Словенија
Република Словенија Republika Slovenija (словенечки)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Zdravljica Здравица |
||||||
Местоположбата на Словенија (темнозелена) – на Европскиот континент (зелена и темносива) |
||||||
Главен град (и најголем) | Љубљана 46°03′N 14°30′E / 46.050°СГШ 14.500°ИГД | |||||
Службен јазик | словенечки1 | |||||
Народности (2002) | ||||||
Уредување | парламентарна република | |||||
• | Претседател | Борут Пахор | ||||
• | Премиер | Миро Церар | ||||
Независност | од Југославија | |||||
• | Прогласена | 25 јуни 1991 | ||||
• | Призната | 1992 | ||||
пристапила во ЕУ | 1 мај 2004 | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 20.273 км2 (153та) | ||||
• | Вода (%) | 0.6 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2009 г. | 2,053,355 (142ра) | ||||
• | Попис 2002 | 1,964,036 | ||||
• | Густина | 99.6 жит/км2 (106та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупен | $69.358 милијарди[1] (97th) | ||||
• | По жител | $33,579[1] (38th) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупно | $43.503 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $21,061[1] | ||||
Џиниев коеф. (2011) | 23.8[2] низок |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.874[3] многу висок · 25та |
|||||
Валута | евро (€)3 (EUR ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .si4 | |||||
Повик. бр. | 386 | |||||
1 Италијнскиот и унгарскиот се официјални во општините со италијанско и унгарско малцинство. 2 Извор: Statistical Office of the Republic of Slovenia: Population, Slovenia, 30 јуни 2008 3 Пред 2007: Словенечки толар 4 Исто така .eu, заедно со другите членки на ЕУ. |
Словенија (словенечки: Slovenija), официјално: Република Словенија (Republika Slovenija) — планинска земја која се наоѓа под Алпите. Тоа е држава во Централна Европа, која се граничи со Италија на запад, Јадранското Море на југозапад, Хрватска на југ и исток, Унгарија на североиисток и Австрија на север.
Словенија беше дел од поранешна Југославија од 1945. до 1991. кога се избори за независност. Стана членка на Европската Унија на 1 мај 2004. Таа е исто така член на Советот на Европа, НАТО и има набљудувачки статус во франкофонските држави.
Главен град: Љубљана. Број на жители: 2. 053 488 (2009.). Површина: 20 273 км²
На Словенија припаѓа и многу мал дел од јадранското крајбрежје во должина од 47 км. Од приморските градови најпознати се Порторож, Пиран, Изола и други кои секоја година привлекуваат голем број на туристи од западноевропските земји.
Словенија е земја која обилува со голем број на природни убавини кои придонесуваат за развој на туризмот во оваа земја. Позната е по многубројните скијачки терени. Едни од најпознатите се наоѓаат на Мариборското Похорје, каде секоја година се одржува традицинонално Златна Лисица или Голден Фокс. Познати се доста и словенските бањи (топлице) кои се уредени со многубројни базени со ладна и топла вода и се атрактивни не само за медицински цели, туку и за рекреативни, особено помеѓу младите. Една од најубавите природни богатства на Словенија се езерата Блед и Бохињ. Тука се наоѓа и малиот остров со црква на него, кој е еден од заштитните знаци на оваа земја.
Словенците се нација кои важат за работливи луѓе. Тие се горди на својата работа и производите кои произлегуваат како продукт од истата. Посебно се горди на своите вина, во Марибор се наоѓа најстарата винова лоза во Словенија која претставува вистинска туристичка атракција. Доста се познати и крањските колбаси, прекумурската гибаница и традиционалнито словенечко јадење од кисела зелка, грав и свинско месо.
Содржина
Етимологија[уреди | уреди извор]
Името Словенија има значење „земја на Словените“ на словенечки и на другите јужнословенски јазици. Етимологијата на зборот Словен останува непотполно разјаснета.
Реконструираниот аутоним *Slověninъ е изведен од зборот слово („збор“), првично означувајќи „луѓе кои зборуваат (ист јазик),“ т.е. луѓе кои можат да се разберат меѓусебно. Ова е спротивно на словенскиот збор со кој се означуваат германските народи, *němьcь, со значење „тивки, неми луѓе“.
