27 март (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1713  Врз основа на Утрехтскиот мир, Шпанија му го отстапила Гибралтар на Англија.
1903  Во штипското село Карбинци, четите на војводите Гане и Стојан Бочварот се судриле со турскиот аскер при што борбата завршила со трагичен крај за македонските револуционери.
1968  При пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, херој на Советскиот Сојуз и првиот човек кој полетал во вселената.
1977  Во Санта Круз, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на два авиони „џамбо џет“ на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници.
1992  Врз основа на Договорот од Скопје, потпишан од претседателот Киро Глигоров и генералот на ЈНА Никола Узелац, војската на ЈНА ја напуштила територијата на Република Македонија.
1999  Над територијата на СР Југославија е соборен американски бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган, откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар.