Настани во март

Од Википедија — слободната енциклопедија

1 март


1913  Во Петроград е објавен и издаден Меморандумот за независноста на Македонија од страна на ополномоштените Македонци, членови на МНЛД. Испратен до британскиот и рускиот министер за надворешни работи, амбасадорите на големите сили и објавен во европскиот печат.
1917  Лондонската метро-станица „Портланд Руд“ го добива името „Грејт Портланд Стрит
1992  Во Сараево е убиен Никола Гардовиќ, прва жртва на војната во БиХ.
1994  Владата на Словачка донесе одлука за признавање на Македонија и за воспоставување на дипломатски односи на ниво на амбасади.
1997  Изгоре Планинарскиот дом „Дервен“‎‎, еден од најстарите во Македонија (изграден 1951 година).


2 март


1492  Шпанскиот крал Фардинанд II, наречен „Католикот“ го наредил прогонот на Евреите од Шпанија, дел од кои завршиле во Македонија.
1923  Започнал да излегува американскиот неделник „Тајм“.
1933  Во Њујорк се одржала премиерата на филмот „Кинг Конг“.
1942  Близу до Плетвар, загинале Борка Талески - Црниот и Лазо Колевски - Лавскинародни херои на Македонија.
1943  Британското воено воздухопловство во Втората светска војна систематски започна да ги бомбардира европските железнички системи на територијата под контрола на нацистичка Германија.
1946  Хо Ши Мин е избран за претседател на Северен Виетнам.
1956  Поранешната француска колонија, Мароко се здобила со независност.
1965  На Бродвеј била одржана премиерата на познатиот мјузиклМоите песни, моите сништа (The sound of music)“.
1969  На аеродромот во Тулуза бил извршен пробниот лет на надзвучниот патнички авионКонкорд“ во траење од 27 минути.
1970  Поранешната британска колонија Родезија била прогласена за република, со што и формално се стекнала со независност.
1972  Во САД е лансиран вселенскиот бродПионер 10“ за испитување на планетата Јупитер.
1973  Претставници на 12 земји го потпишаа во Париз завршниот документ за мир во Виетнам.
1980  Во Скопје бил формиран Факултетот за ликовни уметности.
1993  Во Скопје, во Касарната „Гоце Делчев“ се промовирани 64 водници на АРМ, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука за одбрана.
1995  Покренато е обвинение против поранешниот премиер на Италија Џулио Андреоти поради негова поврзаност со мафијата.


3 март


1822  Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ.
1878  По завршувањето на Руско-турската војна, склучен е Санстефанскиот мировен договор, со кој Бугарија добила независност и големи територии. Поради несогласувањето на големите сили со договорот, само 3 месеци подоцна е одржан Берлинскиот конгрес на кој е извршена ревизија. Ова е Ден на независноста на Бугарија.
1918  Потпишан е Брест-литовскиот договор меѓу Русија и Централните сили, со кој Русија излегла од Првата светска војна.
1944  Во близина на Ново Село, Кумановско, III Македонска НОУ бригада заробила околу 30 четници кои по разбивањето на четничкиот Вардарски корпус се криеле во овој регион.
1974  Во близината на Париз се урнал турски авион што летал на релацијата Анкара-Лондон при што загинале 345 лица.
1996  Во Шпанија, конзервативната Народна партија на Хосе Марија Азнар победи на парламентарните избори.
2002  Во Швајцарија се одржал референдум во кој граѓаните се изјасниле за влез во Обединетите Нации.


4 март


1789  Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД.
1933  Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објавил својата „Нова политика“ (New Deal), чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата.
1942  Во Софија, бугарската полиција го уапсила поетот Никола Јонков Вапцаров.
1945  Во Белград бил основан фудбалскиот клуб „Црвена Ѕвезда“.
1945  Во Скопје е одржан првиот слободен црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите го искажале расположението на македонскиот народ за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа III, а по барање на Цариградската патријаршија.
1952  Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна.
1965  Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни.
1965  Со премиерата на претставата „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова, започнал со работа Драмскиот театар во Скопје.


5 март


1953  Во Македонија е организирана првата акција за доброволно дарување на крв.
1992  Домот на младите „25 Мај“ во Скопје го промени името во Младински културен центар.
1993  Авион од типот „Фокер 100“ на авиокомпанијата „Палер Македонија“, веднаш по полетувањето од аеродромот во Петровец кај Скопје, се урна. 83 лица го загубија животот.


