Територијално проширување на Отоманското Царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
отоманската експанзија во периодот од 1481 до 1683.

Територијално проширување на Отоманското Царство (1453-1683) претставува период од историјата на Отоманското Царство кој следел по создавањето и подемот на империјата (1299-1453). Овој период го одбележува проширувањето на империјата кон Северна Африка, како и војните со Сефевидите од исток. По завршувањето на овој период следувал стагнација во Отоманското Царство (1683-1827).

Проширување[уреди | уреди извор]

Бајазит II[уреди | уреди извор]

Во 1481 година, султанот Мехмед II неочекувано починал. На негово место, на прерстолот се застанал неговиот поголем син Бајазит II. Според законите на Отоманското Царство, тоа означувало смртна пресуда за Кем, кој бил помал брат на Бајазит. Во тоа не се согласил Кем, па затоа во околината на Караман успеал да собере одредена војска и да тргне кон Бурса. Во меѓувреме, пред градот веќе била соберена војската на Бајазит на чело со Ајас-паша. Во битката помалиот брат излегол како победник, по кое се самопрогласил за отоманскли султан. Сепак Бајазит успеал да ја мобилизира својата војска и да го порази на својот брат кај Јенишехир. По неговиот пораз, Кем побегнал во Каиро. Од таму тој се вратил следната година. Во почетокот тој забележал одредени успеси, но сепак на крајта морал да се повлече кон Родос бидејќи започнал да ги губи своите позиции. По ова, Кем заминал во Западна Европа каде на 25 февруари 1495 во Капуа починал.

Во 1499 година избила Османлиско-венецијанска војна, која траела до 1503 година кога Отоманците ги добиле последните венецијански упоришта на Пелопонез и некои градови по должината на јадранскиот брег. Во почетокот на 16 век започнала и војна со Мамелуците, која завршила со победа на империјата во 1513 година.

Отоманска граѓанска војна[уреди | уреди извор]

Отоманската граѓанска војна била војна која се водела од 1509-1512 година. Во времето на војната, Бајазит II бил султан на империјата. Војната се водела помеѓу неговите синови Ахмед и Селим. Во 1509 година Ахмед успеал да ги порази Сефевидите и нивните сојузници во Мала Азија. По ова тој се упатил кон Цариград. Плашејќи се за својата безбедност, Селим организирал бунт во Тракија, но бил поразен од страна на Бајазит и принуден да побегне во Крим (1511). По ова Бајазит дознал дека Ахмед се приближува кон престолнината, па затоа одбил да му ги отвори портите на градот. Селим се вратил од Крим и со поддршка од јаничарите, најпрвин го поразиле а подоцна и го убиле Ахмед. По овој настан, Бајазит абдицирал од престолот (25 април 1512). Тој заминал кон родната Демотика, но по патот починал. Тој бил погребан во Бајазитската џамија во Цариград.

Селим I[уреди | уреди извор]

Во времето на неговото владеење, Селим I успеал да ги прошири своите граници кон југ и исток. Тој успешно ги поразил Мамелуците, по кое ги зазел современите Сирија, Либан, Палестина и Египет, вклучувајќи го и светиот град Ерусалим, како и Каиро, престолнината на Абасидите. По ова, тој се прогласил за калиф во империјата. Селим I ја освоил и Сефавидската империја, но набргу потоа Сефавидите повторно го освоиле источниот дел од империјата заедно со градот Багдад. Империјата воспоставила морнарица во Црвено Море. Ова главно се споровело поради поморските војни со Португалија кои се воделе главно за трговијата.

Во текот на овој период, империјата натпреваруваа со големите европски колонијални сили, во Индиски Океан. Голем број на флоти, со војници и оружје, биле испраќани за поддршка на муслиманските владетели во Кенија и во Ачех. Овде Отоманците изградиле тврдина кои биле обезбедувани со тоопови.

Во Битката кај Чалдиран во 1514 година, отоманските сили на чело со Селим издвојувале голема победа над Сефевидите, со кое била обезбедена источната граница на земјата.

Сулејман Величествениот[уреди | уреди извор]

Сулејман I е еден од најуспешните султани на Отоманското Царство. На султанскиот престол се качил во 1520 година и владеел до 1566 година. Ги освоил најсветите муслимански градови Мека, Медина, Ерусалим, Дамаск и Багдад. Во август 1521 година била освоена речиси цела Србија. Во 1522 година бил заземен Родос. На 29 август 1526 година започнала Мохачката битка. Отоманците ги поразиле сојузничките христијански сили предводени од Лајош II. Победата сепак не им дала голема сигурност на Османлиите. Битката го означил крајот на Кралство Унгарија. Од 1541 година Сулејман го контролирал поголемиот дел до денешна Унгарија, како и Трансилванија, Влашка и Молдавија кои станале вазалства на султанот.

