Отоманско-полска војна (1620–1621)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Отоманско-полска војна 1620–1621
Дел од Османлиско-полски војни
Józef Brandt, Bitwa pod Chocimiem.jpg
Битката кај Хотин
Датум 1620–21 (Договор од Хотин)
Место Молдавија
Исход нерешителен
Територијални
промени
статус кво
Завојувани страни
Chorągiew królewska króla Zygmunta III Wazy.svg Полско-литвански комонвелт  Османлиско Царство
Команданти и водачи
Станислав Жолкиески

Јан Карол Ходкевич
Владислав IV Ваза

Осман II

Османлиско-полската војна се водела во периодот од 1620 до 1621 година за контрола над Молдавија. Конфликтот завршил со полско повлекување од Молдавија[1].

Позадина[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 16 век, односите меѓу Османлиската Империја и Полско-литванскиот комонвелт се влошиле. Козаците отворено навлегувале на османлиските територии што дополнително ги влошиле односите бидејќи тие акции биле независни, Козаците делувале од териториите на комонвелтот. Во исто време, Татарите кои живееле под османлиска власт го нападнале комонвелтот.

Во тоа време започнале преговори меѓу двете земји за спречување на нападите од Козаците и Татарите, но овие договори во практика никогаш не биле испочитувани.

Војна[уреди | уреди извор]

Кон крајот на 16 век и почетокот на 17 век, т.н. магнати од Полско-литванската унија интервенирале во Молдавија за зголемување на своите сфери на влијание. Од друга страна Османлиите биле засегнати од постојаните напади на Козаците. Во Европа пак, беснеела Триесетгодишната војна. Полско-литванскиот комонвелт учествувал во војната каде кралот Сигмунт III испратил своја армија на Хабсбуршката монархија во битката кај Шумене во 1619 година против трансилванскиот кнез Ѓорги I Ракоци, а принцот Габриел Бетлен побарал помош од Осман II. Гаспар Грацијани кој бил владетел на Молдавија ја повикал Полска на помош. Во 1620 година Осман II издвојувал победа во битката кај Цецора, додека следната 1621 година Османлиите биле поразени во битката кај Хотин.

Војната завршила со потпишување на договорот од Хотин.

Наводи[уреди | уреди извор]