8 март (настани)
Изглед
| 1658 | Склучен Роскилдскиот мировен договор со кој Шведска добива неколку покраини од Данска и Норвешка. |
| 1910 | На II Mеѓународна конференција на жените социјалистки, организирана на иницијатива на Клара Цеткин во Копенхаген е одлучено датумот 8 март да се слави секоја година како „Меѓународен ден на жената“. |
| 1945 | Во Скопје првпат е прославен Денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржа голем митинг. |
| 1946 | Президиумот на Народното собрание донел закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија во „Народна Република Македонија“. |
| 2026 | Моџтаба Хаменеи станува третиот Врховен водач на Иран по убиството на татко му во израелско-американски напади. |