Грб на Отоманското Царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грб на Отоманското Царство
Osmanli-nisani.svg
Подробно
Грбоносец Султан Абдул Хамид II
Усвоен 1882
Челенка Тугра Abdul Hameed II Sign.svg
Употреба Отоманска династија

Грб на Отоманското Царство — официјален симбол на Отоманското Царство. Поради својот исламски карактер, Отоманското Царство немал свој грб или хералдичка традиција. Наместо грб, секој султан на Отоманското Царство имал личен монограм или печат, кој се нарекувал тугра и служел како грб, по примерот на голем број на европски монарси.

Дури во XIX век, во времето на Танзиматот и обидите за модернизација на земјата, Отоманското Царство добил официјален грб. Конечната верзија на отоманскиот грб била одобрена од страна на султанот Абдул Хамид II на 17 април 1882 година.

Грбот на Отоманското Царство се состоел од три елементи: знамето на Отоманската династија, кое е со црвена боја со бела полумесечина, знамето на калифатот кое има зелена боја со три полумесечини, и најгоре се наоѓа златно сонце повторно со зелена полумесечина. Во него се наоѓа тургата на султанот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]