9 март (настани)
Изглед
1776 | Шкотскиот економист Адам Смит го објавил неговото капитално дело „Богатството на народите“. |
1908 | Бил основан италијанскиот фудбалски клуб Интер од Милано. |
1916 | Прва светска војна: Германија ѝ објавила војна на Португалија. |
1956 | Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република. |
1966 | Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија. |
1987 | Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во Иранско-ирачката војна. |
1995 | Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво. |
1999 | Претседателот на Иран, Мохамед Хатами, допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја. |