23 март (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1309  Папата Климент V ја преместил папската престолнина во Авињон, Франција.
1801  Александар I станал цар на Русија.
1806  Англија ја забранила трговијата со робови.
1821  Грчка војна за независност: Паднал градот Каламата.
1879  Започнала јужноамериканската Пацифичка војна.
1918  Литванија се здобила со независност.
1919  Во Милано, Бенито Мусолини го основал Фашистичкото политичко движење.
1933  Рајхстагот на Германија го донел Овластувачкиот закон со кој на канцеларот Адолф Хитлер му доверил диктаторски овластувања.
1956  Пакистан станал исламска република
1961  Прогласен е Светскиот ден на метеорологијата и на водите.
1994  Министерството за односи со странство на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Турција примило нота од Министерството за надворешни работи на Република Казахстан со која се известува дека оваа земја ја признала нашата држава.
1996  Во Скопје, САД официјално го промовирале првиот американски амбасадор во Република Македонија, Кристофер Хил.
2003  Словенија на референдум изгласала декларација за приклучување на земјата кон ЕУ.