европски стил. Но, некои административни делови, како на пример на султанската ризница и библиотеката, останале во Топкапи. Во 1923 година Топкапи-сарај бил претворен во музеј. Денес, објектот претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Топкапи-сарај претставува едно од најголемите туристички атракции на градот.

Во 1985 година, палатата од страна на УНЕСКО била вклучена во списокот на светско и културно наследство на Турција, како најдобар пример од комплекси изграден во времето на Османлиите[4].

Историја[уреди | уреди извор]

Цариград[уреди | уреди извор]

Византиски остатоци во Вториот двор

Палатата Топкапи се наоѓа на еден висок рид многу блиску до морето, кој гледа кон Златниот Рог и Босфорот. За време на Стара Грција и Византија на ова место се наоѓал Акрополот, кој вклучувал цистерна, која се наоѓа во вториот двор на Топкапи, како и остатоци од мала црква која се викала Палата Базилика. Камените и столбовите кој останале од византиската палата биле искористени за изградба на дел од Топкапи. Денеска сè уште се чува и е под заштита системот кој користел за снабдување на вода во дворецот. Во еден од дворовите се наоѓа и кадата односно местото каде биле крштевани припадници (дел) на византиското царско семејство. Надвор од античкиот Акропол денеска е зачувана црквата Света Ирина, која денеска се наоѓа во предниот двор на Топкапи-сарај.

Изградба[уреди | уреди извор]

Мехмед II наредил изградба на палатата во 1460-те години

По падот на Цариград во 1453 година, султанот Мехмед II ја нашол Големата императорска палата во рушевини[5]. Како центар на освоениот град од Османлиите станал Стариот дворец или Ески-сарај кој денеска се наоѓа во дворот на Истанбулскиот универзитет.

Макета на палатата
Карта на четирите дворови

Султанот сакал да пронајде подобро место за новиот дворец и како место го избрал Акрополот. Така, на највисокиот дел од ридот била изградена неговата резиденција додека подолу од ридот во насока кон Босфорот биле изградени останатите градби[6]. Целиот комплекс бил заобиколен со високи ѕидови, а некои од нив се истите кои го заобиколувале античкиот акропол. Според изворите, султанот имал намера да ги собере најдобрите мајстори и материјали од сите делови на земјата за да го изгради својот дворец. Палатата не била изградена врз основа на еден архитектонски план. Во текот на историјата, планот на палатата биле дополнуван со нови објекти и елементи, но главниот распоред од времето на Мехмед II останал ист[7]. Најголеми промени палатата доживеала во времето на Сулејман I кој владеел во периодот од 1520 до 1560 година. Со брзиот подем на царството, тој сакал својата сила да ја прикаже и преку изградба на дворецот. Како главен архитект во тоа време бил избран Персиецот Аладин[8], кој исто така бил одговорен за проширувањето на харемот.

Пожарот од 1574 година ги уништило кујните во палатата. Султанот Селим II задачата за реновирање на комплексот му ја доверил на Мимар Синан. Така под негова контрола биле обновени опожарените делови на палатата, а исто така бил проширен и самиот комплекс и биле реновирани харемот, бањите, личната одаја на султанот и неколку киосци во дворот[8]. Палатата својот денешен изглед го добила кон крајот на 16 век. Поголемиот број од зградите во комплексот се расфрлани, има многу галерии и пасуси, мал број од зградите се на два ката, и скоро секоја од нив е опкружена со градина, дрвја, фонтани. Вратите и прозорците на зградите гледаат кон внатрешните дворови. На тој начин се создавал отворен простор и атмосфера со цел да се обезбеди ладен воздух во текот на топлите лета. Султанскиот дел од палатата бил изграден на начин кој му обезбедил на султанот максимално спокојство и недостапност. Палатата погледната од високо личи на неправилен правоаголник, разделен на четири основни дворови и харем. Првиот двор е најдостапното место во комплексот, додека во четвртиот се наоѓале личните покои на султанот и непристапниот харем. Петтиот двор бил најоддалеченото место на палатата кој се граничел со морето. Пристапот до секој двор е ограничен со изградените високи ѕидини и контролните порти. Освен четирите основни дворови, во комплексот има множество на мали внатрешни дворови кои се затворени помеѓу секоја зграда. Целата плоштина на комплексот изнесува помеѓу 592.600[9] и 700.000 квадратни метри во зависност од тоа кои делови се бројат[10].

Јужниот дел (првиот двор) и северниот дел (зад султанските покои) граничат со голем парк, денес познат како Ѓулхан. Околу палатата на јужната и источната страна се наоѓа Мраморно Море. Во дворецот се наоѓаат разни поврзани помеѓу себе објекти, киосци и павилјони. Во минатото комплексот бил поголем од тоа што претставува денес. Дел од објектите биле разрушени поради изградба на брегот од морето железничка пруга во текот на XIX век. Последниот објект кој е зачуван во морскиот дел од комплексот е Баскетмакерс киоск кој бил изграден во 1592 година во времето на Мурат III.

Функционалност[уреди | уреди извор]

Палатата претставувала главна резиденција на османлискиот султан и неговата администрација. Пристапот во палатата бил строго регулиран и комплексот делувал како самостоен субјект односно град во град и сè она што би било потребно за еден живот на човекот. Палатата имала сопствени канали за водоснабдување преку подземни цистерни, како што била Цистерна базилика која се наоѓала во близина на Аја Софија. Палатата располагала со големи кујни во кои била приготвувана храната за илјадниците жители, библиотека, градини, училишта, џамии. Овде работеле и неколку занаетчии и мајстори кои ги произведувале некои од најдобрите дела во целото царство.

Животот во палатата бил строго контролиран а самиот султан заедно со неговото семејство имал голема изолација од остатокот од светот[11]. Една од најголемите одлики на палатата била големата тишина во внатрешните дворови. Овој принцип на изолација со текот на времето се одразил и во градежните работи[12]. Архитектите при изградба морале дополнително да се осигуруваат, за султанот и неговата фамилија да уживаат максимално во нивната приватност и дискреција[13].

Главна порта[уреди | уреди извор]

Султанска порта (Bâb-ı Hümâyûn)

Портата претставува главен влез во Првиот двор на палатата. Главната улица што води кон палатата во времето на Византија била улицата Месе, денеска Диван Јолу или улицата на советот. Улицата Месе била користена за царските поворки во времето на византиската и османлиската ера. Улицата започнувала од Аја Софија и завршувала до палатата пред фонтаната на Ахмед III. Султанот во палатата влегувал преку Султанската порта (турски: Bâb-ı Hümâyûn или латински: Porta Augusta), во јужниот дел од палатата[14]. Портата била изградена во 1478 година, а мермерот со која е покриена, датира од XIX век. Основата на портата е правоаголна, на два ката и арка помеѓу внатрешниот и надворешниот дел. Горниот дел од портата се користел од страна на султанот за набљудување на различни свечености. Позлатената отоманска калиграфија го краси врвот од структурата на арката, со стихови од Куранот и тугри на султаните[15].

На еден од натписите на портата пишува:

Со благодат на Бога и со Негово одобрување, темелите на оваа палата беа поставени, с неговите делови беа цврсто приклучени за да се зајакне мирот и спокојството. Оваа благословена палата, со цел да ја обезбеди безбедната подедршка од Алах и во согласност на султанот Мехмед, син на Мурад, султан на земјата, владетел на морињата, сенката на Алах, Божјиот заменик на истокот и западот, освојувачот на Цариград, султан Мехмед хан го направи за неговата вечно царство

На двете страни од портата се наоѓаат соби за обезбедувањето на портата. Портата била отворена во текот од утринската молитва до последната вечерна молитва. Според старите документи, до 19 век над портата се наоѓал дрвен апартман[16]. За првпат како павилјон бил употребен од страна на султанот Мехмед II, а некое време овде се наоѓало и министерството за финансии. Објектот исто така се користел и од дамите од харемот во специјални прилики[17].

