24 март (настани)
Изглед
1783 | Шпанија ја призна независноста на САД. |
1882 | Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата. |
1923 | Грција станува република. |
1949 | Во Скопје е основан Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, од 1953 г. наречен „Танец“. |
1972 | Велика Британија воспостави директна контрола во Северна Ирска за да ги спречи конфликтите на паравоените групи на римокатолиците и протестантите. |
1976 | Во Аргентина е извршен воен удар против претседателката Исабел Перон. |
1980 | Салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро е убиен од страна на десничарски терористи. |
1990 | Шри Ланка ја напуштија 2.000 индиски војници, последни од контигентот од 50.000, кои две и пол години безуспешно се обидуваа да помогнат во напорите за ставање крај на вооруженото востание на тамилските герилци против централните власти во Коломбо. |
1993 | Езер Вајцман е избран за седми претседател на Израел. |
1997 | Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17.05.1997 година - „Спасител '97“. |
1997 | Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија. |
1999 | Започна бомбардирањето на СР Југославија во воената операција „Сојузничка сила“ со која силите на НАТО алијансата ја протераа југословенската војска и полиција од територијата на српската покраина Косово. |
1999 | 39 луѓе загинаа кога белгиски транспортен камион кој превезувал брашно и маргарин се запалил во тунелот Монблански тунел. |