Фазли Велиу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фазли Велиу
Fazli Veliu
Прекари Даја
Род UCK KLA.png ОВК
Ushtria Clirimtare Kombetare.jpg ОНА
Битки/војни Косовска војна
Воен конфликт во Македонија, 2001
Роднини Вујко на Али Ахмети

Фазли Велиу (албански: Fazli Veliu) е роден на 1 април 1945 година во село Колари, Кичевско. Завршил албански јазик и литература во Приштина.

Емигрирал во Швајцарија во 1968 година[1]. Се поврзал со Кадри Зека и браќата Јусув Гарвала и Бардош Гарвала за подготвување на соединување на четири албански антијугословенски групи од кои ќе се роди (ДАСРЈ) „Движење за Албанска Социјалистичка Република на Југославија“. Во 1985 година тоа движење станало познато како Народно движење за Република Косово.

Фатен во Германија од Интерпол по барање за тероризам од Македонија (еден од организаторите на групата бомбаши), но со помош на министерот за правда Џевдет Насуфи тој не бил екстрадиран. Тој бил еден од креаторите на ОНА, како и политички претставник на истата.

На 24 јули 2001 година бил ставен на македонската црна листа на граѓани[2], а на 27 јули е ставен ѝ на листата на американскиот претседател Џорџ Буш[3].

По крајот на конфликтот во Македонија, тој согласно новиот закон за амнестија, бил ослободен кривично[4]..

Фазли Велиу е познат е по прекарот „Даја". Фазли Велиу е вујко на Али Ахмети.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 82
  2. „македонска црна листа“ (на македонски). http://www.vmacedonia.com/crisis/doc/blackmk.htm. посет. 25 декември 2010 г. 
  3. http://www.vmacedonia.com/crisis/doc/bulletin.txt
  4. „А1 телевизија: Амнестирани Ахмети, Велиу и Шаќири“ (на македонски). http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=6871. посет. 16 февруари 2011 г.