Прв двор[уреди | уреди извор]

Црквата Света Ирина во Првиот двор
Монетен двор

Во првиот двор (I. Avlu или Alay Meydanı) се влегува преку Султанската порта. Дворот е опкружен со високи ѕидови[18]. Овој двор е најголемиот од сите останати во палатата и имал претежно објекти со секојдневни функции кои не биле наменети за свечености. Денеска поголемиот број од овие згради не се зачувани.[19], но можат да се видат Монетниот двор (Darphane-i Âmire) кој бил изграден во 1722 година, црквата Света Ирина и неколку фонтани. Византиската црква никогаш не била разрушена од Османлиите и се користела како магацин за оружје и касарна за јаничарскиот корпус[20].

Овој двор исто така е познат и како Дворот на јаничарите и Дворот на парадата. Во овој двор посетителите требало да се симнат од својот коњ и да продолжат пешки кон следниот двор. Исто така овој двор служел како чекална на странските амбасадори, јаничарите, службениците. Овој двор бил единствениот кој често бил отворен за јавноста. За влез во вториот двор, требало да се помине преку Портата на поздравот[21].

Порта на поздравот[уреди | уреди извор]

Порта на поздравот (Bâb-üs Selâm), која води кон Вториот двор на палатата

Големата порта (Bâb-üs Selâm) или Средната порта водела кон Вториот двор на палатата. Портата има две големи осумаголни кули. Времето на изградбата на оваа порта не е познато, бидејќи за нејзина изградба повеќе бил користен византискиот архитектурен стил отколку османлискиот. Се смета дека оваа порта постоела во византиско време и била нарекувана порта на Света Варвара, додека се користела како влез кон брегот на Босфорот[22]. Според некои извори, портата била изградена во 1468 година во времето на Мехмед II, додека пак во времето на Сулејман I била реновирана. Портата е украсена од двете страни и во горниот дел на портите со верски натписи и монограми на султаните. Двете кули наликуваат на оние кои биле градени во Западна Европа пред палатите. Местото кое било користено од страна на стражарите од двете страни денеска е разрушено.

Влезната врата на портата е од железо и е дело на Иса бин Мехмед од 1524 година[23]. На портата може да се забележи потписот на Махмуд II и Мустафа III, мермерни плочи со натписи од 1758 година. Портата од својата внатрешна страна била реновирана во рококо стил во XVIII век, додека дел од нејзините пејзажи датираат од XIX век. Пристапот за влез преку оваа порта бил забранет за секого, освен за службениците и странските амбасадори. Преку оваа порта единствено султанот имал право да влегува преку неа качен на коњ[24]. Ова претставувало традиција која била практикувана во Големиот царски дворец каде единствено византискиот цар смеел да влезе преку портата Чалке качен на коњ. Во овој двор се наоѓа чешмата на огубувачот, место каде џелатот ги миел своите раце и меч по извршената работа, иако постојат некои несогласувања околу тоа дали навистина истата е чешмата на џелатот[25].

Втор двор[уреди | уреди извор]

Вториот двор, со кујните на десната страна

По поминувањето на Средната порта се влегува во Вториот двор на палатата или дворот на Диванот. Голем дел од дворот претставувал парк полн со пауни и газели, и главно се користел од страна на дворските службеници[26][27]. Дворот се смета за надворешен на султанот, и само тој имал право со својот коњ да премине кон Третиот двор или да излезе кон Првиот двор по патека покриена со ситни камења. Дворот бил завршен најверојатно околу 1465 година за време на владеењето на Мехмед II, но својот конечен изглед го добил во околу 1525-1529 за време на владеењето на Сулејман I[27].

Вториот двор е заобиколен од зградите на некогашната болница, пекарница, јаничарскиот дом, штали, диванот на север и кујните на југ. Дворот завршува со Портата на среќата, која води кон Третиот двор. Целиот комплекс е заобиколен од мермерна колонада.

Во времето на археолошките ископувања, во овој двор биле пронајдени голем број на артефакти од римско и византиско време, кои вклучуваат саркофази, столбови, крштелен купел. Сите тие се изложени во Вториот двор пред султанската кујна. Под Вториот двор се наоѓа и византиска цистерна, која е затворена за јавноста. Вториот двор главно се користел од страна на султанот како место каде тој ги давал своите судови и место каде ги примал гостите.

Францускиот амбасадор во 1573 година запишал:

На десната страна седи агата на јаничарите, во непосредна близина на портата, и до него некои од највисоките чиновници на палатата. Амбасадорот го поздрави со главата и тие станаа од своите места и се поклонија пред него. И во даден момент сите останати јаничари и останати војници кои стоеле простум и без оружје по должината на ѕидот го направија истото, на таков начин што видовме колку многу турбани се поклонуваат истовремено... Ние ова го проследивме со големо задоволство и восхит и целата церемонија се одвиваше во голема тишина, а сите јаничари цело време останаа неподвижни, без да зборуваат или да мрднат. Секако е невозможно да се разбере оваа дисциплина и послушност кога некој ова не го видел...[28]

Султански штали[уреди | уреди извор]

Дел од султанските штали

Непосредно зад Портата на поздравот, на североисточниот дел, привремено се изложени султанските штали. Овој објект е релативно ниска зграда, изменета во 1735 година кога бил изграден таванот. Голем дел од коњушниците биле уништени од пожар во XIX век. Овие коњушници служеле за превоз на самиот султан и на неговата мајка (валиде-султанија). Дел од нив биле увезени од странство. На ова место има и колекција со различни материјали користени во шталите. Во близина се наоѓа една мала џамија посветена на Бешир-ага која датира од 18 век и бања.

Дворски кујни[уреди | уреди извор]

Дворските кујни

Блиску до шталите се наоѓаат дворските кујни (Saray Mutfakları). Дел од овие кујни за првпат биле изградени во текот на 15 век односно во времето на Мехмед II. Овие кујни биле изградени по моделот на кујните од султанската палата во Едрене. Во времето на Сулејман I, просторот бил зголемен и реновиран, но во 1574 година бил зафатен од голем пожар и истите биле уништени. Така султанскиот архитект Мимар Синан ги изградил повторно[29], и во тој облик се задржани до денес.

Изградени според планот на Синан, кујната е построена во два реда со 20 широки оџаци. Комплексот се протега помеѓу Вториот двор и Мраморно Море. Влезот во нив се состои од три врати во вториот двор. Самиот објект се состои од десет куполни згради: султанска кујна, ендерунското училиште, харем, бирун (место каде спиеле слугите), бања и џамија, кујна каде се приготвувале само пијалаци, кујна за слатки, складови и магацини за храната и собите на самите готвачи. Оваа кујна била најголема во Османлиското Царство. Овде биле приготвувани оброците на султанот, жителите на харемот, учениците од ендерун и бирун. Храната била подготвувана за околу 4.000 луѓе додека капацитетот бил до 6.000 оброци, а персоналот се состоел од повеќе од 800 луѓе, додека за верските празници нивниот број достигнувал до 1.000 луѓе. Дури и самата храна на султанот била строго регулирана со протокол. Денеска домовите, бањите и џамијата на вработените не постојат.[30]. Освен кујнскиот прибор, денеска зградите содржат предмети од сребро, голема колекција на кинески порцелан. Колекцијата од порцелан е една од најголемите во светот и брои околу 10.700 предмети[31]. Овие предмети се многу ретки, со голема вредност, бидејќи датираат од времето на династиите Сонг (960-1279), Јоан (1280-1368), Минг (1368-1644) и други.

