17 март (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1891  Воспоставена е првата телефонска врска меѓу Лондон и Париз. Првата телефонска линија во Европа беше отворена во 1877 година во Берлин, во Германија. Пет години подоцна Берлин ја доби првата телефонска централа само со 48 претплатници. Тоа беа почетоците на телефонскиот сообраќај кој со голема брзина го освои светот.
1947  Во Скопје е формирана првата хируршка клиника во Македонија.
1958  САД од космодромот „Кејп Каневерал“ во орбитата околу Земјата го лансираа вториот американски сателит „ Вангард I“.
1963  При ерупција на вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали загинаа најмалку 11.000 луѓе.
1969  Голда Меир, како прва жена во историјата на Израел ја презеде должноста премиер.
1992  Република Македонија и Република Словенија воспоставија дипломатски односи.
1998  Џу Жунгѓи станал премиер на Кина.
2014  Властите на АР Крим објавуваат независност од Украина и доставуваат барање да станат федерална единица на Русија како Република Крим, притоа распишувајќи референдум кој завршува со огромна поддршка за предлогот.