Ертугрул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ертугрул
Владеење 1227–1281
Полно име Ертугрул Гази
Претходник Сулејман Шах
Наследник Осман I
Татко Сулејман Шах
Мајка Хајме Хатун

Ертугрул (отомански турски: ارطغرل Гази) (1191 / 1198 Ахлат - 1281 Согут) бил татко на Осман I, основач на Отоманската Империја. Тој бил водач на едно племе кое имало потекло од Огузите. Тој пристигнал во Анадолија, заедно со уште 400 коњаници за да им помогне на Селџукскиот султанат во нивните борби против Византија.[1] Ертугрул често пати се нарекувал и како Гази, кое во превод значело борец за исламската кауза,[2]. Во 1277 година, тој како заслуга за неговата борба против Византија добил една област по име Караја Даг, која се наоѓа во близина на денешниот град Анкара. По ова, во 1231 година бил освоен Согут, кој во 1299 година станал престолнина на идната Отоманска Империја.

Потекло[уреди | уреди извор]

Ерту`рул е син на Сулејман Шах, потекнува од Огузите, неговиот Татко Сулејман Шах, бил главатар на Туркменското племе Каја, кои живееле во привремени шатори, со кои повеќепати биле принудени да се преселуваат од едно во друго место, а најчесто нивните места на живеење биле именувани како Јазл`к (Летно време) и К`шл`к (Зимско време), после неговиот татко Ерту`рул станува поглавар на племето.

Раѓање[уреди | уреди извор]

Точната година на неговото раѓање не е позната но се знае дека е роден во периодот од 1191 и 1198 година, роден е во местото Ахлат, Како трет син на Сулејман Шах, после Сунгур Текин и Гундо`уду, после него е роден уште неговиот брат Дундар.

Живот[уреди | уреди извор]

Уште од најмали години се издвојува како вешт војсководец, на млади години добива задача да ја води војската на племето, така ја добил првата титула, како командант на војската на племето Каја, пред да ја добие титулата од рацете на Крстоносците ги ослободува Селчучкиот Принц Нуман, неговиот син Јигид и неговата ќерка Халиме. Набрзо после тоа Ерту`рул се венча со Халиме, која всушност е ќерка на принцот на селчучката држава, со што се здобива со голема слава и поддршка од страна на Султанот Алаадин Кејкубат. Ерту`рул добива три сина со Халиме и тоа Гундуз, Савџи и Осман.

Во почетокот на 13. век Ерту`рул со 400 коњаници се враќа од Халеп, каде во тоа време било населено племето Каја, во Анадолија, напомош на Селчучката Држава, а после успешните борби со византијците и како благодарност за големата поддршка на Селчуците, султанот им ја доделува областа Караја Да`а, каде Ерту`рул го формира својот Бејлук, а кратко после тоа го освојува градот Со`ут, кој станува престолнина на бејлукот.

Смрт[уреди | уреди извор]

Во 1281 година во Со`ут умира Ерту`рул Гази, после неговата смрт на чело на бејликот застанува малиот Осман, најмалиот од тројцата браќа, синови на Ерту`рул, по што го добива и прекарот Генч Осман (Младиот Осман), кој ја продолжува мисијата на неговиот татко и ги збира сите Турски Бејлуци и ја основа Османската Држава, која го добива своето име токму по него.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. History of the Ottoman Empire and modern Turkey, Volume 1, By Stanford Jay Shaw, Ezel Kural Shaw, pg. 13
  2. Southeastern Europe under Ottoman rule, 1354-1804, By Peter F. Sugar, pg.14