Султански совет[уреди | уреди извор]

Надворешноста на диванот
Поглед кон Кубеалти, со златниот прозорец на десната страна

Султанскиот совет (Dîvân-ı Hümâyûn) е зградата каде се наоѓало седиштето на државните министри, кој пак се состоел од големиот везир, везири и други водечки функционери во Отоманското Царство. Објектот служел како место каде се одржувале состаноци на везирите. Главната сала има таван во вид на купола, поради што објектот бил познат и како под купола“ (Kubbealtı). Диванот се наоѓа во северозападниот агол на дворот, веднаш до Портата на среќата, која води кон Третиот двор. Првото седиште за големиот везир било изградено во времето на Мехмед II, а сегашниот изглед на зградата датира од времето на Сулејман I. Како главен архитект кој бил избран за изградба на овој дел за министрите бил архитектот Алседин. Оттогаш, овој дел претрпел повеќе промени. Тој бил во голема мера оштетен, а по ова и реставриран по големиот пожар во харемот во 1665 година. Натписот на влезот исто така бил обновен за времето на султаните Селим III и Махмуд II[32]. Од XVIII век местото започнало да го губи своето оригинално значење, бидејќи државната администрација заедно со работните простории на големиот везир постепено биле префрлени во Високата порта. Последниот состанок на Советот се одржал на 30 август 1876 година, кога владата (Vükela Heyeti) се сретнала во врска со поставувањето на Мурат V за нов султан на царството, каде било одлучено дека тој е психички болен, по кое тој бил затворен каде починал по 28 години.

Зградата на султанскиот совет има повеќе влезови и од внатрешноста на палатата и од дворот. Терасата е обликувана со мермер и порфир столбови. Таванот е украсен со дрвени елементи во зелено и бело, самиот е позлатен, додека целиот под е покриен со мермер. Надворешниот влез кон салата е во стил на рококо, со позлатени решетки преку која минува природна светлина. Столбовите се направени во почетен османлиски стил, додека ѕидните слики и декорации се во рококо стил. Во стил на рококо е изработена и надворешната фасада и истата била направена во 1792 и 1819 година (Селим III и Махмуд II).

Внатрешно, објектот е разделен на три соседни соби[33]. Првата соба била наменета за Султанскиот совет или местото каде биле одржувани состаноците, втората соба била наменета за секретарскиот персонал на Диванот, додека третата се користела од духовниците. Во една помала четврта соба се наоѓал архивот. Салата на султанскиот совет е обликувана со типични османлиски плочки, покрај ѕидовите има поставено миндери додека во средината има поставено мал камин, а од таванот виси топка која ја претставува земјата. Таа е поставена точно спроти прозорецот на султанот, која ја симболизира султанската праведност над светот[34][35].

На ова место се дискутирало за политички, административни и верски прашања како и за важни проблеми на граѓаните.[36]. Советот се собирал четири пати во неделата (сабота, недела, понеделник и вторник[36]), по изгревање на сонцето и по крајот на утринската молитва. Членовите на советот биле големиот везир, останатите везири, главните управители на Румелија и Анадолија, министрите за финансии и надворешни работи, големиот муфтија (Шеик-ул-ислам). Други лица кои присуствувале на состаноците биле секретарите на советот, оние кои работеле во архивата итн.

Преку прозорецот со златна решетка, султанот или валиде-султанијата можеле скришно да набљудуваат што се дискутира на советот.[36]. До скриениот прозорец се стигнува единствено преку султанските соби, поврзани со Кулата на праведноста[37]. Кога султанот ќе тропнал по решетките или ја спуштел црвената завеса[38], тоа било знак дека состанокот е завршен и дека везирите еден по еден требало да одат во салата за средби каде му давале отчет за кажаното.[39].

Сите државници, со исклучок на големиот везир, своите утрински молитви ги извршувале во џамијата Аја Софија и по доаѓањето во зградата се ределе според својот ранг и го чекале да дојде големиот везир. Големиот везир својата утринска молитва ја вршел во својот дом. По пристигнувањето во зградата обично го пречекувале останатите везири и пред да влезе во диванот, тој се свртувал кон Портата на среќата како почит кон султанот и неговата династија. По ова големиот везир влегувал со собата и седнувал на своето централно место под прозорецот на султанот, по кое советот можел да започне. Државните работи генерално биле дискутирани до пладневните часови. Сите членови на османлиското општество, мажите и жените од сите вери, можеле да бидат сослушани. Важна церемонија претставувало и назначувањето на нов голем везир.[40] и предавањето на султанскиот печат во негови раце, делењето на плати на јаничарите како и приемот на странските државници.

Кула на правдата[уреди | уреди извор]

Поглед кон кулата

Кулата на правда (Adalet Kulesi) се наоѓа помеѓу Султанскиот совет и харемот. Кулата има пет ката и претставува највисока градба во палатата, што ја прави јасно видлива од Босфорот како ознака за местото. Кулата најверојатно била изградена во времето на Мехмед II, а потоа обновена од Сулејман I во периодот од 1527 до 1529 година[41].

Султан Махмуд II го обновил светилникот на кулата во 1825 година. Високите прозорци со колони и ренесансниот фронтон (класичен архитектонски елемент кој се состои од триаголен дел) потсетуваат на паладијански стил на архитектура[34].

Врвот на кулата е во облик на конус. Белведерот бил додаден во времето на Абдул Азис (1861-1876). Кулата ја симболизира вечната будност на султанот против неправдата. Секој од далеку имал можност да ја види кулата и да се почувствува сигурен поради присуството на султанот. Кулата била користена и од страна на султанот за свои потреби и задоволства при разгледување. Самата кула дозволувала султанот да гледа што се случува надвор, додека од надворешниот дел не се гледало дали некој гледа од кулата. Кон златниот прозорец во Султанскиот совет се одело преку оваа кула, што додало дополнителна симболика на правдата[42].

Султанска ризница[уреди | уреди извор]

Поранешната султанска ризницџа

Зградата каде денеска е изложена голема колекција на оружје, во времето на Османлиите била користена како Султанска ризница (Dîvân-ı Hümâyûn Hazinesi / Hazine-ı Âmire). Објектот бил изграден во времето на Сулејман I во текот на 15 век на местото на постара градба која датирала од времето на Мехмед II, додека во следните векови на неколкупати објектот бил реновиран. Зградата е изградена од камен и тула со осум куполи[34], секоја со димензии 5 x 11,40 метри.

Во османлиско време во зградата се наоѓала султанската благајна или ризница, преку кој се финансирала администрацијата на царството и како ризница се користела до XIX век. На ова место се чувале кафтаните (вид на облека) кои им биле давани како подароци на везирите и крзна давани од страна на амбасадорите, даноците кои им биле наметнувани на провинциите, ресурсите кои биле конфискувани во текот на воените походи, најразлични свилени облеки итн. Јаничарите и спахиите од оваа ризница примале тримесечна плата, и самиот објект бил затворен од страна на султанскиот печат кој бил доверен на големиот везир[43]. Во 1928 година, четири години откако Топкапи-сарај бил претворен во музеј, на ова место биле изложени колекција на оружје и оклопи.

Оваа колекција на оружје претставува една од најбогатите збирови на исламско оружје, кое опфаќа оружје од 7 век до 20 век, вклучувајќи мечеви на Умајадите и Абасидите, како и оклопи на Мамелуците, шлемови на Персијците итн. Дел од оружјето било произведувано од самите Османлии, но има и оружје кое било увезувано или пак собрано од странските освојувања. Денеска се изложени над 400 парчиња оружје, од кои повеќето носат натписи. Во 1937 година, во времето на археолошките ископувања во дворот пред зградата била пронајдена византиска зграда од 5 век, но денеска сè уште не е познато дали оваа зграда некогаш била дел од некоја црква за која се знае дека постоела и поради тоа е наречена Базилика на палатата. Пред влезот од објектот се наоѓа камена плоча висока два метри во спомен на Селим III и на ова место бил поставена во 1930-тите години.

Џамија Бешир-ага и амам[уреди | уреди извор]

Џамијата и бањата биле изградени во 1736 година од страна на Бешир-ага, главниот евнух во времето на султанот Махмуд I. Објектот е изграден во неокласичен стил. Ѕидовите од џамијата се покриени со камени тули и ѕидарски малтер во согласност со модата од 18 век. Џамијата има едно минаре. Амамот е поврзан со јужното крило на џамијата и има две куполи.

Натписот од Сухуми[уреди | уреди извор]

Натписот првично припаѓал на тврдината во градот Сухуми на брегот на Црно Море и истиот бил изграден во времето на Ахмед III. По крајот на Руско-турската војна (1877-1878) бил донесен во Топкапи-сарај.