6 март


1793  Франција ѝ објави војна на Шпанија.
1926  Воспоставен е првиот телефонски разговор преку Атлантикот, помеѓу Лондон и Њујорк.
1962  Во САД е лансирано првото автоматско меѓупланетарно летало „ОСО 1“ (орбитална сончева опсерваторија).
1989  Кина објави вонредна состојба во Тибет по тридневните антикинески немири во јужната планинска провинција.
1993  Силите лојални на ирачкиот претседател Садам Хусеин, според западни извори, во Басра и други градови во јужниот дел на Ирак убија најмалку 400-на учесници на бунтот против централната власт


7 март


1957  Двете некогашни британски колонии — Златниот Брег и Тоголанд се обединија и ја формираа независната држава Гана.
1978  Почна емитувањето на Втората програма на Телевизија Скопје.
1980  Француската писателка Маргарет Јурсенар е избрана за член на Француската академија на науките. Со тоа таа влезе во историјата како прва жена, член на француската институција.


8 март


1658  Склучен Роскилдскиот мировен договор со кој Шведска добива неколку покраини од Данска и Норвешка.
1910  На II Mеѓународна конференција на жените социјалистки, организирана на иницијатива на Клара Цеткин во Копенхаген е одлучено датумот 8 март да се слави секоја година како „Меѓународен ден на жената“.
1945  Во Скопје првпат е прославен Денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржа голем митинг.
1946  Президиумот на Народното собрание донел закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија во „Народна Република Македонија“.


9 март


1776  Шкотскиот економист Адам Смит го објавил неговото капитално дело „Богатството на народите“.
1908  Бил основан италијанскиот фудбалски клуб Интер од Милано.
1916  Прва светска војна: Германија ѝ објавила војна на Португалија.
1956  Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република.
1966  Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија.
1987  Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во Иранско-ирачката војна.
1995  Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво.
1999  Претседателот на Иран, Мохамед Хатами, допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја.


10 март


241 п.н.е.  Римјаните ја поразуваат Картагинската флота, ставајќи крај на Првата пунска војна
1912  Јуен Шикај станува привремен претседател на Република Кина.
1945  Втора светска војна: Токио е уништен во нападот на 300 американски бомбардери Б-29, при што загинаа околу 100.000 жители ја јапонскиот главен град.
1951  Фулгенсио Батиста извршува успешен државен удар во Куба.
1953  Во Скопје излезе првиот број на весникот „Просветен работник“, како орган на Здружението на просветните работници на НР Македонија. Од 11.11.1992 година излегува како гласило на Министерството за образование и физичка култура.
1990  Проспер Аврил е тргнат од власта во Хаити.
1992  Наместо поимот „милиција“, што се користеше во Република Македонија за припадниците на Министерството за внатрешни работи, почна да се употребува поимот „полиција“.
1993  Сухарто по шести пат е избран за претседател на Индонезија.
1997  Ватикан воспостави дипломатски односи со Либија.


11 март


1913  Велика Британија и Германија постигнале Договор за границите на африканските колонии Нигерија и Камерун.
1917  Британската војска го зазела Багдад во Првата светска војна.
1938  Војската на фашистичкиот Трет Рајх влегла во Австрија (т.н. „аншлус“).
1943  Околу 550 Евреи од Штип биле депортирани во концентрациониот логорТреблинка“.
1945  Во Македонија почнале првите слободни избори за селски, градски и околиски народноослободителни одбори. На овие избори кои траеле до 25 март, за првпат гласале и жените, лицата со навршени 18 години и сите припадници на Југословенската армија.
1981  Започнале протестите на Косово со барање тоа да стане република и да излезе од прегратките на Србија.
1996  Република Македонија била примена за 39-ти рамноправен член во Северноатлантскиот совет за соработка.
1996  Со одлука на Советот на европските министри, Република Македонија била примена во Клубот на земјите членки на ФАРЕ.


12 март


1365  Отворен е Виенскиот универзитет — една од најстарите установи од овој вид во светот.
1874  Свечено отворена Кешанли џамијата во Охрид, денес прогласена за културно наследство на Македонија.
1912  Американскиот капетан Алберт Бери го извел првиот скок со падобран од авион.
1935  Персија го доби новото официјално име на земјата — Иран.
2003  Во Белград е извршен атентат врз српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.


