Опсада на Медина
Опсада на Медина | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Арапско востание | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Обединето Кралство | Османлиско Царство | ||||||
Сила | |||||||
30,000 (1916)[1] 50,000 (1918)[2] | 3,000 (1916)[3] 11,000 (1918)[4] |
||||||
Жртви и загуби | |||||||
големи | 8,000 евакуирани кон Египет[4] |
Опсадата на Медина - опсада која се одвила во периодот од 10 јуни 1916 до 10 јануари 1919 година. Опсадата е една од најтрајните во историјата која продолжила и по крајот на војната. На чело на османлиските сили во градот бил Фахри Паша.
Градот Медина во тоа време бил поврзан со Османлиското Царство преку железничка пруга. Со британска поддршка, првиот напад бил извршен од страна на синот на Хусеин, Фејсал, но Арапите биле одбиени и имале големи загуби. Кога конфликтот се проширил кон северните делови на Црвено Море, Фејсал и неговите советници се договориле да го стават под опсада градот. Така со сила од околу 30,000 војници во 1916 година биле формирани три армии: источна на чело со принцот Абдула бин Хусеин, јужна на чело со Али бин Хусеин и северна на чело со Фејсал.
Во текот на 1917 година се случиле повеќе од 30 неуспешни напади, додека во 1918 оваа бројка била многу поголема, но и покрај тоа градот останал под турска власт. Кога Османлиското Царство го потпишала договорот од Мудрос со Антантата на 30 октомври 1918 година, Фахри Паша одбил да го предаде градот и покрај молбите на султанот.
Градот го одржал 72 дена по завршувањето на војната. По потпишувањето на договорот од Мудрос, османлиската армија се наоѓала на 1300 километри далеку од Медина. На крајот, неговите луѓе се соочиле со глад по кое на 10 јануари 1919 година тој морал да го предаде градот. Абдула и неговите сили во Медина влегле на 13 јануари по кое следувала 12 дневно ограбување на градот. Околу 8,000 турски војници биле евакуирани и испратени во Египет.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Spencer C. Tucker, Arab Revolt (1916-1918), The Encyclopedia of World War I, ABC-CLIO, 2005, ISBN 1-85109-420-2, page 117.
- ↑ Mehmet Bahadir Dördüncü, Mecca-Medina: the Yıldız albums of Sultan Abdülhamid II, Tughra Books, 2006, ISBN 1-59784-054-8, page 29
- ↑ Polly a. Mohs, Military Intelligence and the Arab Revolt: The first modern intelligence war, Routledge, ISBN 1-134-19254-1, page 40
- ↑ 4,0 4,1 Süleyman Beyoğlu , The end broken point of Turkish - Arabian relations: The evacuation of Medine, Atatürk Atatürk Research Centre Journal (Number 78, Edition: XXVI, November 2010) (турски)