Порта на среќата[уреди | уреди извор]

Порта на среќата

Портата на среќата (Bâbüssaâde или Bab-üs Saadet) претставува влез во внатрешниот двор (Ендерун) на палатата, исто така познат како Трет двор каде се наоѓаат приватните објекти во палатата. Портата го претставува присуството на султанот во палатата[44]. Никој не можел да помине низ оваа порта без одобрување на султанот. Дури и на големиот везир преминот му бил дозволен единствено во определени денови и во одредени услови.

Портата била скоро секогаш затворена и неовластен премин зад портата се сметал како најголемо прекршување на законот и предизвик кон апсолутната власт на султанот. Портата најверојатно била изградена во времето на Мехмед II во 15 век. Во времето на Мустафа III портата во 1774 година била реконструирана во рококо стил, како и во времето на Махмуд II. Портата дополнително е украсена со стихови од Куранот кои се наоѓаат над влезот на вратата и со султанските тугри (потписи). Таванот е делумно насликан и позлатен, додека по двете страни при изградбата има додадено барокни декоративни елементи и минијатурни слики од пејзажи. Портата има купола и четири мермерни столбови.

Султанот оваа порта и плоштадот пред неа, Диван мејдани, го користел само за посебни церемонии. Султанот обично седнувал пред портата во време на верскиот празник Бајрам[45], свечените денови при качување на престолот кога требало функционерите да му се поклонат. Погребалните церемонии на султанот биле спроведувани пред портата. Овој премин бил под директна контрола на главниот евнух на харемот на султанот. Еден мал камен пред портата го означува местото каде се веело знамето на пророкот Мухамед.

Трет двор[уреди | уреди извор]

По поминувањето преку Портата на среќата се излегувало во Третиот двор на палатата, простор познат како Внатрешна палата или срцето на палатата поради тоа што султанот на ова место го поминувал поголемиот дел од денот кога не бил во харемот[46]. Дворот претставува голема градина која е заобиколена од неколку градби и тоа: Зградата на личниот султански совет (Хас Ода), султанска ризница и благајна во кој се чувале најважните богатства од османлиската ера вклучувајќи османлиски минијатури и свети мошти, харемот и неколку павилјони (киосци) и библиотеката на Ахмед III која се наоѓа во центарот.

Третиот двор е опколен со објектите во кои живееле момчињата во служба на султанот. Тие учеле уметност, музика, сликарство и калиграфија. Најдобрите од нив станувале Хас Одали-ага (чувари на моштите на Мухамед и лични слуги на султанот) или високи службеници. Третиот двор бил изграден во времето на Мехмед II. Неговата големина е приближно еднаква со Вториот двор[47].

Приемна сала[уреди | уреди извор]

Приемната сала (Arz Odası)
Главниот влез

Приемната сала (Arz Odası) или салата за петиции и молби се наоѓа веднаш зад Портата на среќата во Третиот двор. Објектот има форма на квадрат и е опкружен со 22 столба. Внатре се наоѓа главната престолна соба на султанот која има купола и две помали соседни соби. Објектот бил изграден во текот на 15 век, а дополнително бил украсен од Сулејман I. Престолот на султанот е покриен со балдахин и украси со скапоцени камења. Во овој објект султанот ги пречекувал официјалните власти и амбасадори[48]. Везирите на ова место ги презентирале своите поединечни извештаи пред султанот, и доколку му се допаднало кажаното ги наградувал со подароци, а спротивно од тоа, доколку не бил задоволен од одговорот веднаш давал наредба да бидат задушени од евнусите[49]. Исто така од оваа зграда султанот обично им наредувал на своите потчинети за започнување на воен поход.

Таванот на салата е обоен во сино, каде се наоѓаат златни ѕвезди. Плочките кои се наредени по ѕидовите се сини и бели. На подот се наоѓаат скапоцени килими и перници. Целта на објектот била кај посетителите да се појави чувство на импресионираност и стравопочит од моќта и присуството на султанот. Во 1723 година објектот бил обновен од страна на султанот Ахмед III. Во 1856 година била опожарена, но повторно обновена во времето на Абдул Меџид I. Објектот бил обновен од архитектите на Долмабахче и истиот добил неокласичен стил, каков што е и денес. Монограмот на мермерот кој се наоѓа на двете страни од предните врати биле додадени по пожарот. Ѕидовите биле обложени во текот на 19 век[50].

Објектот се состои од две врати на предната страна и една на задната страна. Задната врата била наменета за султанот од каде влегувал во објектот, додека предните две врати биле наменети за влез на државните службеници и странски амбасадори. Подароците кои ги носеле амбасадорите биле ставени пред големиот прозорец со железни решетки во средината на главната фасада, меѓу двете предни врати. Оваа зграда најголема улога имала во времето на Сулејман I, кога била реновирана. Пред влезот постои една мала фонтана која датира од времето на Сулејман. Таванот на главната соба е лакиран во сино и на него се наоѓаат златни ѕвезди како и украси со цветни мотиви, меѓу кои е прикажана борбата меѓу змеј и симург, кое ја симболизира силата на султанот. При влезот во собата, гостинот морал да дојде пред султанот и да му се поклони, а по ова ја бакнувал неговата облека.[51]. Сегашниот престол бил направен по налог на Мехмед III (1593-1603).

Собите на султанската стража[уреди | уреди извор]

Собите на султанската стража (Seferli Koğuşu) се наоѓаат до Приемната сала. Денеска на ова место се изложени вредни костуми, збир на околу 2.500 парчиња облека, голем број на кафтани на султаните, како и колекција од 360 керамички предмети.[52] Објектот бил изграден врз поранешна бања во времето на Мурат IV во 1635 година. Во времето на Ахмед III целиот комплекс од амам, мала џамија и самите соби биле повторно разрушени и изградени во 1719 година, во текот на изградбата на Ендерунската библиотека.

Објектот денеска е опкружен од 14 столба. Во непосредна негова близина се наоѓа Павилјонот на Освојувачот. Над влезот од објектот постои еден монограм на султанот Махмуд II. Ширванските такла и дрвените кревети од просторијата биле отстранети во 1916 година.

Павилјон на Освојувачот[уреди | уреди извор]

Павилјон на Освојувачот (Fatih Köşkü)
Ходникот на павилјонот

Павилјонот на Освојувачот, познат ѝ како Фатих киоск е една од најстарите згради во палатата која била изградена во 1460 година. Овој објект бил користен за чување на богатството на царството, кои не биле дел од Султанската ризница, како и голем број на уметнички дела[53]. Павилјонот првично имал три соби, тераса со поглед кон Мраморно Море, подрум и се граничи со амам односно турска бања. Објектот се состои од два ката со тераса која излегува над градината и со прекрасен поглед кон морето. Првиот кат се користел како просторија на службите додека горниот кат се состои од четири простории и голем салон со двоен лак. Првите две соби се покриени со купола на значителна височина. Сите соби гледаат кон Третиот двор преку монументални аркади.

Павилјонот бил користен како ризница за приходите кои доаѓале од Египет во времето на Селим I. Пред овој период, во времето на Мехмед II и Бајазид II, овие простории биле најстарите во палатата. За време на ископувањата на подрумот била откриена мала византиската крстилница.

Ризница[уреди | уреди извор]

Денеска во овој објект има изложено огромна колекција на уметнички дела, накит, наследени предмети од сентиментална вредност и пари кои припаѓаат на османлиската династија. Поголемиот дел од изложените предмети биле подароци, земени од пљачка при воените походи или создадени во занаетчиските работилници. Во времето кога палатата била претворена во музеј, истите соби секојдневно се користеле за да се покажат пред јавноста овие богатства. За овој дел од палатата главен и одговорен бил главниот благајник на султанот. По качувањето на еден султан на престолот било обичај тој да подели пари на војниците или администрацијата, па поради тоа дел од султаните уште првите денови доаѓале во ризницата. Денеска во музејот се изложени оклопот на султанот Мустафа III, составен од железен слој и украсен со злато и скапоцени камења, неговиот позлатен меч и штит, престолот на Мурат IV кој е направен од слонова коска, индиска златна музичка кутија која датира од 17 век како и чаши со ретки скапоцени камења и дијаманти.

