Распад на Отоманското Царство

Од Википедија — слободната енциклопедија

Распаѓањето на Отоманското Царство го опфаќа периодот од започнувањето на Младотурската револуција во 1908 година, до конечната поделба на империјата во 1922 година. Претходно, пред крајот на 19 век, на Балканот биле создадени три нови држави: Грција, Бугарија и Србија.

Овој период започнал со т.н. Втора уставна ера (турски: İkinci Meşrûtiyet Devri), која придонела за промена на уставот кој бил донесен во 1876 година и создавање на османлиски парламент. Новите држави на Балканот, со поткрепа на Руската Империја сакале целосно да ја протерат османлиската власт во Албанија, Македонија и Тракија. Во 1912 година избувнала т.н. Прва балканска војна, која завршила со потпишување на Лондонскиот мировен договор во 1913 година. Според него, Албанија на 27 декември 1912 била призната за независна држава, а предлогот за Македонија не бил прифатен. Во Тракија, двете главни бугарски војски удриле со сета сила на Лозенград и Одрин. По завршувањето на Првата балканска војна, помеѓу сојузничките сили започнала нова т.н. Втора балканска војна.

Прва светска војна[уреди | уреди извор]

Во Првата светска војна, Османлиите се приклучиле кон Централните сили, со цел враќање на загубените територии. Младотурската влада потпишала таен договор за создавање на сојуз помеѓу империјата и Германија во август 1914 година. Отоманското Царство официјално во војната влегла по Гебенскиот и Бреславскиот инцидент. Во текот на првите години од војната следувале неколку успеси на страната на Османлиите, како заземањето на Галиполе и Кут. По ова, следувал Кавкаскиот поход, во кој Османлиите биле катастрофално поразени од страна на Русија. САД никогаш не објавила војна на Османлиското Царство.[1]

Во 1915 година, по победата на Русите во Кавказ, тие продолжиле со својот напредок кон источна Анадолија со помош на ерменските волонтерски единици од регионот на Кавказ, како и со помош на Османлиските Ерменци. Во крајна сметка, ова завршило со масовна евакуација и убиството на неколку стотици илјади или преку милион Ерменци од страна на младотурскиот режим. Овој настан во историјата е познат како Ерменски геноцид.[2][3][4] Денеска, овој настан претставува тема на дискусија на голем број историчари. Проценките се различни околу тоа колку Ерменци загинале. Според едни, оваа бројка се движи околу 600.000,[5] а според други, оваа бројка достигнува околу 1.500.000 Ерменци.[6][7]

Во 1916 година избила т.н. Арапска побуна. Таа завршила во 1918 година кога бил потпишан Севрскиот договор. Според договорот, Месопотамија (Ирак), Палестина и Трансјорданија биле дадени на Велика Британија под протекторат на Лигата на народите; Сирија и Либан на Франција. Освен тоа, според договорот, североисточните региони од Анадолија биле дадени на Ерменија, северен Епир бил даден на новосоздадената држава Албанија, источна Тракија со исклучок на Цариград, Босфорот и Дарданелите на Грција.

Турска војна за независност[уреди | уреди извор]

Окупацијата на Цариград, заедно со окупацијата на Измир од страна на победничките сили во војната го дал почетокот на Турската војна за независност, која траела од 1919 до 1922 година. На чело на Турското национално движење застанал Мустафа Кемал Паша.[8]

