Битка кај Хотин (1621)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битка кај Хотин
Дел од Молдавски магнатски војни
and Отоманско-полска војна (1620–1621)
Józef Brandt, Bitwa pod Chocimiem.jpg
Битка кај Хотин , од Јозеф Бранд
Датум 2 септември -9 октомври 1621
Место во близина на Хотин, Украина
Исход полско-литванска победа[1]
Завојувани страни
Chorągiew królewska króla Zygmunta III Wazy.svg Полско-литвански комонвелт
Козаци
 Османлиско Царство
Gerae-tamga.svg Кримско ханство
 Влашка
 Регион Молдавија
Команданти и водачи
Јан Керол Ходкевич
Станислав Лубомирски
Владислав IV Ваза
Петро Кононович Сахадачни
Османлиско Царство Осман II
Османлиско Царство Охрили Хусеин Паша
Gerae-tamga.svg Хан Темир
Gerae-tamga.svg Канибек Гирај
Сила
25,000 полско-литвански и 20,000 козац и[2] или 50,000–60,000[3]
120,000–150,000 османлиско-татарски сили, 13,000 молдавско-влашки сили[3]
Жртви и загуби
14,500 42,000

Битката кај Хотин е битка меѓу војските на Полско-литванската унија и Отоманската империја која се одвила во периодот од 2 септември до 9 октомври 1621 година кај Хотин, денешна Украина.

Во 1621 година армија од 200.000 до 250 000 турски ветерани заминала од Едрене кон границата со Полска. Османлиите по победата кај Цецора имале голем потенцијал во војната посакувајќи целосно да ја уништат Полска и да излезат до Балтичко Море. Полскиот командант Јан Керол Ходкевич имал армија од околу 35.000 војници заедно со своите Козаци.

Во 1621 година влегле во Хотинската тврдина. Битката кај Хотин траела речиси цел месец кога Османлиите решиле да ја напуштат опсадата. Во оваа битка Осман II загубил околу 40.000 војници што го принудило на преговори. Така бил потпишан Хотинскиот договор според кој Полско-литванскиот комонвелт бил обврзан да не се меша во внатрешните работи на Молдавија а границите останале исти. Од друга страна било решено Козаците и Татарите да не влегуваат во двете земји и да вршат напади врз населението. По крајот на битката Осман II ги обвинил јаничарите за поразот и сакал да ги трансформира, но бил убиен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Plokhy, Serhii, The Cossacks and Religion in Early Modern Ukraine, (Oxford University Press, 2001), 93.
  2. Robert I. Frost. After the Deluge: Poland-Lithuania and the Second Northern War, 1655-1660. Cambridge University Press. 2004. p. 13.
  3. 3,0 3,1 Leszek Podhorodecki: Chocim 1621, seria: "Historyczne bitwy", MON, 1988.