Во втората соба е сместен Ножот на Топкапи, кој има златен држач со три големи смарагди додека на врвот се наоѓа златен часовник. Златната обвивка е покриена со дијаманти. Овој предмет бил изработен во 1747 година во времето на Махмуд I како подарок на персискиот шах Надир, но шахот започнал војна против османлиските сили и бил убиен, па султанот го задржал подарокот. Овој нож добил поголема слава[2] кога бил прикажан филмот Топкапи[54]. Денеска само стотина од над 10.000 минијатури се изложени секојдневно во музејот[2]. Во средината на втората соба може да се види престолот на Ахмед III, направен од орев и инкрустиран со седеф и оклоп на желка.

Гордоста на колекцијата и на самиот музеј претставува исклучително ценетиот 86 каратен дијамант наречен Дијамант на мајсторот на лажици (Kaşıkçı Elması) опкружен во два реда со 4 кружни дијаманти. Овој предмет се наоѓа во третата соба. Според една легенда, овој дијамант бил пронајден од сиромав рибар во близина на Јеникапи. Тој не знаел што всушност носи во својот џеб па го покажал на еден трговец, кој пак му рекол дека е обично стакло и дека слободно може да му го продаде а за возврат да добие три лажици. По ова двете страни се согласиле, па од овде дошло и неговото име - Дијамант на мајсторот на лажици. Според друга легенда, сопственик на дијамантот бил Тепеделени Али-паша и истиот бил конфискуван од султанот по неговото погубување[55]. Според третата легенда, дијамантот бил на мајката на Наполеон Бонапарт, Летиција Рамолино.

Меѓу останатите експонати во музејот се издвојуваат двaтa големи златни свеќници од 48 килограми со 6 666 мали дијаманти. Овие биле подарени од страна на султанот Абдул Меџит I на светиот град Мека. Тие биле вратени во Истанбул неколку денa пред падот на царството и губењето на контролата над Мека.

Престолот на султанот Махмуд I е централен дел на четвртата соба. Овој златен престол во индиски стил, украсен со бисери и смарагди, е подарок на персискиот владетел Надер Шах во 18 век. Друг приказ ја прикажува подлактицата и раката на Свети Јован Крстител.

Библиотека на Ахмед III[уреди | уреди извор]

Библиотека на Ахмед III

Неокласичната библиотека Ендерун, позната како библиотеката на султанот Ахмед III се наоѓа зад Приемната соба во центарот на Третиот двор. Таа била изградена на темелите на претходен павилјон од страна на султанскиот архитект Мимар Бешир-ага во 1719 по наредба на Ахмед III за потребите на династијата.

Објектот претставува пример за османлиската архитектура од XVIII век. Надворешната фасада е обложена со мермер. Формата на објектот е во вид на грчки крст со купола над централната сала и три правоаголни дорати (единица која се употребува за отворање и нејзиното врамување во рамките на една фасада). Целиот објект е подигнат на постамент, за да може книгите да се чуваат од влага. Внатрешните ѕидови се украсени со плочки од Изник од 16 век. Внатрешниот дизајн е типичен за т.н. Ера на лалињата, кој траел од 1703 до 1730 година. Книгите во османлиско време биле чувани во креденци вградени во ѕидовите. Библиотека содржи книги за теологија, исламско право и книги на турски, арапски и персиски јазик. Библиотекарскиот фонд се состои од повеќе од 3.500 ракописи. Денес овие книги се чуваат во џамијата на агите која се наоѓа во западниот дел на библиотеката. Еден од најважните ракописи претставува копија од Куранот.

Џамија на агите[уреди | уреди извор]

Џамијата на агите (Ağalar Camii) е најголемата џамија во палатата и една од најстарите градби која датира од 15 век, од времето на владеењето на Мехмед II. Џамијата била користена од султанот, агите и странците кои престојувале во палатата. Во нејзина близина се наоѓа библиотеката на Ахмед III. Во 1928 година од библиотеката на Ахмед III биле донесени 13.500 турски, арапски, персиски и грчки книги и ракописи во џамијата, од времето на третиот калиф Утман Ибн Афан.

Хасода Когушу (Hasoda Koğuşu)[уреди | уреди извор]

Слика од последниот османлиски султан Мехмед VI

Објектот во времето на Османлиите бил дел од султанските соби. Денеска овде се чува султанската колекција од портрети. Насликаните портрети ги прикажуваат сите османлиски султани и некои ретки фотографии кои се чуваат во стаклени кутии. Собата е климатизирана и во неа се регулира температурата за да се заштитат сликите. Постарите портрети се идеализирани поради исламската чувствителност на уметничките претстави на луѓето. Султанот ретко се појавувал на јавни места и не биле цртани нивни портрети. По реформите на Махмуд II започнале да се изработуваат реални портрети на султаните. Интересна одлика е големото насликано семејно дрво на отоманските владетели.

Зграда на реликвиите[уреди | уреди извор]

Градбата се претпоставува дека била изградена врз темелите на Храмот на Посејдон кој во 10 век бил претворен во црква посветена на Свети Мина[56]. Овој објект бил изграден од страна на Мурат III, а како главен архитект бил Мимар Синан. Овде се чувале реликвии значајни за исламскиот свет (Kutsal Emanetler Dairesi)[2]. Овде се наоѓаат едни од најсветите реликвии на муслиманскиот свет, како наметката на пророкот Мухамед, неговите два меча и лак, еден заб, делови од брадата, писма итн., потоа ножеви на првите четири калифи, стапот на Мојсеј, турбанот на Јосиф и тепихот на ќерката на Мухамед. Дури и на самиот султан и на неговото семејство му било дозволувано само еднаш во годината, на 15-тиот ден од Рамазан, да влегува во објектот. Денеска секој посетител може да ги види реликвиите во секое време иако се наоѓаат во темна просторија која е многу малку осветлена поради заштита. Муслиманите често прават поклонение за да ги видат барем еднаш во животот овие реликвии.

Харем[уреди | уреди извор]

План на харемот
Влезот на харемот

Буквалното значење на зборот харем (Harem-i Hümayûn) на арапски јазик е „свето место каде не е дозволено на секого да влезе". Во муслиманските општества, тоа е поим со кој се дефинира интимниот семеен живот. Во отоманската традиција, зборот харем се користи на два различни начини. Прво, харем на султанот и место каде живеело неговото семејство. Султанскиот харем се наоѓа на еден од деловите во приватните простории на султанот и истиот има повеќе од 400 соби[57], девет бањи, две џамии, една болница и една перална. Денеска се отворени околу 100 соби за јавноста[58].

Харемот бил дом на мајката на султанот (валиде-султанија), наложниците и жените на султанот како и остатокот од неговото семејство, вклучувајќи ги и децата и нивните службеници како и црните евнуси кои биле чувари на харемот[59]. Харемот се состои од серија на објекти и структури, поврзани преку ходници и дворови меѓусебно. Во зависност од местото им во хиерархијата, за слугите имало одредено специјални простори и внатрешни дворови во харемот. Денеска само дел од собите се отворени за јавноста. Собите во харемот биле во служба на евнусите, на чие чело стоел главниот евнух. Строго било забрането премин надвор од харемот, освен за валиде-султанијата, султанот, неговата жена и деца, како и евнусите кои го чувале харемот.

Поголемиот дел од харемот бил редизајниран кон крајот на 16 век од страна на Мимар Синан. Харемот започнува од Вториот двор каде се влегува преку Арабалар Каписи. Харемот започнал со изградба уште во времето на Мехмед II и низ вековите постојано бил надоградуван и украсен. Додека во времето на Сулејман I бил користен класичниот османлиски архитектонски стил, во времето на султаните Махмуд I и Осман III бил користен барокот.

Дворот на евнусите[уреди | уреди извор]

Дворот на евнусите во харемот една врата води кон дворот на црните евнуси со своите соби на три ката од левата страна. Целиот комплекс целосно гледа кон внатрешниот двор на харемот. Спротивно од дворот се наоѓа училиштето на принцовите. Поголемиот дел од собите на евнусите излегувале кон внатрешниот двор на харемот, главно поради тоа што евнусите биле чувари на харемот. Просториите во овој двор биле повторно изградени по големиот пожар во 1665 година.