Историја[уреди | уреди извор]
Населување на Словените[уреди | уреди извор]
Словенските претци на денешните Словенци се населиле на територијата на Словенија во VI век. Словенското кнежевство Карантанија било формирано во VI век. Во 745 година Карантанија била приклучена кон Франкската Империја и Карантанците го прифатиле христијанството. Карантанија ја задржала својата независност до 828 година. Со бунтовите на локалното население и со помош на Баварија, Карантанија имала своја потполна независност, но била сосема уништена од Унгарците во IX век.
Среден век[уреди | уреди извор]
Карантанија била повторно основана во 976 година но покасно Ото I ја поделил Карантанија и ја создал Корушка, шестото војводство на Папската држава.
За време на XIV век, повеќето од територијата на Словенија била под раководство на Хабсбуршката монархија и во XV век целата територија на Словенија била под раководство на соседната Монархија.
Во XVI век во Словенија зела замав протестантската реформација. За време на тој период биле публикувани првите книги на словенечки јазик и тоа од Примож Трубар и неговите следбеници. Иако сите следбеници на револуцијата биле протерани од словенечките земји, сепак тие оставиле силни впечатоци на локалното население и ја составиле основата на словенечкиот литературен јазик.
XVIII-XX век[уреди | уреди извор]
Во периодот 1805 и 1813 година Словенија потпаднала под раководство на Австриската Империја. Во овој период се развил словенечкиот национализам и се создала идејата за Обединета Словенија.
XX век[уреди | уреди извор]
Покасно Словенија била дел на Кралството СХС и СФРЈ и на 25 јуни 1991 година Словенија станала независна држава.
Географија и клима[уреди | уреди извор]
Во Словенија се присутни четири географски региони на Европа: Алпите, Динарите, Панонската низина и Медитеранот. Највисок врв во Словенија е Триглав со 2 864 метри и просечната надморска височина е 557 метри. Иако е во близина на Средоземното Море, реките на Словенија се од црноморското сливно подрачје. Брегот на Словенија изнесува околу 47 километри.
Половина од територијата на Словенија е покриена со шуми, третата држава во Европа по шумска површина. Климата на Словенија е медитеранска во крајбрежниот регион, алпска клима во планините и континентална во остатокот на земјата.
Политички систем[уреди | уреди извор]
На чело на Словенија е претседателот кој е избран од мнозинство гласови на секои пет години. Извршната власт е во рацете на премиерот на Словенија и во Советот на министри или наречен кабинет. Министрите ги избира националното собрание на Словенија.
Двојниот парламент на Словенија е карактеристичен по тоа што нема еднаква поделба на власта, бидејќи словенечкиот устав не посочува и не ја поделува власта подеднакво на двата дома. Парламентот се состои од национално собрание и национален совет. Националното собрание на Словенија има 90 членови, од кои 88 се избрани од сите граѓани на избори, додека два се избрани од унгарското и италијанското малцинство. Во Словенија има избори на секои пет години. Националниот совет на Словенија има 40 членови кои се назначени за социјални, економски, професионални и локални групи.
Административна поделба[уреди | уреди извор]
Традиционалните осум региони на кои е поделена Словенија се истите региони на кои била поделена државата за време на Хабсбуршката монархија и други историски држави. Регионите се:
Македонски | Словенечки | |
Горењски регион | Gorenjska | |
Штаерски регион | Štajerska | |
Прекмурје | Prekmurje | |
Корошки регион | Koroška | |
Нотрански регион | Notranjska | |
Доленски регион | Dolenjska | |
Горишка | Goriška | |
Словенечка Истра | Slovenska Istra |
Регионите Горишка и Словенечка Истра се познати и по заедничкото име приморски регион.
Статистички региони[уреди | уреди извор]
Статистичките региони на Словенија служат за административни работи. Словенија е поделена на 12 статистички региони и тие се:
|
|
Економија[уреди | уреди извор]
Словенија има високо развиена економија со втор највисок БНП по глава на жител од новите 15 земји членки на ЕУ со 29 472 долари. Економскиот развој на Словенија се забрзал во последните неколку години кога во 2004 е забележан раст од 4,3% и во 2006 од 5,9%.
