Кралство Хиџаз
Хашимитско Кралство Хиџаз المملكة الحجازية الهاشمية Al-Mamlakah al-Ḥijāzyah Al-Hāshimīyah |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Главен град | Мека (1916–1924) Џеда (1924–1925)[1] | |||||
Народности | Арапи | |||||
Уредување | Апсолутна монархија |
Дел од темата |
---|
Историја на Саудиска Арабија |
Портал: „Саудиска Арабија“ |
Хашимитското Кралство Хиџаз (арап. المملكة الحجازية الهاشمية , Al-Mamlakah al-Ḥijāziyyah Al-Hāshimiyyah ) ― поранешна самопрогласена држава во регионот Хиџаз која го опфаќа западниот дел од Арапскиот полуостров. Била управувана од Хашимитската династија. Во јуни 1916 година за време на Првата светска војна, Кралството Хиџаз прогласило независност од Отоманската Империја, врз основа на сојузот со Британската империја за да ја избркаат отоманската војска од Арапскиот Полуостров за време на Арапскиот бунт.
Во средината на 1920-тите, Наџд го освоил кралството, по што било создадено Обединетото Кралство Хиџаз и Наџд. На 23 септември 1932 година, Кралството Хиџаз и Наџд било обединето со другите саудиски доминиони, и било создадено обединетото Кралство Саудиска Арабија.[2][3]
Причини
[уреди | уреди извор]Во 1908 година, Младотурците ја презеле Отоманската Империја, а во 1909 година, откако пропаднал контрапучот, Младотурците ја „секуларизирале“ владата. Хусеин бин Али, шариф од Мека, бил назначен од претходниот султан на Отоманската Империја и не ги фаворизирал Младотурците. Неговото противење на владеењето на Младотурците растело со текот на времето, и кулминирало со Арапскиот бунт.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]По избувнувањето на Првата светска војна во 1914 година, султанот Мехмед V, во својство на калиф, прогласил џихад против силите на Антантата. Британците се обиделе да го убедат шарифот од Мека како влијателна верска фигура да застане на нивна страна во конфликтот.
Шарифот прво бил претпазлив, но откако дознал дека Османлиите планираат да го отстранат од власт и на крај да го убијат, се согласил да дејствува со Британците ако тие поддржат поширок арапски бунт и основање независно арапско кралство. Во октомври 1915 година, британскиот висок комесар во Египет, Артур Мекмахон му ветил на Али од Хиџаз единствена и независна арапска држава која покрај регионот Хиџаз, ќе ги опфаќа денешен Ирак, Израел, Јордан, Палестина и Сирија. Откако Османлиите ги убиле арапски националистички водачи во Дамаск и Бејрут, Хиџаз се кренал на бунт. Османлиите биле поразени, и речиси целосно протерани од регионот (Медина останала под отоманска контрола во текот на целиот период).
Во јуни 1916 година, шарифот од Мека - Хусеин бин Али се прогласил за крал на Хиџаз бидејќи неговата шарифиска армија учествувала со другите арапски војски и Британската Империја во протерувањето на Османлиите од Арапскиот Полуостров.[5][6]
Британците, сепак, го изиграле Хусеин и ѝ дозволиле на Франција контрола врз Сирија (која ги опфаќа денешна Сирија и Либан). Како и да е, на крајот создале кралства управувани од Хашимитите (во форма на протекторат) во трансјорданскиот регион, во Ирак, и во Хиџаз.
Кралот Хусеин одбил да го ратификува Версајскиот договор од 1919 година и како одговор на британскиот предлог од 1921 година да потпише договор со кој го прифаќа системот на мандати изјавил дека не може да се очекува „да го стави своето име на документ со кој се доделува Палестина на ционистите, а Сирија на странци“.[7] Пактот на Друштвото на народите предвидувал во него да членуваат потписниците на мировните договори; Хиџаз бил една од трите држави (другите две биле САД и Еквадор ) кои не го ратификувале Договорот од Версај.[8][9]
Понатамошните британски обиди за договор во 1923-24 година пропаднале, а преговорите биле прекинати во март 1924 година откако тој искористувајќи ја ликвидацијата на калифатот по распадот на отоманската династија, се прогласил за нов калиф.[10] Ова предизвикало незадоволство во различни делови од исламскиот свет, но особено во Наџд. Следните шест месеци Британците ја повлекле својата поддршка во корист на нивниот нив сојузник Ибн Сауд од Наџд. Во септември 1924 година, Наџд започнал војна против Кралството на Хусеин.[10] Во октомври 1924 година Хусеин бил сменет и протеран од земјата. Неговиот син Али, кој го наследил, ги оставил Мека и Медина во рацете на Ибн Сауд, се повлекол во Џеда и таму се бранел околу една година. Во октомври 1925 година, емирот од Наџд Ибн Сауд склучил договор со британскиот претставник според кој британската влада, во замена за некои отстапки, всушност го признава припојувањето на Хиџаз од Наџд. На 22 декември 1925 година, Џеда се предала и кралот Али го напуштил Хиџаз; месното благородништво уште претходно му се заколнало на верност на Ибн Сауд.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ben Chaoon. „Saudi Arabia“. WorldStatesmen.org. Ben M. Cahoon. Посетено на 9 April 2021.
- ↑ Madawi Al Rasheed.
- ↑ A Brief overview of Hejaz - Hejaz history
- ↑ Dividing the Middle East - The Great Loot - Extra History - #1 (англиски), Архивирано од изворникот на 2023-01-11, Посетено на 24 March 2021CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Randall Baker (1979), King Husain and the Kingdom of Hejaz, Cambridge, England. New York: Oleander Press, ISBN 978-0-900891-48-9
- ↑ Joshua Teitelbaum (2001), The rise and fall of the Hashimite Kingdom of Arabia, New York University Press, ISBN 978-0-8147-8271-2
- ↑ Mousa 1978.
- ↑ Christian J Tams. „League of Nations, B.2.Membership“. Oxford University Press. doi:10.1093/law:epil/9780199231690/e519. Посетено на 2 June 2019.
- ↑ LoN Hejaz, HC Deb 17 March 1930 vol 236 c1714.
- ↑ 10,0 10,1 Huneidi 2001.