13 март


1325  Основан е градот Теночтитлан, престолнина на државата на Ацтеките.
1781  Англискиот астроном од германско потекло Вилијам Хершел неочекувано ја откри седмата голема планета на Сончевиот Систем која го доби името Уран. Ги откри двата од петте познати сателити на Уран и на Сатурн.
1848  Еден ден по масовните демонстрации во Виена, паднала владата на канцеларот Клеменс Метерних, кој побегнал во Велика Британија, а царот Фердинанд I ветил донесување нов устав.
1881  Членовите на тајното терористичко здружение „Народна волја“ го убиле рускиот цар Александар Втори од династијата Романови.
1969  Стапи во сила Меѓународната конвенција за ликвидирање на сите облици на расна дискриминација.
1992  Северозападна Турција ја зафати катастрофален земјотрес при што загинаа 653, а беа повредени околу 700 луѓе.
2005  Локални избори во Република Македонија, први по новата територијална поделба.
2013  Избран папата Франциск, прв јужноамерикански и исусовски папа.
2015  Прокопис Павлопулос станува претседател на Грција.


14 март


1844  Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв уставен претседател на Парагвај.
1891  Подморницата „Монарх“ постави телефонски кабел под Ламанш, што овозможи телефонска врска меѓу Велика Британија и другите држави од Европа.
1944  Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ.
1945  По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Тихиот Океан, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија.
1965  Владата на Израел го прифати барањето на Бон за воспоставување дипломатски односи со Западна Германија.
1995  Астронаутот Норман Тагард стана првиот Американец кој полета во вселената со руска ракета, лансирана од космодромот во Бајконур.
1996  Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори.
2001  Околу 11 часот со престрелки од тетовското кале започна конфликтот во Тетово.
2002  Судиите на Основниот суд Скопје 2 ги потпишаа решенијата за амнестија на политичкиот водач на поранешната ОНА, Али Ахмети и на неговиот вујко, водачот на кичевските бомбаши и организаторот на повеќето бомбашки напади на полициските станици во Македонија, Фазли Велиу.
2013  Си Ѓинпинг станува Претседател на НР Кина.



15 март


1776  Американскиот конгрес донесе одлука за укинување на зависноста од англиската круна. Независноста на САД е прогласена на 4 јули 1776 година.
1993  ПТТ „Македонија“, вклучувајќи се во активноста за меѓународно признавање на Република Македонија, ја промовира редовната поштенска марка со мотив на знамето на Република Македонија.
1997  Во Заир бунтовниците го зазедоа Кисангани, трет по големина град во земјата и последно упориште на владините сили во источниот дел на државата.
2004  Формирана е Лугола, група на корисници на GNU/Линукс од Битола.
2013  Ли Кеќанг стапува на функцијата Премиер на НР Кина.


16 март


1987  Од Железничката станица во Скопје тргна првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје - Гевгелија.
2010  Во петтиот натпервар од Светската лига, ватерполо репрезентацијата на Македонија ја победи репрезентацијата на Грција со резултат 7:6. „Победата ѝ ја подарувам на македонскиот народ и Македонија бидејќи навистина заслужи, a Грците вечерва научија каде дојдоа и каде е Македонија. Ние им одржавме час по ватерполо.“ изјави тренерот на Македонија, Стеван Нонковиќ.
2014  Граѓаните на Крим на референдум се изјаснуваат дека сакаат да станат составен дел од Руската Федерација. Поддршката изнесувала 96,77% при излезност од 83%. Највеќето неизлезени биле Кримски Татари, кои решиле да го бојкотираат гласањето.


17 март


1891  Воспоставена е првата телефонска врска меѓу Лондон и Париз. Првата телефонска линија во Европа беше отворена во 1877 година во Берлин, во Германија. Пет години подоцна Берлин ја доби првата телефонска централа само со 48 претплатници. Тоа беа почетоците на телефонскиот сообраќај кој со голема брзина го освои светот.
1947  Во Скопје е формирана првата хируршка клиника во Македонија.
1958  САД од космодромот „Кејп Каневерал“ во орбитата околу Земјата го лансираа вториот американски сателит „Вангард I“.
1963  При ерупција на вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали загинаа најмалку 11.000 луѓе.
1969  Голда Меир станала првата жена на должноста премиер на Израел.
1992  Република Македонија и Република Словенија воспоставиле дипломатски односи.
1998  Џу Жунгѓи станал премиер на Кина.
2014  Властите на АР Крим објавуваат независност од Украина и доставуваат барање да станат федерална единица на Русија како Република Крим, притоа распишувајќи референдум кој завршува со огромна поддршка за предлогот.