Покрај високиот развој на економијата, сепак таа се соочува со некои помали проблеми. Голем дел од словенечката економија е во рацете на државата и Словенија има најмали странски инвестиции во ЕУ по глава на жител. Даноците се големи и производството се преселува во други држави.
Население, јазик и религија[уреди | уреди извор]
Најголема етничка група во Словенија се Словенците со 83%. Покрај Словенците во Словенија живеат и народи од поранешната заедница СФРЈ (Македонци, Срби, Хрвати, Боњаци и Црногорци) кои сочинуваат околу 5,3%, потоа Албанци, Роми, Италијанци, Унгарци кои сочинуваат околу 2,8%. Во 2003 година просечниот животen век во Словенија изнесувал 72,2 години и е рангирана на 4 место според бројот на самоубиства во однос на населението.
Со 99 жители на километар квадратен Словенија важи за земја со мала густина на население. Најслабо населен регион во Словенија е нотрањско-крашкиот статистички регион, додека најнаселен е централниот дел. Околу 51% од населението живее во урбаните центри, остатокот во руралните.
Најголеми градови во Словенија Статистички уред: Најголеми градови по население (1 јануари 2014) | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Ранг | Име | Статистички регион | Нас. | ||||||
1 | Љубљана | Централнословенечки | 277,554 | Љубљана | |||||
2 | Марибор | Подравски | 95,586 | ||||||
3 | Цеље | Савињски | 37,628 | ||||||
4 | Крањ | Горењски | 37,223 | ||||||
5 | Копер | Крајбрежно-крашки | 25,775 | ||||||
6 | Велење | Савињски | 25,329 | ||||||
7 | Ново Место | Југоисточна Словенија | 23,275 | ||||||
8 | Птуј | Подравски | 17,870 | ||||||
9 | Трбовље | Засавски | 14,302 | ||||||
10 | Камник | Централнословенечки | 13,685 |
Јазици[уреди | уреди извор]
Официјален јазик на Словенија е словенечкиот јазик. Во регионите каде живее унгарско и италијанско население, унгарскиот и италијанскиот јазик се официјални јазици покрај словенечкиот.
Религија[уреди | уреди извор]
Според пописот во 2002 година, поголем дел од Словенците се католици, околу 57,8%. Според анкетата од 1992 година, само 20% од возрасните Словенци веруваат во "личен Бог" (уште 39% рекле дека веруваат во Бог како "етеричeн дух) ". Во 1997 година: 24% од словенската популација се изјасниле дека веруваат во постоењето на Бог, без какви било какви сомневања; 29% од возрасните граѓани веруваат во Христовото Воскресение, 37,5% од Словенците веруваат во Рајот и 24% во пеколот.
Денеска, најголема религија во Слоивенија е Римокатоличката. Околу 57% според податоци од 2002 година се приврзаници на оваа религија. Помали верски организации се Православието, Протестантството, Исламот и.т.н.
Култура во Словенија[уреди | уреди извор]
Првите книги во Словенија биле објавени од протестантскиот реформатор Примож Трубар, поточно објавил две книги објавени во 1550 година во Германија. Покрај Трубар, позначајни писатели и поети на Словенија се: Франце Прешерн, Отон Жупанчич, Сречко Косовел, Едвард Коцбек, Дане Зајц, Иван Цанкар, Владимир Бартол, Цирил Космач и други.
Словенија како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 "World Economic Outlook Database, April 2017 – Slovenia". International Monetary Fund. конс. 3 October 2016.
- ↑ "Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)". Eurostat Data Explorer. конс. 13 август 2013.
- ↑ "2014 Human Development Report" (PDF). 14 March 2013. стр. 21–25. конс. 27 јули 2014.
- ↑ Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 12.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Словенија“ на Ризницата ? |
- Влада
- Општи информации
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Словенија“ (англиски)
- Словенија на UCB
- „Факти за Словенија“
- Патување
- Вести
- Друго
Одредници од СЛОВЕНИЈА | |||||||||||
![]() |
![]() |
![]() | |||||||||
![]() |
|
![]() | |||||||||
Јадранско Море | ![]() |
![]() |
|
|
|
|