Бергманска офанзива

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бергманска офанзива
Датум 2 ноември 1914 - 16 ноември 1914
Место Ерзурумски вилает, Отоманска империја
Исход отоманска победа
Завојувани страни
 Османлиско Царство  Руско Царство
Команданти и водачи
Хасан Изет Паша Георги Бергман
Сила
118,000 100,000
Жртви и загуби
14,000 40,000

Бергманска офанзива — првиот конфликт во Кавкаскиот поход во времето на Првата светска војна. На чело на походот застанал рускиот командант Георги Бергман кој ја презел иницијативата против Отоманското Царство[1].

Конфликтот започнал на 2 ноември кога руските сили ја преминале границата и се упатиле кон градот Копрукој. Како одговор на тоа, османлиските сили одговориле со контра-офанзива и руските сили биле спасени единствено поради доаѓање на засилување[1].

Борбите траеле до 16 ноември 1914 година[1] . Русите претрпиле голем пораз со околу 40,000 жртви наспроти 14,000 османлиски. Овој успех бил охрабрувачки за османлиските лидери и Енвер Паша наредил напад на Сарикамиш[1] [2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Hinterhoff, Eugene (1984). The Campaign in Armenia. Marshall Cavendish Illustrated Encyclopedia of World War I, vol ii. New York: Marshall Cavendish Corporation. стр. 500. ISBN 0-86307-181-3. 
  2. Zayonchkovskiy, A. M. (2000) (на Russian). Первая мировая война (Pervaya mirovaya voyna). Saint-Petersburg: Poligon. стр. 878. ISBN 5-89173-082-0.