18 март


1871  Започнува Париската Комуна. Француската влада пристапила кон разоружување на париската Национална гарда, но граѓаните одбија да го предадат оружјето и топовите и ги протерале претставниците на владата.
1900  Основан е холандскиот фудбалски клуб „Ајакс“.
1962  Во швајцарското гратче Евијан е потпишана Спогодба за прекин на огнот во Алжир, со што заврши осумгодишната војна за независност на таа земја од француската колонијална власт.
1996  Амбасадата на САД во Скопје започна со издавање визи.
1996  Претседателот на САД, Бил Клинтон го именува Кристофер Хил за амбасадор во Република Македонија.


19 март


1628  Англичаните во Америка ја основале колонијата Масачусетс.
1903  Идеологот на ТМОРО, Гоце Делчев со својата чета го разурна тунелот кај реката Драматица (Ангиста), Серско. Тоа беше последната негова акција против османлиската власт пред неговата смрт.
1943  Основана е Комунистичката партија на Македонија, како македонски оддел на Сојузот на комунистите на Југославија.
2017  Франк-Валтер Штајнмајер станува претседател на Германија.


20 март


1602  Создадена е Холандската источноиндиска компанија
1616  Волтер Роли бил ослободен од Лондонската кула по 13 години затвор
1760  Избувнал голем пожар во Бостон.
1792  Законодавното собрание на Франција официјално го одобрилo предлогот за користење на гилотината како средство за погубување
1815  Наполеон Бонапарт со 140.000 војска влегува во Париз
1848  Германска револуција: баварскиот крал Лудвиг I абдицира од престолот
1861  Голем земјотрес го зафатил градот Мендоса, Аргентина
1933  Германските нацисти во Дахау го отворија првиот концентрационен логор.
1956  Франција ја призна независноста на Тунис.
1991  Каледа Зија е избрана за премиер за Бангладеш.
1991  По одржаните повеќепартиски избори во Република Македонија, во Скопје е формирана првата Влада на Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев.
1992  Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет (MOK). За претседател е избран Васил Тупурковски.
1996  Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство.
1996  Излезе првиот број на весникот „Дневник“.


21 март


1413  Хенри V станува крал на Англија.
1829  Во земјотресот што ја зафати Шпанија загинаа 6.000 луѓе.
1884  Во Франција се легализирани синдикатите.
1918  Прва светска војна - Започнува втората битка на реката Сома.
1960  Во јужноафриканскиот град Шарпвид, расистичката полиција отвори оган врз демонстрантите, припадници на црната раса, кои протестираа против дискриминаторските закони во таа земја. Притоа беа убиени 69 луѓе, а ранети околу 200. Во спомен на овој трагичен настан, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 март за Меѓународен ден на борбата за отстранување на расната дискриминација.
1963  Затворен е најозогласениот затвор Алкатраз во Сан Франциско, Калифорнија.
1977  Индиската премиерка Индира Ганди поднесе оставка на функцијата.
1990  Намибија (поранешна Југозападна Африка) по 75 години стекна независност од Јужноафриканската Република.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.
1998  Основана е Демократската алтернатива.
1999  Бертранд Пикард и Брајан Џонс стануваат првите кои го обиколиле светот во летечки балон.
2000  Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле II допатува во прва официјална посета на Израел.
2006  Градскиот совет на општина Битола донесе одлука за промена на грбот на градот.
2013  Џастин Велби устоличен како Архиепископ Кантербериски - поглавар на Англиканската црква.
2014  Крим влегува во состав на Руската Федерација како Република Крим, по референдумот од 16 март истата година, каде огромно мнозинство од народот искажало поддршка за отцепување од Украина и припојување кон Русија.