Влезот на харемот[уреди | уреди извор]

На крајот на дворот се наоѓа главниот влез на харемот кој се нарекува Чумле Каписи. Во овој дел живеело султанското семејство и наложниците. Портата води кон еден мал плоштад, Нобет Јери, преку кој се поврзани трите главни делови на харемот. Од овој дел се тргнува кон дворот на жените на султанот (Kadınefendiler Taşlığı). Средната врата води кон дворот на валиде-султанија, а левата кон покоите на султанот (Златниот пат). Овде се наоѓаат големи огледала од XVIII век.

Просториите на валиде-султанијата[уреди | уреди извор]

Просториите на валиде-султанијата како и оние на султанот заземаат најголем дел од харемот[60]. Просториите биле изградени во 16 век, кога валиде-султанијата се преместила од Ески-сарај. Валиде-султанијата била одговорна за харемот, додека нејзиното влијание се зголемило во текот на 17 век, кога султаните стапувале на престолот на многу рана возраст. Овој период од историјата на царството е познат како Султанат на жените. По смртта на султанот, таа морала да се врати во Стариот дворец со сите нејзини придружнички.

Собата била изградена во 1580 година од Мимар Синан и Давут-ага. По пожарот од 1665 година била повторно реновирана[61]. Денешниот изглед собата го добил по серија поправки направени во различни периоди. Главниот изглед на собата се изменил во времето на Михришах султан, мајката на султанот Селим III, вклучувајќи ја главната сала, молитвената соба и балконот во рококо стил.

Од сите соби на мајката на султанот, денеска се отворени само две за јавноста[62] и тоа трпезаријата во горната галерија која има приемна соба и спална соба и една молитвена соба. Покоите на валиде-султанијата и нејзините придружнички се наоѓаат на вториот спрат, додека долу се наоѓаат собите на наложниците. Собите се поврзани со влез кој води кон бањата и покоите на султанот. Овој дел е украсен со сино-бели и жолто-зелени плочки со флорални мотиви и порцелан од Изник.[61][63]. Овде се наоѓа и една мала музичка соба од XVIII век.

Бањите на султанот и валиде-султанијата[уреди | уреди извор]

Оваа двојна бања била изградена во 16 век и содржи неколку соби[63]. Во XVIII век била реновирана во стил на рококо. Двете бањи се со ист дизајн и се состојат од место за топла вода, место за одмор и место за сушење. Секоја соба има посебна купола од стакло, за да се пропушти сончевата светлина. Подот е покриен со бел и зелен мермер, додека кадата е мермерна со украси. Овде постои една златна решетка за заштита на султанот или неговата мајка од обиди за убиство. Султанската бања била изработена од Синан, кој употребил квалитетни плочки во повеќе бои. По пожарот од 1574 година, голем дел од плочките биле пренаменети за Сината џамија на Ахмед I. Денеска ѕидовите се варосани.

Султанската сала на престолот[уреди | уреди извор]

Султанската сала на престолот

Султанската сала претставува сала од 16 век. Нејзината купола е највисока во палатата. Салата служела како место каде султанот ги примал посетителите, како неговата мајка, неговата прва жена (хасеки), наложниците и неговите деца. Различни церемонии како одавање почит пред султанот за време на религиозните празници или свадбените прослави се одржувале во оваа сала во присуство на членовите на династијата[64].

По големиот харемски пожар од 1666 година, салата била реновирана во рококо стил за време на владеењето на султанот Осман III. Во салата се наоѓа престолот на султанот, како и местата на неговите придружнички на чело со неговата мајка. Позлатените столови во собата биле подарок од германскиот цар Вилхелм II додека часовниците биле подарени од британската кралица Викторија. Салата е поврзана директно со султанскиот апартман. Зад едно огледало се наоѓа тајна врата која му обезбедувала безбедносен премин на султанот.

Апартман на Мурад III[уреди | уреди извор]

Фонтана во апартманот на Мурат III

Апартманот на Мурат III (III. Murad Has Odası) е најстарата преживеана соба во харемот која ја задржала својата оригиналност во нејзината внатрешност. Собата била дизајнирана од Мимар Синан во 16 век.[65]. Се верува дека претходно собата била користена од Сулејман I. Собата била користена како приватна просторија на султанот и како приемна сала. Таа е една од најпознатите примери на класична отоманска архитектура од крајот на 16 век.

Единствено нејзината купола е помала од онаа во Престолната соба. Големината ја симболизира постојаноста на султанот. Овде се наоѓа една од најубавите врати во палатата и истата е поврзана со апартманот на принцот наследник односно Кафезот[65]. Просторот е украсен со сино-бели и црвени плочки од Изник, покрај ѕидот се наоѓа голем камин и фонтана од мермер. Протокот на водата бил наменет за да се спречи прислушкување[54], додека обезбедувала релаксирана атмосфера во собата. Двете легла во собата датираат од XVIII век.

Апартман на Ахмед I[уреди | уреди извор]

Овошна соба

Собата на Ахмед I (I. Ahmed Has Odası)била изградена во 1608 година во предниот дел од собата на Мурат III. Како главен архитект бил Седефкар Мехмед-ага. Оваа соба е украсена со зелени плочки од Изник.

Апартман на Ахмед III[уреди | уреди извор]

Собата на Ахмед III е мала просторија за разлика од останатите. Таа била изградена во 1705 година. Карактеристично за собата се ѕидовите кои се обложени со тапети на кои се наоѓаат цвеќиња и овошје како резултат од влијанието на западното сликарство во царството. Поради тоа, собата е позната и како Овошна соба или поради тоа што најверојатно служела како трпезарија на султанот.[66]. Таванот е покриен со дрво, а во собата се наоѓа и еден мал камин.

Апартманите на принцот[уреди | уреди извор]

Поглед кон објектот

Собите на принцот или собите близначки (Çifte Kasırlar / Veliahd Dairesi), се состојат од два павилјони кои биле изградени во 17 век во различно време. Објектот е поврзан со палатата и има еден кат кој е подигнат од земјата за да има подобар поглед. Внатрешноста се состои од две големи соби, кои датираат од времето на владеењето на султанот Мурат III или Ахмед I[67]. Таванот има форма на конус во класичен османлиски стил додека другата соба е во облик на полутопка. Во собата нема поставено никаков мебел, туку покрај ѕидовите има место за седење. Со текот на времето павилјонот бил реновиран и поголемиот дел од барокните елементи биле отстранети, заедно со квалитетните плочки од Изник. Единствено е зачувана бојата на дрвената купола и денеска претставува пример за дизајнот од 17 век[68]. Каминот се наоѓа во втората соба и истиот е позлатен. Прозорците се украсени со седеф и се со обоено стакло, кои гледаат кон терасата и градината со базен.

Принцот престолонаследник (Şehzadeler) живеел овде во изолација. Поради тоа, овие соби биле познати како кафез. Принцовите живееле во харемот и обучувани додека не станале полнолетни. Подоцна биле испраќани како управители во провинциите во Анадолија, каде се запознавале со административните работи.

Дворот на омилените[уреди | уреди извор]

Дворот на омилените

Дворот на омилените (Gözdeler / Mabeyn Taşlığı ve Dairesi) се наоѓа во последниот дел од харемот и гледа кон еден голем базен и градина. Дворот бил проширен кон XVIII век кога биле додадени соби во харемот[69]. Во овој дел се наоѓа итн. Златен пат (Altın Yol) преку кој се поминувало од просториите на султанот кон собите на неговите жени. Во овој дел од харемот живеел султанот Абдул Хамид I[70]. Собите се изградени во стил на рококо.

Кон фаворитките или омилените девојки на султанот (Gözdeler / İkballer) се гледало како на инструмент за продолжување на династијата. Кога некоја од нив ќе останала бремена, таа добивала титули и власт од страна на султанот (Kadınefendi).

