Знаме на Отоманското Царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знаме на Отоманското Царство

Терминот знаме на Отоманското Царство се однесува на било кое знаме кое било употребувано од страна на владејачката Отоманска династија во текот на постоењето на империјата. Во текот на историјата биле користени поголем број на знамиња. Султанот исто така имал свое посебно знаме во употреба. Главно поради својата сложена и политичка организација, империјата во текот на поголемиот дел од своето постоење немала официјално знаме, сè до 1844 година, по воведувањето на Танзиматот. Знамето од 1844 година било црвено знаме со бела полумесечина и бела ѕвезда во средината на знамето. Денеска, ова знаме се користи од страна на Република Турција.