22 март


238  Гордијан I и неговиот син Гордијан II се прогласени за римски цареви.
1312  Папа Климент V го укинува Темпларскиот ред, основан во 1118 година во Палестина.
1822  САД го забранува многуженството.
1879  Софија станува престолнина на новосоздаденото Кнежевство Бугарија.
1919  Унгарија станува советска република
1919  Воспоставена е првата меѓународна авионска линија меѓу Париз и Брисел.
1933  Отворен е концентрациониот логор Дахау.
1935  Персија официјално го променува своето име во Иран.
1943  Сите Евреи од Македонија кои беа собрани од страна на Бугарскиот окупатор во Монополот во Скопје беа транспортирани во логорот на смртта Треблинка, во Полска, во кој по извесно време беа ликвидирани од германските фашисти.
1945  Египет, Ирак, Јордан, Либан и Сирија во Каиро ја формираа Арапската лига.
1983  Хаим Херцог е избран за претседател на Израел.
1995  Космонаутот Валери Полаков се вратил од космосот, поставувајќи нов рекорд- 436 денови.
1996  Македонската академија на науките и уметностите е примена за член на Здружението на европските академиии.
2004  Духовниот водач на палестинското Исламско движење на отпорот (Хамас), шеикот Ахмед Јасин загина при израелски воздушен напад во Газа.
2004  Македонскиот премиер Бранко Црвенковски во Даблин ја предаде апликацијата за членство на Република Македонија во Европската Унија.
2009  Одржан првиот круг од Претседателските избори во Република Македонија.


23 март


1309  Папата Климент V ја преместил папската престолнина во Авињон, Франција.
1801  Александар I станал цар на Русија.
1806  Англија ја забранила трговијата со робови.
1821  Грчка војна за независност: Паднал градот Каламата.
1879  Започнала јужноамериканската Тихоокеанска војна.
1918  Литванија се здобила со независност.
1919  Во Милано, Бенито Мусолини го основал Фашистичкото политичко движење.
1933  Рајхстагот на Германија го донел Овластувачкиот закон со кој на канцеларот Адолф Хитлер му доверил диктаторски овластувања.
1950  Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата.
1956  Пакистан станал исламска република
1994  Министерството за односи со странство на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Турција примило нота од Министерството за надворешни работи на Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава.
1996  Во Скопје, САД официјално го промовирале првиот американски амбасадор во Република Македонија, Кристофер Хил.
2003  Словенија на референдум изгласала декларација за приклучување на земјата кон ЕУ.


24 март


1783  Шпанија ја призна независноста на САД.
1882  Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата.
1923  Грција станува република.
1949  Во Скопје е основан Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, од 1953 г. наречен „Танец“.
1972  Велика Британија воспостави директна контрола во Северна Ирска за да ги спречи конфликтите на паравоените групи на римокатолиците и протестантите.
1976  Во Аргентина е извршен воен удар против претседателката Исабел Перон.
1980  Салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро е убиен од страна на десничарски терористи.
1990  Шри Ланка ја напуштија 2.000 индиски војници, последни од контигентот од 50.000, кои две и пол години безуспешно се обидуваа да помогнат во напорите за ставање крај на вооруженото востание на тамилските герилци против централните власти во Коломбо.
1993  Езер Вајцман е избран за седми претседател на Израел.
1997  Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17.05.1997 година - „Спасител '97“.
1997  Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
1999  Започна бомбардирањето на СР Југославија во воената операција „Сојузничка сила“ со која силите на НАТО алијансата ја протераа југословенската војска и полиција од територијата на српската покраина Косово.
1999  39 луѓе загинаа кога белгиски транспортен камион кој превезувал брашно и маргарин се запалил во тунелот Монблански тунел.


25 март


1821  Грците на Пелопонез започнаа востание против Турција, кое заврши по 12 години со признавање на независност на Грција.
1860  На традиционалниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот писател Григор Прличев доби ловоров венец за поемата „Сердарот“.
1957  Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција и Холандија ги потпишаа Римските договори за создавање Заеднички пазар. Организацијата го доби името Европска економска заедница, потоа Европска Заедница, а денес Европска унија.
1997  Австралискиот сенат го укина законот за евтаназија — единствен закон во светот според кој беше дозволено самоубиство на пациентите кои боледуваат од неизлечливи болести со помош на медицинскиот персонал.
2000  Основан е Демократскиот сојуз.
2009  Клаус Чичер е избран за премиер на Лихтенштајн.