Златниот пат[уреди | уреди извор]

Златниот пат (Altınyol) е тесен премин кој бил изграден во 15 век. Преку овој простор се излегува кон дворот на валиде-султанија, дворот на жените на султанот, собата на султанот и собата на принцот наследник. Ѕидовите се насликани со обична бела боја. Се верува дека името доаѓа од обичајот каде султанот за време на празниците фрлал златници по подот кои биле собирани од страна на слугите.

Птичји кафез[уреди | уреди извор]

Харемската порта била изградена кон XIX век, и денеска оваа порта претставува место каде посетителите излегуваат од харемот. На ова место биле одгледувани птици.

Четврти двор[уреди | уреди извор]

Внатрешноста на собата

Четвртиот двор претставувал најинтимниот дел на султанот и неговото семејство. Во него се наоѓаат неколку павилјони, киосци, градини и тераси. Во почетокот на изградбата на палатата, овој дел бил поврзан со Третиот двор[71].

Соба за обрежување[уреди | уреди извор]

Собата за обрежување била изградена во времето на Ибрахим I во 1640 година. Собата се користела за обрежување на младите принцови како верска традиција во исламот. Надворешноста и внатрешноста на објектот е украсена со многу ретки плочки во сино и бело.

Некогаш овој обичај се вршел во церемонијалните соби на султанот Сулејман I во Салата на советот во вториот и Салата на престолот во третиот двор, но подоцна целата церемонија била пренесена во оваа соба поради носталгијата и почитувањето на Сулејман кон неговото владеење и златниот век на царството. Во објектот пред секој прозорец има по една мала фонтана, додека од десната страна на влезот има камин.

Еревански павилјон[уреди | уреди извор]

Еревански павилјон

Ереванскиот павилјон или Реванскиот киоск бил наменет за религиозни потреби и бил изграден во 1635 година во времето на султанот Мурат IV во чест на освојувањето на градот Ереван. Објектот се смета дека бил замислен од страна на архитектот Коџа Касим-ага. Објектот претставува прилично мал павилјон со централна купола и три апсиди. На четвртиот ѕид се наоѓа вратата и каминот. Внатрешно ѕидовите се обложени со сино-бели плочки додека ѕидот со колонадата е со мермер.

Багдадски павилјон[уреди | уреди извор]

Ифтарскиот и Багдадскиот павилјон

Багдадскиот павилјон се наоѓа на десната страна од Четвртиот двор. Пред павилјонот се наоѓа поврзана тераса со фонтана. Објектот бил изграден по 1638 година во чест на заземањето на градот Багдад од страна на Мурат IV најверојатно од архитектот Коџа Касим-ага. Фасадата и терасата се обложени со мермер, каде се гледаат стиховите од Куранот кои биле напишани од страна на Махмуд Челебија, познат калиграф од тоа време.

Внатрешноста е во османлиски стил[54]. Ѕидовите однатре се обложени со сино-бели плочки. Овде биле преместени книгите на Абдул Меџид I и Селим III. Денеска овие книги се наоѓаат во библиотеката на палатата.

Ифтарски павилјон[уреди | уреди извор]

Позлатениот ифтарски павилјон (Ифтар - вечера за време на празникот Рамазан) нуди поглед кон Златниот Рог и поголемиот дел од туристите не пропуштаат да си направат свои слики на ова место. Објектот е прв кој бил изграден со кинеска и индиска архитектура. Султанот го користел за вечера на зајдисонце во текот на Рамазан.

Квадратен павилјон[уреди | уреди извор]

Квадратниот павилјон бил изграден во 16 век и обновен во 1704 година од страна на Ахмед III и повторно изграден во 1752 од страна на Махмуд I во рококо стил. Претставува единствениот дрвен објект во внатрешниот дел на дворецот. Објектот се состои од главна сала, молитвена соба и соба за освежување со пијалаци или овошје. Од овде султанот можел да ги набљудува спортските настани. Павилјонот служел за сместување на гости.

Кула на учителот[уреди | уреди извор]

Кулата на учителот

Кулата на учителот или салата на главниот лекар претставува објект од 15 век и е најстарата градба во Четвртиот двор. Првично била караула за да подоцна овде бидат сместени просториите на главниот учител во горниот дел на кулата, а долната се користела како магацин за лекови и медицински материјали. Овде се подготвувале и самите лекови во лабораторија со повеќе епрувети, шишиња и тегли.

Главниот лекар бил одговорен за здравјето на султанот и неговото семејство. Легендата вели дека од оваа кула Тајар-ефенди, кој бил главен учител на Селим III ги забележал бунтовниците кои планирале убиство на султанот и успеал навреме да го предупреди. Според некои извори, кулата била многу повисока за разлика од тоа што е денес.

Камениот престол[уреди | уреди извор]

Големиот павилјон

Камениот престол бил направен за Мурат IV, за да може да ги набљудува спортските игри во градината. Самиот тој учествувал во натпреварите. Еден натпис врз каменот кажува дека султанот качен на коњ фрлил копје 120 метри.

Големиот павилјон[уреди | уреди извор]

Големиот павилјон бил изграден во времето на Абдул Меџид I заедно со соседната сала која служела како гардероба. Оваа градба била последната која била изградена во палатата. Од овој објект се гледа кон Мраморно Море и Босфорот. Султаните престојувале овде кога сакале да се одморат. Архитектурата е османлиско-европска.

Градините во Топкапи и паркот Ѓулхан[уреди | уреди извор]

