Кралство Хиџаз и Неџд
Кралство Хиџаз и Неџд مملكة الحجاز ونجد
| |
---|---|
1926–1932 | |
Статус | Дуална монархија на Хиџаз и Неџд |
Главен град | |
Говорени јазици | Арапски |
Вероисповед | Сунитски Ислам (Вахабизам) |
Уредување | Исламска апсолутистичка двојна монархија |
Крал | |
• 1926–1932 | Абдулазис ел Сауд |
Историја | |
• Хиџаз бил освоен од Неџд | 19 декември 1925 |
• Абдулазиз крунисан за крал на Хиџаз | 8 јануари 1926 |
• Неџд станал кралство | 29 јануари 1927 |
• Основана е Саудиска Арабија и анексирање на Асир | 23 септември 1932 |
Денес дел од |
Дел од темата |
---|
Историја на Саудиска Арабија |
Портал: „Саудиска Арабија“ |
Кралство Хиџаз и Неџд (арап. مملكة الحجاز ونجد), прво наречено Кралството Хиџаз и Султанат Неџд (арапски: مملكة الحجاز وسلطنة نجد) ― дуална монархија на Арапскиот Полуостров основана во 1925 година по освојувањето на Хашемитското Кралство Хиџаз од страна на саудискиот Султанат Неџд.
Во 1932 година, двете кралства се обединиле под името Кралство Саудиска Арабија.
Историја
[уреди | уреди извор]На 8 јануари 1926 година, во Месџид ел-Харам во Мека Абдулазиз, султанот од Неџд, бил крунисан за крал на Хиџаз и тој на 29 јануари 1927 година Неџд го издигнал до статус на кралство.[1] Со Договорот од Џеда од 20 мај 1927 година, државата на Абдулазиз била призната од Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и била наречена Кралство Хиџаз и Неџд.[2]
Во следните пет години, Абдулазиз владеел со двата дела од неговото дуално кралство како посебни ентитети. На 23 септември 1932 година, Абдулазиз го прогласил сојузот на главните саудиски доминиони Ел-Хаса, Катиф, Неџд и Хиџаз под името Кралство Саудиска Арабија.[3]
Надворешна политика
[уреди | уреди извор]Поради блиските односи со Обединетото Кралство која го снабдувала со оружје, Кралството Хиџаз и Неџд можело да ја спроведува својата експанзионистичка политика. За време на кралот Абдулазиз, Хиџаз се повлекол од Лигата на народите.[4]
Во 1926 година, Сојузот на Советските Социјалистички Републики го признале Кралството Хиџаз и Неџд. Соединетите Американски Држави го пизнале во 1931 година. Веќе во 1932 година, Обединетото Кралство, Франција, СССР, Турција, Царската Држава Иран, Кралството Италија и Холандија имале амбасади во Џеда; Кралството Египет имало неофицијално конзуларно претставништво.[5]
Владетели на Хиџаз и Неџд
[уреди | уреди извор]Кралот на Хиџаз и Неџд (1926-1932)
[уреди | уреди извор]Име |
Животен век |
Стапил |
Отстапил |
Белешки |
Династија |
Слика |
---|---|---|---|---|---|---|
Абдулазис
|
26 ноември 1876 | – 9 ноември 1953 (возр. 76)8 јануари 1926 | 22 септември 1932 | Син на Абдул ел Сауд и Сара ибн Ахмед ел Судаири | Саудиска |
Поткрал на Хиџаз (1926–1932)
[уреди | уреди извор]Име |
Животен век |
Стапил |
Отстапил |
Белешки |
Династија |
Слика |
---|---|---|---|---|---|---|
Фајсал
|
14 април 1906 | – 25 март 1975 (возр. 68)8 јануари 1926 | 22 септември 1932 | Син на Ибн Сауд и Тарфа ибн Абдула ел Шеик | Саудиска |
Поткрал на Неџд (1926-1932)
[уреди | уреди извор]Име |
Животен век |
Стапил |
Отстапил |
Белешки |
Династија |
Слика |
---|---|---|---|---|---|---|
Сауд
|
15 јануари 1902 | – 23 февруари 1969 (возр. 67)8 јануари 1926 | 22 септември 1932 | Син на Ибн Сауд и Вада ибн Мухамед ал-Ораир | Саудиска |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Joseph Kostiner. (1993). The Making of Saudi Arabia, 1916–1936: From Chieftaincy to Monarchical State. Oxford University Press US, ISBN 0-19-507440-8, p. 104.
- ↑ Hejaz And Nejd
- ↑ Kingdom of Nadj-Hijaz (1916-1932)
- ↑ The First Soviet Peacemaking Initiative
- ↑ History The Kingdom of Saudi Arabia
Извори
[уреди | уреди извор]