26 март


1953  Доктор Џонас Едвард Салк, американски микробиолог го објави откривањето на новата вакцина против детска парализа.
1979  По разговорите во Кемп Дејвид, Израел и Египет склучија мировен договор во Вашингтон. Со тоа е завршена воената состојба меѓу двете земји, што траеше од 1948 година.
2000  Претседателски избори во Русија: Владимир Путин е избран за претседател.


27 март


1713  Врз основа на Договорот од Утрехт, Шпанија ѝ го отстапила Гибралтар на Англија.
1903  Во штипското село Карбинци, четите на војводите Гане и Стојан Бочварот се судриле со турскиот аскер при што борбата завршила со трагичен крај за македонските револуционери.
1941  Избиваат демонстрации против пристапувањето на Југославија кон Силите на оската. Извршен е воен удар на чело со генералот Душан Симовиќ и новата влада го поништува пристапувањето на Југославија кон Силите на оската.
1968  При пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, херој на Советскиот Сојуз и првиот човек кој полетал во вселената.
1977  Во Санта Крус, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на два авиони „џамбо џет“ на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници.
1992  Врз основа на Договорот од Скопје, потпишан од претседателот на РМ Киро Глигоров и генералот на ЈНА Никола Узелац, војската на ЈНА ја напуштила територијата на Република Македонија.
1999  Над територијата на СР Југославија е соборен американски бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган, откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар.


28 март


1939  Франковистичките единици под команда на генерал Монтеросо го зазедоа Мадрид. Со тоа заврши Шпанската граѓанска војна.
1996  Република Македонија и Република Никарагва воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1996  Во Скопје започна со работа Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, прв пазар на капитал во Република Македонија.


29 март


1867  Британската Влада во северниот дел на Америка го формира доминионот Канада со три покраини: Канада, Нова Шкотска и Њу Бранзвик. Со Вестминстерскиот статут од 1913 година Канада и формално стана независна држава на британскиот Комонвелт.
1945  Со истоварувањето на специјални диверзантски трупи на американската морнарица почна борбата за Окинава, крстосница на Исток, бидејќи е еднакво оддалечена од Јапонија, Кина и Формоза. Во крвавите борби американските десантни единици загубија околу 50.000 луѓе, а јапонските околу110.000 луѓе.
1967  Франција ја пушти во море првата атомска подморница.
1973  Последниот контигент американски трупи го напушти Виетнам и со тоа заврши директното воено учество на САД во долгогодишната Виетнамска војна.


30 март


1867  Потпишан е Договор меѓу САД и царска Русија со кој САД ја откупиле Алјаска за 7,2 милиони долари.
1940  Јапонија воспостави маронетска влада во окупираната Кина.
1960  Од вселенската база Кејп Кенеди е лансиран првиот метеоролошки сателитТајрос - 1“.
1967  НАТО официјално го напушти своето седиште во Париз.
1973  Последниот контигент американски војници го напушти јужниот дел на Виетнам.
1979  Кинескиот премиер и реформатор Денг Сјаопинг ги прогласува неговите „Четири основни начела“ за социо-политичката иднина на НР Кина.
1992  Република Македонија и Република Хрватска со размена на ноти склучија спогодба за воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на амбасади.
1994  Во Стразбур, Република Македонија пристапи на 15 конвенции на Советот на Европа.
2022  Откриена WHL0137-LS (Ереандел) — најоддалечената ѕвезда од Земјата (12,9 милијарди светлосни години).


31 март


Поглед на Ајфеловата кула
Поглед на Ајфеловата кула
1492  Кралицата Изабела I Кастиљска го издала Указ од Алхамбра со кој им наредила на своите 150.000 Еврејски поданици да го примат христијанството или ќе бидат прогонети.
1889  Во Париз свечено е отворена за посетителите Ајфеловата кула, челична конструкција висока 320 метри, што ја проектирал Густав Ајфел.
1918  Летното сметање на времето за првпат се применува во САД.
1931  Земјотрес ја разурнал Манагва, главниот град на Никарагва, при што загинале 2.000 луѓе.
1951  Првиот комерцијален сметачУНИВАК-I“ е испорачан во Бирото за попис на САД.
1979  Малта станала независна држава откако и последниот британски војник заминал од малтешките острови. Овој ден на Малта се прославува како Ден на слободата.