Градините во дворецот кружат постојано околу покрај сите дворови во палатата. Најубав поглед кон морето се оние кои се наоѓаат во последниот двор на палатата. Во османлиско време овде се наоѓале голем број на павилјони кои биле користени од султаните, но при изградба на железничката пруга Сиркеџи, дел од нив биле разрушени. Во овој дел на палатата се наоѓа и паркот Ѓулхан.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. director; Batur, editor Afife (2006). Historic peninsula. Istanbul: Chamber of Architects of Turkey Istanbul Metropolitan Branch. стр. 65–6. ISBN 9753958994.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Simons, Marlise (1993-08-22). „Center of Ottoman Power“. New York Times. Посетено на 2009-06-04.
  3. „Top Capou (i.e. Top Kapı), Constantinople, Turkey“. World Digital Library. 1890–1900. Посетено на 2013-10-20.
  4. ICOMOS (2006). „2006 Periodic Reporting“ (PDF). State of Conservation of World Heritage Properties in Europe SECTION II. UNESCO. Посетено на 2008-09-17.
  5. Necipoğlu, Gülru (1991). Architecture, ceremonial, and power: The Topkapı Palace in the fifteenth and sixteenth centuries. Cambridge, Massachusetts: The MIT Press. стр. 3. ISBN 0-262-14050-0.
  6. Necipoğlu, pg. 6
  7. Bilkent University. „Historical Information on The Topkapi Palace Museum“. Посетено на 2008-09-17.
  8. 8,0 8,1 Necipoğlu, pg. 23
  9. Necipoğlu, pg. 4
  10. „1465“. The Encyclopedia of World History. 2001. Посетено на 2008-06-15.
  11. Necipoğlu, pg. 15
  12. Necipoğlu, pg. 16-17
  13. Necipoğlu, pg. 20
  14. Topkapı Palace Museum. „Bâb-ı Hümâyûn / Imperial Gate“. Архивирано од изворникот на 2008-05-10. Посетено на 2008-09-17.
  15. Necipoğlu, pg. 36
  16. Depiction from the 16th-century miniature Hünername
  17. Necipoğlu, pg. 38-39
  18. „I. Courtyard / Alay Meydanı“. Topkapı Palace Museum. Архивирано од изворникот на 2008-03-07. Посетено на 2008-08-16.
  19. Necipoğlu, pg. 46-50
  20. Necipoğlu, pg. 46
  21. Necipoğlu, pg. 44
  22. Necipoğlu, pg. 51
  23. „Orta Kapı“. Depiction from the 16th-century miniature Hünername. 1523. Посетено на 2008-08-16.
  24. Necipoğlu, pg. 50
  25. Davis, pg. 26-27
  26. „II. Courtyard / Divan Square“. Topkapı Palace Museum. Архивирано од изворникот на 2008-08-01. Посетено на 2008-08-16.
  27. 27,0 27,1 Necipoğlu, pg. 53
  28. Necipoğlu, pg. 64-66
  29. Necipoğlu, pg. 70
  30. Necipoğlu, pg. 72
  31. Krahl, Regina; Nurdan Erbahar; John Ayers (1986). Chinese ceramics in the Topkapi Saray Museum, Istanbul : a complete catalogue. New York: Sotheby's Publications. ISBN 0-85667-184-3.
  32. Necipoğlu, pg. 82
  33. Necipoğlu, pg. 83
  34. 34,0 34,1 34,2 Necipoğlu, pg. 86
  35. Davis, pg. 67
  36. 36,0 36,1 36,2 Davis, pg. 71
  37. The window is mentioned for the first time in 1527 by the scholar Celalzade: "His Majesty [...] had built a high throne and a lofty loggia above the outer Council Hall where viziers sat, inventing a veiled window overlooking the Council Hall below. From this window, his Noble Excellency sometimes watched the events of the divan, checking the truth of affairs." Necipoğlu, pg. 83
  38. Davis, pg. 68
  39. Davis, pg. 73-76
  40. Davis, pg. 75
  41. Necipoğlu, pg. 85
  42. Necipoğlu, pg. 84-86
  43. Necipoğlu, pg. 87
  44. Necipoğlu, pg. 88
  45. Necipoğlu, pg. 89-90
  46. „III. Courtyard / Enderun Avlusu“. Topkapı Palace Museum. Архивирано од изворникот на 2008-04-05. Посетено на 2008-08-16.
  47. Necipoğlu, pg. 95
  48. Necipoğlu, pg. 98-99
  49. Necipoğlu, pg. 108-109
  50. Necipoğlu, pg. 109-110
  51. Davis, pg. 116-118
  52. Baker, Patricia; Ahmet Ertug (1996). Silks for the Sultans; Ottoman imperial garments from the Topkapi palace. Istanbul: Ertug & Kocabiyik.
  53. Topkapi Palace Museum (2001). The Imperial Treasury. Istanbul: MAS Publications. ISBN 975-7710-04-0.
  54. 54,0 54,1 54,2 „Splendors of Topkapi, Palace of the Ottoman Sultans“. Smithsonian Magazine. February 2000. Посетено на 2009-06-02.
  55. "Topkapi Palace", 2005, ISBN 975-285-234-3, pages 69-70
  56. A. Ongan (1940). „1937 yılında Türk Tarih Kurumu tarafından yapılanTopkapı Sarayı hafriyatı (The excavations in Topkapı Palace conducted by the Turkish Historical Society in 1937)“. Belleten (iv): 318–355.
  57. The chambers and parts explained here are only those open to the public as of 2008.
  58. Davis, pg. 212.
  59. „Harem“. Topkapı Palace Museum. Архивирано од изворникот на 2008-04-03. Посетено на 2008-08-16.
  60. Necipoğlu, pg. 177
  61. 61,0 61,1 Necipoğlu, pg. 178
  62. Davis, pg. 222
  63. 63,0 63,1 Davis, pg. 231
  64. Davis, pg. 232-233
  65. 65,0 65,1 Davis, pg. 237
  66. Davis, pg. 243-244
  67. Davis, pg. 247
  68. Davis, pg. 248
  69. Davis, pg. 249
  70. Davis, pg. 253-256
  71. „IV. Courtyard / Sofa-i Hümayun“. Topkapı Palace Museum. Архивирано од изворникот на 2008-04-04. Посетено на 2008-08-16.

Литература[уреди | уреди извор]

  • G., Goodwin (2003). A History of Ottoman Architecture. London: Thames & Hudson Ltd. ISBN 0-500-27429-0.
  • Turhan Can, Topkapi Palace, Orient Turistik Yayinlar Ve Hizmetler Ltd., Istanbul, 1994;
  • Turner, J. (ed.) - Grove Dictionary of Art - Oxford University Press, USA; New edition (January 2, 1996); ISBN 0-19-517068-7
  • Ertug, Ahmet. Topkapi : The Palace of Felicity. Istanbul: Ertug and Koluk. стр. 244 pages.
  • İpşiroğlu, Mazhar Şevket (1980). Masterpieces from the Topkapı Museum : paintings and miniatures. London: Thames and Hudson. стр. 150 pages. ISBN 0-500-23323-3.
  • Goodwin, Godfrey (2000). Topkapi Palace: An Illustrated Guide to its Life and Personalities. Saqi Books. ISBN 0-86356-067-9.
  • Topkapi Palace Museum. The Imperial Treasury. MAS Publications. 2001. ISBN 975-7710-04-0
  • Necipoğlu, Gülru (1991). Architecture, ceremonial, and power: The Topkapi Palace in the fifteenth and sixteenth centuries. Cambridge, Massachusetts: The MIT Press. стр. 336 pages. ISBN 0-262-14050-0.
  • Misugi, Takatoshi (1981). Chinese porcelain collections in the Near East: Topkapi and Ardebil. Hong Kong: Hong Kong University Press. стр. 273 pages. ISBN 962-209-004-4.
  • Ahmet Ertuğ. Topkapi: The Palace of Felicity. Ertug & Kokabiyik. 1989. ASIN B0006F4CM6
  • Tahsin Oz. Topkapi Saray Museum 50 Masterpieces. Turkish Press. ASIN B000VHIQCG
  • J. M. Rogers. The Topkapi Saray Museum. Architecture; the Harem and other buildings. New York Graphic Society. 1988. ASIN B000MKDDF2
  • Hulya Tezcan, J. M. Rogers. The Topkapi Saray Museum: Textiles. Bulfinch Press. 1986. ISBN 978-0-8212-1634-7
  • J. M. Rogers (Author), Cengiz Koseoglu. Topkapi Saray Museum. Bulfinch Press. 1988. ISBN 978-0-8212-1672-9
  • Rogers, J.M. (1987). The Topkapı Saray Museum: Carpets. Boston: Little, Brown & Company. стр. 248 pages. ISBN 0-8212-1679-1.
  • Filiz Pcafgman (Author), J. M. Rogers. The Topkapi Saray Museum: Manuscripts. Bulfinch Press. 1986. ISBN 978-0-8212-1633-0
  • Regina Krahl (Author), Nurdan Erbahar (Author), John Ayers (Author). Chinese Ceramics in Topkapi Saray Museum, Istanbul: A Complete Catalogue. Sotheby Parke Bernet Publications. 1986. ISBN 978-0-85667-184-5
  • Zeynep M. Durukan. The Harem of the Topkapi Palace. Hilal Matbaacilik Koll. 1973. ASIN B000OLCZPI
  • Esin Atil. Suleymanname: The Illustrated History of Suleyman the Magnificent. Harry N Abrams. 1986. ISBN 978-0-8109-1505-3
  • Fanny Davis. Palace of Topkapi in Istanbul. 1970. ASIN B000NP64Z2
  • Turhan Can. Topkapi Palace. Orient Touristic Publishing Service. 1997. ASIN B000JERAEQ
  • Claire, Karaz (2004). Topkapi Palace Inside and Out: A Guide to the Topkapi Palace Museum and Grounds. Istanbul: Çitlembik Publications. стр. 104 pages. ISBN 978-975-6663-49-3.
  • Sabahattin Turkoglu. The Topkapi Palace. NET. 1989. ISBN 978-975-479-074-0
  • Ilhan Aksit. Topkapi Palace. Istanbul. 1994. ASIN B000MPGBGK
  • Ergun, Nilgün, and Özge İskender. 2003. Gardens of the Topkapi Palace: An example of Turkish garden art. Studies in the History of Gardens & Designed Landscapes, vol.23, no.i: 57-71.
  • Ilber Ortaylı. Topkapi Palace. Tughra Books. Somerset, New Jersey (2008). ISBN 978-1-59784-141-2
  • İlhan Akşit. The Mystery of the Ottoman Harem. Akşit Kültür Turizm Yayınları. ISBN 975-7039-26-8

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Топкапи-сарај“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).