Сулејман водел три воени походи против Сефавидското Царство во Персија и Ирак. Во 1534 година бил заземен градот Багдад. Вториот поход (1548-1549) резултурал со заземање на Тебриз и Азербејџан, провинцијата Ван и делови од денешна Грузија. Третиот поход се случил во 1555 година, кој завршил со договорот од Амасија, според кој биле признаени границите на Отоманското Царство. Во текот на неговото владеење биле спроведени воени походи во Северна Африка во кој биле заземани Тунис, Алжир и Триполитанија. Во овој период, Отоманското Царство станала доминантна во Средоземно Море.

Отоманската морнарица исто така обезбедила контрола и над Црвено Море и Персискиот Залив во 1554 година, кога нивните сили биле поразени од страна на Португалија. По ова следувал поразот во Битката кај Аден во 1548 година. Во 1533 година, Хајредин Барбароса спровел воен поход против Хабсбуршка Шпанија.

Во 1535 година, светиот римски цар Карло V издвојувал значајна победа над Османлиите во Тунис, но во следната година бил склучен сојуз помеѓу Франсоа I и Сулејман I. Во 1538 година, флотата на Карло V била поразена во Битката кај Превеза, со која победа се обезбедил источниот дел од Средоземјето, кој под отоманска власт останал во следните 33 години.

Во 1541 година бил опсаднат градот Будим. Опсадата резултирала со заземање на градот Будим. По оваа победа, Османлиското Царство воспоставила контрола над централна Унгарија. Битката е дел од т.н. Мала војна во Унгарија. Победата претставува една од најзначајните на Османлиите против Фердинанд I, најмногу поради тоа што градот во следните 150 години бил под нивна контрола[1].

Една од најнеуспешните војни и битки на Сулејман I е Опсадата на Виена во 1529 година. Опсадата претставува крајна точка на османлиската инвазија во Европа, бидејќи по битката бил ставен крај на османлиското проширување во Европа, иако во 1683 година имал уште еден обид за заземање на градот.

Селим II[уреди | уреди извор]

По смртта на Сулејман I, негов наследник станал синот му Селим II. Во текот на неговото владеење, тој успеал да ги зазеде Јемен и Крит. Во 1570 година султанот Селим II започнал воен поход, чија цел била да освои островот Кипар и крајбрежните делови од денешните држави Италија и Шпанија. Војната продолжила од 1570 до 1573 година. Во текот на 1570 и 1571 година биле заземани градовите Никозија и Фамагуста. Тој доживеал голем пораз во Битката кај Лепанто во 1571 година. Самиот Селим II се оддал на харемовиот живот. Во практика неговата империја била управувана од страна на Мехмед-паша Соколовиќ. Тој починал во 1574 година од алкохол.

Револти и обнова (1566-1683)[уреди | уреди извор]

По смртта на Селим, неговите следни два наследника Мурат III и Мехмед III продолжиле со борбата за превласт во харемот. Нивното време се одбележува со голема корупција. Од овие два султани се очекувало премногу, но сепак тие живееле типичен сарајски живот. границите на империјата повеќе не можеле да бидат проширувани бидејќи самиот султан не размислувал за тоа.

Ахмед I на престолот застанал во 1603 година, на свои 14 години. Во 1617 година бил потпишан мир со Персија и Молдавија. Тој бил првиот султан којшто не извршил братоубиство. Својот брат Мустафа I го прогласил за негов наследник бидејќи синот му Осман бил премногу млад. Мустафа I по само три месеци бил сменет од страна на Осман II. Осман II ја обезбедил источната граница со потпипшшување на мировен договор со сефевидски Иран. Тој ја предводел инвазијата над Полска. По Битката кај Котин, Отоманците биле поразени и Осман бил принуден да се врати во престолнината во срам, обвинувајќи ги јаничарите за поразот.

Мурат IV на престолот дошол во 1623 година. Тој е познат по тоа што го вратил авторитетот на земјата преку бруталноста на неговите мерки. Честопати знаел да заповеда да дојде некој паша кај него и едноставно да го погуби. Тој водел победоносна војна со Персија, освојувајќи го Азербејџан, Тебриз и Хамадан. Во 1638 година го зазел и Багдад. Мехмед IV имал само 7 години кога бил прогласен за султан. Државната власт била управувана од страна на Валиде султан и самите јаничари. Во 1664 година неговите сили доживеале пораз кај Сентготард. Големиот везир Кара Мустафа-паша залудно се свртел кон Виена во 1683 година и ја ставил под опсада. По неговата неуспешна опсада, Кара Мустафа-паша бил погубен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Garnier, p.200