Иса Челебија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Иса (син на Бајазит))

Иса Челебија
Роден(а)1377
Починал(а)17 февруари 1411
ТаткоБајазит I
МајкаСултан Хатун

Иса Челебија (околу 13771411 ) — син на османлискиот султан Бајазит I (1389—1403), владетел на дел од Османлиското Царство во периодот од 1402 до 1403 година во текот на Отоманскиот интеррегнум.

Во почетокот Иса ја зазел Бурса и околината, но неговиот брат Муса Челебија, во име на Мехмед Челебија успеал да му нанесе пораз. По ова Иса побегнал во Цариград кај византискиот цар, а по ова и кај својот брат Сулејман Челебија кој владеел со европските делови од империјата. Така во 1404 година тој на чело со голема војска заминал кон Мала Азија. Целта на овој напад била да ја врати под своја контрола Бурса која била под контрола на Мехмед. Во битката Иса доживеал пораз и по овој пораз неговата судбина не е позната но се смета дека бил заробен и погубен.

Позадина[уреди | уреди извор]

Иса бил еден од синовите на османлискиот султан Бајазит I, а негова мајка била Девлетшах Хатун, ќерка на гермијанскиот шах Сулејман. Иса работел како гувернер на Анадолја и учествувал во Битката кај Анкара во 1402 година со својот татко. Османлиската војска била поразена, Бајазит I бил заробен од Тимур, а Иса избегал во западна Анадолија.

Граѓанска војна[уреди | уреди извор]

Во 1403 година, откако дознал за смртта на неговиот татко во заробеништво, тој започнал да се бори за испразнетиот престол против неговите браќа Мехмед Челебија, Муса Челебија и Сулејман Челебија. Тој војувал против Муса за контрола врз Бурса, анадолскиот главен град на царството. Тој го победил Муса и ја освоил контролата врз дел од анадолската територија на царството. Но, европската територија, Румелија, била под контрола на Сулејман, а источниот дел од анадолската територија под контрола на Мехмед. Чувствувајќи се дека неговите земји ќе бидат кревки меѓу неговите браќа и од двете страни, тој потпишал договор за пријателство со византискиот цар Мануел II Палеолог и го одбил предлогот на Мехмед да го подели со него анадолскиот дел од царството, со образложение дека тој бил постар брат и имал право на целокупната територија. Но, по ова одбивање, тој бил поразен од Мехмед во Битката кај Улубад во 1405 година. Во оваа битка, тој го загубил и својот везир Тимурташ, кој бил искусен државник. Тој побегнал во Румелија во византиските територии[1].

Тој се сретнал со Сулејман и со свежи трупи што ги обезбедил Сулејман , тој се вратил во Анадолија и се обидел да ја освои Бурса. И покрај тоа што не успеал, сојузувајќи се со анадолските бејлици, продолжил да се бори против Мехмед. Сепак, по низата порази и предавството на неговите сојузници, Иса се откажал од војната за престолот[2].

Според историчарот Жозеф фон Хамер, откако ја изгубил војната, Иса се криел. Според други извори, тој бил забележан во јавна бања (турски: амам) во Ескишехир и убиен од приврзаниците на Мехмед во 1406 година.

Последици[уреди | уреди извор]

По неговата смрт, војната продолжил до 1413 година. Во 1413 година, Мехмед станал единствен владетел на царството како Мехмед I, откако го победил Муса. Мустафа Челебија, кој се криел за време на војната, подоцна имал две неуспешни бунтови, еден против Мехмед во 1416 година, а друг во 1421 година против неговиот внук Мурат II.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Joseph von Hammer: Osmanlı Tarihi Vol I (condensation: Abdülkadir Karahan), Milliyet yayınları, İstanbul. p 55-56
  2. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye Tarihi Cilt II, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 72