Мустафа Кемал побарал национални избори за да се воспостави нов турски парламент, кој ќе има свое седиште во Анкара. На 12 февруари 1920 последниот отомански парламент се собрал во главниот град. Парламентот се распуштил од страна на британските сили, откако бил прогласен за Misak-i Milli („Национален пакт“). На 10 август 1920 година, Големиот везир Дамат Ферид Паша го потпишал Договорот од Севр. Со тој договор се завршиле плановите за поделба на Отоманското Царство, вклучувајќи го и региони турските родољупци ги сметале за важни делови. Мустафа Кемал инсистирал на целосна независност и заштитата на интересите на мнозинството на Турците на турската почва. Тој го убедил Собранието да ја собе национална армија. Армијата се соочила со окупација на сојузничките сили и се борела на три фронта: француско-турскиот, грчко-турскиот и турско-ерменскиот фронт. По серијата битки за време на грчко-турската војна, грчката армија стигнала до реката Сакарја, само осумдесет километри западно од Собранието. На 5 август 1921 година, Мустафа Кемал бил промовиран како командант на силите од страна на Собранието. Во август 1922, Кемал започнал со силни напади врз грчките војници и турските сили ја повратија контролата на Измир на 9 септември 1922 година. На 10 септември 1922, Мустафа Кемал испратил телеграма до Лигата на народи каде вели Анкара Владата нема да биде одговорна за масакрите извршени за време на војната за независност.

Конференцијата во Лозана започнала на 21 ноември 1922 година. Турски претставник Исмет Инени одбил секаков предлог што би бил компромис за турскиот суверенитет, главните прашања во врска со контролата на турски финансии, Босфорот, правдата и слично. На 24 јули 1923 година бил потпишан Договорот од Лозана. Крајниот исход на војната за независност било прогласувањето на Република Турција на 29 октомври 1923 година. Со ова, офоцијално престанала да постои Османлиското Царство.

Прогонство и потомци[уреди | уреди извор]

Во 1947 година, на потомците на Османлиската династија им било доделено правото да се здобијат со турско државјанство од страна на Големото турско собрание. Мехмед Орхан, син на Мехмед Абдил Кадир починал во 1994 година оставајќи го внукот на османлискиот султан Абдул Хамид II, Ертугрул Осман, како најстар преживеан член на сменетата династија. Осман долги години одбивал да го зеде турскиот пасош, нарекувајќи се себеси како граѓанин на Османлиското Царство. Сепак, и покрај тоа што тој не го прифатил турскиот пасош, на прашањето дали тој самиот лично сака да ја обнови империјата, тој одговорил негативно. Тој рекол дека „демократијата работи добро во Турција“. Во 1992 година, тој за првпат се вратил во Турција и во 2002 година станал турски граѓанин.[9] На 23 септември 2009 година, Осман починал на својата 97 година од животот, како последниот преживеан наследник на прогонетата османлиска власт. Главно поради ова, тој се нарекува „последниот Отоманец“.[10] Бајазит Осман во моментот е најстариот преживеан член на поранешната владејачка династија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Spencer Tucker, ed. Encyclopedia of World War I (2005) p 1080
  2. Balakian, Peter. The Burning Tigris: The Armenian Genocide and America's Response. New York: Perennial, 2003. ISBN 0-06-019840-0
  3. Walker, Christopher J. "World War I and the Armenian Genocide" in The Armenian People From Ancient to Modern Times, Volume II, pp. 239–273.
  4. Akcam. A Shameful Act, pp. 109–204.
  5. Toynbee, Arnold J., The Treatment of Armenians in the Ottoman Empire 1915–16: Documents presented to Viscount Grey of Fallodon, Secretary of State for Foreign Affairs By Viscount Bryce. New York and London: G.P.Putnam's Sons, for His Majesty's Stationary Office, London, 1916, p. 650.
  6. Charny, Israel et al. A Letter from The International Association of Genocide Scholars. International Association of Genocide Scholars. 13 јуни 2005. Accessed 12 септември 2009.
  7. See Marashlian, Levon. Politics and Demography: Armenians, Turks, and Kurds in the Ottoman Empire. Cambridge, Mass.: Zoryan Institute, 1991.
  8. Mustafa Kemal Pasha's speech on his arrival in Ankara in November 1919
  9. „Political Obituaries: Ertugrul Osman“. The Daily Telegraph. 2009-09-27. Посетено на 2009-10-26.
  10. 'Last Ottoman' dies in Istanbul“. BBC. 2009-09-24. Посетено на 2009-09-24.