Битка кај Сарикамиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битка кај Сарикамиш
Сражение при Сарыкамыше
Sarıkamış Muharebesi
Дел од Кавкаски поход во Блискоисточен фронт
Sarikam.jpg
Датум 22 декември 1914 - 17 јануари 1915
Место Сарикамиш, Руска империја
40° СГШ 42° ИГД / 
Исход руска победа
Завојувани страни
 Руско Царство
  • ерменски волонтери
 Османлиско Царство
Команданти и водачи
Николај Јуденич Енвер Паша
Сила
100,000[1] 118,000.[2]
Жртви и загуби
30,000[3] 23,000 – 90,000 [4]
7,000 – 50,000 POW[4]
10,000 повредени[4]

Битката кај Сарикамиш — битка помеѓу Отоманското Царство и Руското Царство во текот на Првата светска војна.

Битката кај Саракамиш траела од 22 декември 1914 до 17 јануари 1915 година. Русија го сметала Кавкаскиот фронт за помалку важен од Источниот фронт каде учествувале најголемиот дел од војските. За време на последната Руско-турска војна (1877-1878) Русија го зазела градот Карс, поради тоа Русија се плашела дека Турците ќе извршат напад кон градот. Турскиот министер за војна Енвер Паша наредил мобилизација на Третата турска армија која имала сила меѓу 95,000 и 190,000 војници. Но до моментот на доаѓање на армијата до границата таа бројка се намалила на 80,000 војници бидејќи голем дел од војниците дезертирале или побегнале кон планините. Од друга страна руската кавкаска армија имала околу 100,000 војници но поголемиот дел од оваа армија војувала на Источниот фронт.

Кога турските сили пристигнале на Кавказ, началникот на руската армија имал на располагање околу 60,000 војници. Кон средината на декември Енвер Паша пристигнал на Кавказ преку Ерменија и наредил да се заземат сите патишта кои воделе до градот Саракамиш. Германскио советник Ото фон Сандерс го советувал на Евнер Паша да го повлече планот за напад но тој одбил. Турската армија била поделена во два дела кои не пристигнале пред градот во исто време туку првата армија на 29 декември 1914 а втората на 3 јануари 1915 година. Првата девизија успеала да ги освои западните делови од градот, а кога пристигнала втората девизија нападот од нејзина стран бил без координација. Руските сили успевале да ги одбиваат турските напади.

На 4 јануари османлиската армија се повлекла преку планините во големата зима. Во битката од околу 30,000 турски војници биле убиени наспроти 60,000 руски војници. За овој пораз Евнер Паша ги обвинил Ерменците бидејќи ја нападнале линијата која ги снабдувала турските војници. Ова довело до започнување на т.н. Ерменски геноцид. Во февруари 1915 г. сите 60,000 мобилизирани ерменски војници биле затворени во логори и убиени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Encyclopedia Americana, 1920, v.28, p.404
  2. Edward J. Erickson, Ordered to Die: A History of the Ottoman Army in the First World War. Westport, CT: Greenwood Press, 2001, p. 57.
  3. Edward J. Erickson, Ordered to Die: A History of the Ottoman Army in the First World War, Greenwood Publishing Group, ISBN 9780313315169, sayfa 60.
  4. 4,0 4,1 4,2 Erickson, Ordered to Die, pp. 59-60.